Post Views: 6
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, овојпат дека воопшто не ги мотивирале младите за да се почувствуваат како дел од општеството.
На прес конференцијата, Алескандар Здравевски, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, посочи дека погубните политики на СДСМ и Георгиески довеле до масовно иселување на младите од Охрид.
„Изградивте ли Младински културен центар? Не, не изградивте! Дали ги вклучивте сите млади во донесување на одлуките на локално ниво? НЕ, не ги вклучивте! Профункционира...
Post Views: 0
Голем број на учесници меѓу кои граѓани и ученици, денес зедоа активно учество во велосипедското дефиле што се одржа низ градските улици. Младите луѓе се почесто избираат да возат велосипед низ градот, а со тоа покажуваат дека се пријателски расположени кон животната средина, а мислат и на своето здравје.
Организатор на дефилето е општина Охрид, вклучувајќи се и оваа година во одбележување на Ден без автомобили во рамките на Европската недела на мобилност. Во велосипедското дефиле учество зеде и Ристо Николески, заменикот градоначалник на Охрид. Открива дека вози велосипед...
Post Views: 41
19 млади дипломирани инженери од техничките факултети го добија ласкавото признание „Инженерски прстен 2015та“. По дванаесетти пат, традиционално на Плаошник, ова високо признание на најдобрите студенти им беше доделено од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Претседателот во своето обраќање до студентите рече дека од нив очекува да се фрлат во динамичните води на технолошкиот напредок и да не се плашат од предизвиците.
„Немојте да се задоволувате со безбедноста на базенот или пријатноста на езерото, наместо тоа храбро запловете во океанот на инженерството,...
Post Views: 2
Утре во 19 часот, во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци”иницијативата за основање на локален младински совет во Струга организира настан „Младинско будење“ преку кој младите од општина Струга на креативен начин и различни активности ќе можат да го искажат своето мислење за младиските проблеми на кои тие наидуваат.
Оваа акција е дел од проектот“Развој на локално младинско учество и локални младински политики ” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.
На настанот ќе има табла на којашто младите ќе можат...
Post Views: 3
Процесот на креирање на Младинска стратегија на општина Охрид се одвива согласно предвидената динамика и планираните активности. По успешната работилница која се одржа во општината на која учествуваа: млади луѓе, релевантни институции, организации како и претставници на бизнис секторот дефинирани се клучните аспекти кои оваа стратегија треба да ги опфати. Стратегијата ќе ги дефинира стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во општина Охрид како и долгорочните цели презентирани низ тематски области.
За таа цел, уште еднаш ги покануваме...
Post Views: 2
Се подготвува шестото издание на фестивалот „Вдиши театар“. Свеченото отворање е закажано за 12ти јуни. Фестивалот ќе го отворат младинците од театарската група при Црвен крст Охрид со перформанс и претставата „Домино“ во предворјето на црквата Св Софија.
„Претставта Домино е многу интересна претстава со тематика од секојдневието, и за младите и за возрасните, за сите љубители на театарската игра. Има и еден перфорнманс кој ќе ги поврзе сите оние содржини, сите претстави кои Црвен Крст ги одигра на досегашните пет изданија на Фестивалот Вдиши Театар, така што публиката...
Post Views: 0
Со нов државен рекорд, соборен по речиси цели 10 години, младиот охридски стрелач Бојан Спасеновски успешно ја завршува натпреварувачката сезона во национална програма.
На Државното првенство во стрелаштво што викендов се одржа на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин во Скопје, Бојан Спасеновски со извонредни 187 кругови, односно за цели 4 кругови го надмина стариот рекорд на Македонија кој исто така го држеше Охриѓанец, стрелецот Бобан Апостолоски. Овој резултат со сигурност ќе остане долго запишан во историјата на македонското стрелаштво, а прашање е дали...
Post Views: 0
„Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески во текот на изминатиот период посветено работеше за подобрување на условите за младите охриѓани“, кажа на денешната прес конференција Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој потсети дека годинава беа доделени рекордни 412 ученички и студентски стипендии и додаде дека континуирано се работи на аплицирање и имплементирање на проекти од меѓународни програми за поддршка на младите.
Веќе е започната процедура за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка...
Post Views: 0
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.
Учениците и училиштата може да аплицираат на конкурсот со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Најди го значењето зад пораката“.
Медиумскиот производ треба на оригинален начин да го открие значењето на медиумската порака објавена на телевизија, радио, печатен или онлајн медиум како вест или промотивна кампања. Средношколците треба...
Post Views: 5
Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата „За убав град“ за младите има повеќе проекти, рече Митре Милошевски на денешната прес конфернција. Најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци.
„ Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен...
Post Views: 5
Во рамките на проектот ՛՛Поттик за младински иницијативи՛՛ биле реализирани низа активности со млади луѓе од Охрид и Струга, од НВО организации и политичари од локално и нациоанално ниво , информира Весна Цветаноска од Здружение за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛ од Охрид.. Со проектот биле опфатени над 135 директни и индиректни учесници, а резулатите од сондираните размислувања на младите се поразителни, вели Цветаноска. Скоро сите млади сакаат да се одселат од земјата. Сметаат дека во Охрид и Струга нема развиен културен живот, нема каде да ги изразат своите...
Post Views: 6
Младите охриѓани имаат капацитет да бидат носители на многу позитивни промени во нашиот град. Нашата цел е да ги мотивираме да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина, кажа денеска прес конференција Емилија Нестороска , член на младината на СДСМ. Нестороска најави градењето на партнерство помеѓу општината и младите како дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.
„Имаме конкретни планови со кои ќе ја подобриме положбата на младите во Охрид. Ќе отвориме...