„Отворени денови“ на ОУТУ „Ванчо Питошески“

ОУТУ „Ванчо Питошески“, во текот на оваа недела организира „Отворени денови“ за сите заинтересирани основци.

 |  Голабовски Крсте  | 
ucenici
ученици

ОУТУ „Ванчо Питошески“, во текот на оваа недела организира „Отворени денови“ за сите заинтересирани основци.

здрава хранаЦелта е, на идните средношколци да им се овозможи полесно да се одлучат во својот избор за натамошното образование. Отворените денови се можност сите заинтересирани да ги разгледаат просториите, училниците и наставните кабинети. Заинтересираните посетители ќе бидат пречекани од професори и ученици, при што ќе имаат презентација на условите за школување и начините на настава. Исто така, ќе можат да присуствуваат на часови и да се запознаат со тоа како се изведува наставата.

Изминатите денови во посета беа учениците од ОУ „Христо Узунов“, а во текот на наредните денови училиштето ќе го посетат учениците од ОУ „Григор Прличев“ и останатите основни училишта од градот и околните места. Родителите кои имаат потреба да разговараат со предметните професори исто така можат да присуствуваат на „Отворените денови“. Покрај посетата од училиштата од Охрид, голема заинтересираност и посетеност има и од ученици од основните училишта од другите градови. Во дводневна посета се учениците од Кичево, додека во тридневна посета се учениците од Дебар. Идните средношколци и нивните родители ќе имаат можност од поставените штандови како и декорирани маси со вкусна храна изработена од вештите раце на учениците, подетално да се запознаат со можностите што ги нуди училиштето за натамошно продолжување на образованието и стекнување со меѓународна призната диплома.

Во учебната година 2013/2014 планирано е да се формираат 10 паралелки со 340 слободни места и тоа во образовните профили : келнер една паралелка, слаткар една паралелка, готвач една паралелка, угостителски техничар две паралелки, угостителски техничар за рурален туризам една паралелка, хотелско – туристички техничар две паралелки и спортски паралелки : една за фудбал и една паралелка за ракомет ( во четиригодишното образование).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top