Ознака: недела

Успешно модно преставување на охридската креаторка Моника Коцарева на модната недела во Скопје

Post Views: 5 Охридската модна дизајнерка Мoника Коцарева со свои креации учествуваше на Fаshion week во Скопје. Младата креаторка е задоволна од организацијата и од своето претставување на модната колекција насловена како Boundless. Модната колекција е доведена до безграничност, со цел жената која ќе ги носи да нема ограничувања. Моделите се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција...

Continue reading

kandidati

Од вечерва на полноќ започнува предизборниот молк

Post Views: 6   Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година).  Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели...

Continue reading

logo

Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори

Post Views: 1 Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април. Државната изборна комисија (ДИК) одлучи кампањата да биде прекината на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори.Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне утре со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, а ГРОМ во недела во Куманово...

Continue reading

metod

Недела за љубителите на шпанскиот филм во Охрид

Post Views: 0 Aмбасадата на Шпанија во Република Македонија, заедно со Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид , во Охрид организираат Ревија на шпански филмови. Филмските проекции се во периодот од 20јули (понеделник) до 26 јули (недела). Ревијата содржи седум филмови од поновата продукција на шпанската кинематографија со различни жанрови. Меѓу нив има и неколку филмови кои се добитници на повеќе национални, но и меѓународни награди. Ќе биде тоа можност за средба со филмовите на една од најдобрите европски кинематографии...

Continue reading

Sharplaninski kup

Шарпланинскиот куп може да почне

Post Views: 8 -Се средуваат патеките „Орлова“ и „Езерино“ и има доволно снег, изјави претседателот на Организациски одбор на оваа традиционална спортска манифестација, Димитар Танурков.Покрај учесниците од Македонија, засега учество потврдиле околу 40 натпреварувачи од шест држави – Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Шведска и Словачка, меѓу кои има и скијачи со добар број на ФИС-поени. Претседател на Одборот на трките и оваа година ќе биде прославениот словенечки скијач, Бојан Крижај, кој како и секогаш, ќе придонесе за професионална подготовка на патеките. Следната сабота...

Continue reading

Охридските пожарникари за една недела интервенирале 5 пати

Post Views: 8 За една недела охридските пожарникари изгасиле 5 пожари. Од нив 4 интервенции биле гасење на оџаци, а се гасел и еден запален контејнер. Од кога почна грејната сезона од 15 октомври до денес, пожарникарите интервенирале на гасење на 26 оџаци претежно во градските населби, информира Горан Маркоски заменик командир на охридската територијалната противпожарна единица. Од оваа бројка 19 оџаци гореле на индивидуални куќи, а останите биле во колективни згради. „Споредено со лани во грејната сезона ова е податок кој охарбрува. Се бележи намалување на интервенциите. Веројатно...

Continue reading

satce

Викендов почнува летното сметање на времето

Post Views: 4 Во ноќта меѓу сабота и недела, овој викенд, сказалките на часовниците во два часот наутро на 29-ти март 2015 година, треба да ги поместиме  за еден час напред, односно да ги наместиме на три часот. Со тоа започнува летното сметање на времето, кое ќе трае до 28-ми октомври. За разлика од зимскиот период, кога многу се радуваме затоа што “добиваме еден час повеќе,” транзицијата во летно сметање на времето никој не ја сака, затоа што спиењето наутро е за”еден час пократко”. Летното сметање на времето или летно време е конвенција за поместување на часовниците со чие воведување,...

Continue reading

vreme

Во недела почнува летното сметање на времето

Post Views: 3 Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот. Летното сметање на времето секогаш почнува во последниот викенд во март и трае се до последниот викенд во октомври, кога стрелките се поместуваат за еден час наназад, од 3 на 2 часот. Целта на летното сметање на времето е подобро да се ускладат часовите на дневна светлина и работното време и наставата во училиштата. Наместо раната утринска дневна светлина додека луѓето уште спијат, останува...

Continue reading

trening

Езерско дерби во недела

Post Views: 8 Дуваат нови ветришта во Охридскиот фудбал. Ф.К „Охрид 2004“ од Охрид во недела игра натпревар од 6-то коло на втората фудбалска лига. На домашен терен тие ја пречекуваат екипата на струшкиот „Влазними.“Новиот тренер на клубот, Зоран Ѓоревски – Џајо кој пред неколку месеци е назначен за нов тренер на ФК Охрид 2004, изјави дека крајно време е да се врати фудбалскиот клуб во прва лига. Во врска со неделниот натпревар Ѓоревски кажа дека само со победа ќе се оправадаат пред симпатизерите на овој клуб. Тој изрази голема благодарност до локалната за досегашните услови...

Continue reading

По еден загинат на работно место секоја недела

Post Views: 5 По еден загинат на работно место секоја недела. 42 смртни случаи годишно поради повреда на работното место. Ова е билансот во државава поради немањето соодветна безбедност и заштитата на работниците на работното место. Како најопасни професии кои земаат најголем данок во човечки животи се оние во земјоделството, во транспортните дејности, полицијата, градежништвото, а високо на оваа скала се наоѓа и новинарството. Затоа македонското здружение за заштита при работаГи седна на маса граѓанските асоцијации со цел подигнување на капацитетите во однос на безбедноста и здравјето...

Continue reading

Охридските дуќанџии бараат да работат во недела

Post Views: 1 Дуќанџиите од Охрид бараат да работат во недела. Охрид како главен туристички центар во земјава мора да биде изземен од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е токму за време на викенди, кога во градот има гости. Воведувањето недела неработен ден за нив е бесмислено законско решение, кое ќе предизвика огромни финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се тешко погодени од корона кризата. Охрид има една специфика ние не работиме низ цела година, туку работа имаме во викенди, продолжени викенди и низ туристичката сезона....

Continue reading

Градоначалникот Пецаков со поддршка за охридските дуќанџии да работат и во недела

Post Views: 5 Општина Охрид ќе ги поддржи охридските дуканџии во барањето да работат во недела. Поддршка им дадоа и Регионалната занаетчиска комора, хотелската асоцијација ХОТАМ и угостителскиот Еснаф. Заедно ќе бараат од Собранието, Охрид како и другите туристички центри да се изземат од овој закон. Затворањето на дуќанџиите во недела предизвика тешки последици врз локалната економија и туризмот, затоа што градот е најпосетен од туристи токму во недела. Сите овие здруженија ќе донесат еден заклучок кој општина Охрид ќе го поддржи и сите заедно после тоа ќе се обратиме до институциите....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top