Михајловски : Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид

„Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид и да го градат своето семејство и својата професионална кариера тука.“ – порача Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој на денешната прес конференција се осврна на проекти за подобрување на условите за вработување и социјалниот живот на младите.

 |   | 

„Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески во текот на изминатиот период посветено работеше за подобрување на условите за младите охриѓани“, кажа на денешната прес конференција Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој потсети дека годинава беа доделени рекордни 412 ученички и студентски стипендии и додаде дека континуирано се работи на аплицирање и имплементирање на проекти од меѓународни програми за поддршка на младите.

Веќе е започната процедура за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање Младински Центар во просториите на поранешната касарна. Планиран е Јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи и управува со овој центар. Функцијата на Младинскиот центар е да подготвува и спроведува програми за развојот на личниот, социјалниот и професионален живот на младите – кажа Михајловски.

„Воведуваме редовно усвојување на Младинската програма, работиме на креирање на Стратегија за млади и Младински буџет за потребите на младите во делот на подобрување на вештините за вработување, курсеви за јазици, платена пракса во општински институции“, кажа Михајловски.

Создаваме услови и поддршка за креирање на стартап бизниси, за што веќе е изработен проект и одобрени се средства за негова имплементација. Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид и да го градат своето семејство и својата професионална кариера тука – порача Михајловски.

Михајловски ги повика охриѓани да го заокружат бројот 12, за поддршка на Константин Георгиески за градоначалник и за советничката листа на коалицијата “Најдоброто за мојата општина”.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top