Tag: македонските

Евакуирани повеќето од македонските државјани во Авганистан

Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Со воени авиони педестина граѓани на Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава. Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

Continue reading

МНР : Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан

Поради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Македонија да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време. Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732 – се наведува во...

Continue reading

Утрински тренинг на македонските фудбалери во Букурешт

Македонската репрезентација напорно се подготвува за првиот натпревар на Европското против Австрија кој ќе се одигра в недела. Од пред неколку дена нашите репрезентативци се во Букурешт и веќе одржаа неколку тренинг сесии. Денешниот собир на „Националната арена“ беше уште една можност за Игор Ангеловски да ги подготви своите избраници за она што следува. Кога не се на терен, македонските фудбалери прават видео-анализи на противниците во групната фаза. Засега завршните подготовки се одржуваат без никаков проблем, што се надеваме дека ќе биде случајот и во текот на утрешниот ден.      

Continue reading

Македонските репрезентативци тргнаа во европски поход

Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Букурешт на Европското првенство. Македонската фудбалска репрезентација утрово со чартер лет отпатува за Букурешт-Романија, на неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Фудбалерите избрани од селекторот Ангеловски последните пет дена од подготовките ќе ги поминат во Букурешт каде што ќе ги одиграат и првите два натпревари од континенталниот шампионат. „Црвено жолтите“ на европското првенството се наоѓаат во Ц-групата. На 13 јуни е првиот меч против Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групата ќе...

Continue reading

Роденденско изненадување за Мрме од македонските фудбалери

Популарниот Мрме го дочека својот роденден во фудбалска атмосфера, односно во хотел со играчите во еден неверојатен амбиент. Што би посакал повеќе еден тренер од тоа да го дочека роденденот во услови кога го подготвува тимот за првиот настап на Европските првенства. Ангеловски беше изненаден од фудбалерите кои со поддршка на старата гарда „Комити“ му подарија часовник од луксузниот швајцарски производител „Tissot“. Македонските репрезентативци покажаа класа и му приредија мало роденденско изненадување на селекторот Игор Ангеловски, кој по повод својот 45-ти роденден доби и навистина специјален...

Continue reading

Поштенска марка во чест на македонските фудбалери

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Република Македонија. На промоцијата, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас. – Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6.000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите – изјави Макрадули. Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци,...

Continue reading

Македонските фудбалски херои добија уште една химна

ДНК го објавија официјалното видео за нивната нова песна насловена „Македонија на Европско“ која ја посветуваат на македонските фудбалски хеори. После официјалната химна на ФФМ, македонските фудбалски херои добија уште една песна. Станува збор за новата песна на познатато дуо ДНК, која носи наслов „Македонија на Европско“. Симпатичната мелодија и текст ги збогатува спотот во кој се појавуваат познати личности како на пример Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Ферус Мустафов, Наум Петрески, Кристијан Станковски-Бомбакис, Тони Михајловски, коментаторот Тони Стојановски и многу други. Се...

Continue reading

МЛД: Македонските инфектолози се годинешните добитници на Специјална награда

Тие една година  неуморно се грижат за спасување на секој позитивен ковид пациент и се во првата борбена линија против пандемијата со  ковид 19.  Република Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на здравјето – 7 април. Лекарите инфектолози од земјава се добитници на годинешната Специјална награда од Македонското лекарско друштво која ја доделува по повод 7 април Светскиот ден на здравјето. Секој поединец од Македонското здружение на инфектолози е столбот во борбата портив ковид 19 и е добитник на наградата, стои во соопштението на Македонското лекарско друштво. Во тие редови се и охридските...

Continue reading

Македонските туристички водичи испорачаа барања до Владата

Бараат одговор зошто не се опфатени во 5-от сет екомомски мерки за помош. Апелираат институционално решавање на нивниот статус, протоколи за работа и приоритет на листата за вакцинирање. Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија неколку барања до владата за да се подобри нивниот статус. Од почетокот на пандемијата се наоѓаат во тешка економска состојба, а во 5 сет екомски мерки се изоставени од помош на државата. Вклучени беа во 4 пакет економски мерки за помош, а сега прашуваат според кои критериуми туристичките водичи не се опфатени во новиот сет економски мерки....

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top