Ознака: направат

plaza gorica

Цвеќе и домати на плажа во Горица

Post Views: 0 Чиста плажа со  цветна градина, тикви и домати, а згора на тоа и без отпушоци има и кај нас. На  почетокот од плажата Горица 3, на брегот под стрмните карпи, постои вакво  пријатно, уредено катче за одмор на езерскиот брег. Плажата исчистена од грмушки и коров, проширена со песок е дел на неколкумина почтитувачи на природата. Ова е пример како некои луѓе се грижат за природата, за разлика од несовесните граѓани кои на паркинг просторот пред плажата не водат сметка каде ги фрлаат  отпадоците и сметот.  Петар и  Бајрам биле дел од иницијаторите пред 10-тина години кога...

Continue reading

декамерон

Mјузиклот „Декамерон “на Охридско лето

Post Views: 6  52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“  завршницата во драмскиот дел ќе ја има  премиeрно со мјузиклот „Декамерон“. 13 врвни македонски актери од  МНТ и од  Театарот за деца и младинци, глумат, пеат и танцуваат  во премиерниот проект под водство на бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Познатиот режисер проговори за состојбите со овој жанр на нашите простори. Традиција за мјузикли нема, парите секогаш не се пречка ама режисерите тешко се одлучуваат да ги постават на репертоар.  Режисерот се осврна на проектот кој го работеше со актерите од двата македонски театри ....

Continue reading

sime ilieski

Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов

Post Views: 2 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се   уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта. Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...

Continue reading

Mihailov

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани ќе го казнат Петрески на локалните

Post Views: 3 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со прес конференција контра нивните лути ривали градоначалникот Петрески и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Тие велат дека денес повторно се воспоставува коалицијата Петрески-Црвенкоски. „Коалицијата Бранко Црвенкоски и Александар Петрески го жртвува Охрид за да ги задоволи интересите само на сопствената тајфа.“-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Со оваа коалиција од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Охрид го доби најголемото понижување. Обвинија дека ова е коалиција која 8 години го истоштува Охрид и финансиски и духовно. „Во...

Continue reading

sahti

Посебна миризба ги заплиснува грѓаните на Охрид

Post Views: 12 Граѓаните се жалат на неподнослива реа која доаѓа од шахтите. Оваа појава посебно е застапена во централното градско подрачје. На овие афрички горештини распаѓањето на фекалиите е побрзо па затоа и миризбата е поинтензивна, објаснуваат од ЈП Нискоградба. Од таму знаат за овој проблем, но немаат што многу да направат. Илче Каневчев, раководителот на административниот сектор во Нискоградба вели дека за да не доаѓа до овој проблем треба да се смени целосно цевководот и да се заменат шахтите, а тоа може да се направи само со  целосно нов проект. Најголем проблем преставуваат...

Continue reading

plocnik

Времето не лекува се

Post Views: 7 Охриѓани сеуште носталгични по калдрмата во чаршијата. Тие живо се сеќаваат на шеталиштето поплочено со камен уште од турско време. Чаршијата беше поплочена со оригинална калдрма од турскиот период  се до 50-тите години од минатиот век кога е заменета со автентични камени плочи. За жал, во 2006 година каменот беше заменет со мермерни плочки од низок квалитет, а од црвенкастите камени блокови не е оставена ниту мала апликација за да потсетува на старата убавина. Старата охридска калдрма, која важеше за една од најпознатите и најубавите во Македонија, остана уште само...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top