Ознака: можат

езеро

Водата во езерото погодна за капење

Post Views: 2 Охриѓани и гостите доколку имаат желба слободно можат да се капат во езерските води. Од Центарот за јавно здравје велат дека водата е со одличен квалитет. Мострите кои биле земени од 40 точки на брегот на езерото покажале дека најголемиот дел од водата е од прва категорија, а помал од втора. Ова е очекувано во овој дел од годината. Водата е со најдобар квалитет на потегот од Св. Наум до Парк. Мала деградација има на Сараиште и на пристаниште, но тоа е поради поголемиот воден сообраќај, вели бромологот Сашо Точков. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска,...

Continue reading

Зграда со ротирачки станови и соби

Post Views: 0 Зграда во Иран е изнимно необична дотолку што нејзините станари можат сами да го менуваат изгледот. Освен менувањето на изгледот на зградата Sharifi-ha во Техеран, нејзините жители можат да ги менуваат и функциите на просториите во неа, пишува Brava Casa. Зградата е направена на тесна парцела, со доволно простор во длабочина, и има единствена можност од дводимензионална фасада да се претвори во три димензии, со што зградата може да биде отворена или затворена. Во Иран куќите често имаат летни и зимски дневни соби. Тоа во куќата Sharifi-ha не е потребно бидејќи тоа се...

Continue reading

AI

Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината

Post Views: 1 Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината. Развојот на компјутерските технологии досега понудил огромни можности за развојот на општествата, но она што ќе го понуди за иднината е толку големо што тешко е дури и да се замисли. Професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот во Пернамбуко-Бразил, кој работи на применета вештачката интелегенција смета дека таа како концепт и како наука може да најде примена во многу аспекти од животот.   „Можете да создадете компјутери кои личат помалку на роботи, па да можат да учат од вашето однесување, да...

Continue reading

zardenjeri

И оваа година “Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 4 300 жардинери со саксиско цвеќе денес беа поделени на 100 тина охридски семејства. Ова цвеќе од расадникот на претпријатието  „Охридски Комуналец“ќе се пресели во нивните дворови. Денешните подарени садници се само дополнителен мотив, охридските дворови да го добијат вистинскиот лик и да претставуваат одмор не само за нивните очи туку и другите да се восхитуваат, велат граѓаните. „Супер се искрено кажано и за охрид и за нашите  домови. Повеќе ќе се заинтересираат луѓето за своите домови преку ваквите акции. Добро е совршено така треба да продолжат народот треба да одгледува...

Continue reading

odmor

Бесплатно лекување ако одите на одмор

Post Views: 2 Македонците ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија. ФЗОМ склучи договор со 15 земји, па доколку во овие земји итно ви треба лекарска услуга може да се лекувате на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. За да се добие оваа здравствена услуга, македонскиот граѓанин треба пред да замине во странство да аплицира до Фондот за двојазичен образец за една од земјите, кој е бесплатен...

Continue reading

Прво ја ограничија снагата на правосмукалките а сега е на ред ова

Post Views: 0 Од 1 септември, граѓаните на Европската Унија нема да можат да купат силни правосмукалки, а ограничувањата наскоро ќе продолжатда се шират и на други електрични апарати. Европската унија до 2030 година сака да ја намали потрошувачката на електрична енергија за 30%. Поради тоа малку помалку воведуваат ограничувања на јачината на електричните апарати. Напредокот на технологијата се зема здраво за готово и секогаш се смета дека во иднина сѐ ќе биде полесно. Но напредокот не оди под рака со одржливиот развој па често се луѓето принудени сами себеси да си воведуваат ограничувања. Од...

Continue reading

akcija

Ќе се собира отпадно масло и стара хартија

Post Views: 4 Ќе се реализира и акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните, пластичните канти со собрано отпадно масло, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 3ти јуни (среда), од 12 до 15 часот да ја донесат на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ и да ја заменат со празна. Се известуваат домаќинствата кои поседуваат кантички дека повеќе нема да има вакви организирани  акции за собирање на отпадно масло, туку граѓаните ќе бидат директно контактирани од страна на овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање...

Continue reading

ucenici

„Отворени денови“ на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Post Views: 4 ОУТУ „Ванчо Питошески“, во текот на оваа недела организира „Отворени денови“ за сите заинтересирани основци. Целта е, на идните средношколци да им се овозможи полесно да се одлучат во својот избор за натамошното образование. Отворените денови се можност сите заинтересирани да ги разгледаат просториите, училниците и наставните кабинети. Заинтересираните посетители ќе бидат пречекани од професори и ученици, при што ќе имаат презентација на условите за школување и начините на настава. Исто така, ќе можат да присуствуваат на часови и да се запознаат со тоа како се изведува...

Continue reading

apteka

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух

Post Views: 1   Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица. –Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да прашаат...

Continue reading

gucci summer

Дали вашата врска ќе го преживее летото?!

Post Views: 6 Летото е сезона на годишни одмори, но и “сезона” во која се случуваат најмногу флертувања и изневерувања. Убавото време и високите температури можат да бидат голем предизвик за многу врски, па некои парови есента не ја дочекуваат заедно. По три години испитувања во кое учествувале 4.500 испитанци, научниците од медицинскиот факултет во Лондон заклучуваат дека луѓето во лето често се опуштаат на изневерувања. За време на летните месеци, нешто повеќе од 20% од испитаниците биле изневерени од своите партнери, а друи 68% од нив признале дека на лето интензивно...

Continue reading

dupka

Ударните дупки, грда слика во Охрид

Post Views: 1 Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка. Овие големи дупки некои ги заобиколуваат, некои го запираат возилото се чудат и размислуваат што да прават, а има и такви кои ризикувајќи да се оштетат амортизерите и тркалата поминуваат низ острите и длабоки ударни дупки. Сето тоа го отежнува сообраќајот и ја намалува неговата безбедност во тој фрекфентен дел од улицата. Луѓето ги повикуваат комуналните и сообраќајните инспектори да излезат на теренот за да ги согледаат последиците од...

Continue reading

Зошто астронаутите спијат лошо во вселената

Post Views: 1 На бројните опасности на работното место во вселената, сега како нов проблем се придодаде и недостатокот на сон. Астронаутите не спијат доволно пред мисијата во вселената, објавиле научниците во студијата објавена во часописот Lancet Neurology. Истражувачкиот тим утврдил дека астронаутите спијат помалку од шест часа, ноќ пред лансирањето, а на меѓународната вселенска станица (ISS) во просек сонот им трае шест часа и пет минути. Американската вселенска агенција NASA на своите астронаути им препорачува спиење од осум часа во вселената. Оваа разлика покажува дека астронаутите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top