Ударните дупки, грда слика во Охрид

Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка.

 |  Николоска Биљана  | 
dupka
дупка

Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка.

dupkaОвие големи дупки некои ги заобиколуваат, некои го запираат возилото се чудат и размислуваат што да прават, а има и такви кои ризикувајќи да се оштетат амортизерите и тркалата поминуваат низ острите и длабоки ударни дупки. Сето тоа го отежнува сообраќајот и ја намалува неговата безбедност во тој фрекфентен дел од улицата.

Луѓето ги повикуваат комуналните и сообраќајните инспектори да излезат на теренот за да ги согледаат последиците од овој мошне горлив не само комунален туку и сообраќаен проблем. Од Секторот за комунален развој сообракај и патишта велат дека отпочнале подготовки за санирање на ударни дупки низ градов. Од наредната недела граѓаните можат да очекуваат надминување на проблемот. Според  Томе Змекојвски од овој сектор, динамиката за крпење веќе била утврдена и ќе почнеле од централното градско подрачје. Асафалтирањето ќе го изведува кичевска фирма, додава Змејкоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top