Ознака: Македонија

evroparlament

Во Европарлaментот, денес се гласа за напредокот на Македонија

Post Views: 0 Европскиот парламент денеска треба да гласа за Предлог резолуцијата за напредокот на Македонија. Авторот на Резолуцијата, холандскиот европратеник Ерик Мејер во средата побара поддршка од европратениците на Македонија да и биде одреден датум за почеток на преговори со Европската унија (ЕУ). Мејер зборувајќи на пленарната седница на која се разгледуваше неговиот извештај, посочи на ризикот драстично да опадне довербата на македонските граѓани во ЕУ, доколку Брисел не ја поддржи политиката на присоединување на Македонија. „Работите во Македонија не се полоши од работите...

Continue reading

Gernot Erler

Фер избори во Македонија, императив

Post Views: 2 Претстојните избори ќе бидат главна тема на посетата на Македонија која државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи (МНР) Гернот Ерлер ја почнува денеска. „Германија ја поддржува европската перспектива на Македонија како потенцијален член на ЕУ, и од германска гледна точка мирни, слободни и демократски избори и продолжување на реформите се од клучно значење за овој процес и за напредокот на патот кон евроинтеграцијата, соопшти германското МНР, по повод дводневната посета на Ерлер.. Вториот човек во германското МНР во Скопје ќе биде примен од претседателот...

Continue reading

Evroparlament

Евро парламентот расправа за Македонија

Post Views: 0 Евро парламентот денеска ќе расправа за предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, во која се очекува да биде препорачан датум за почеток на преговори со ЕУ. За предлог резолуцијата, подготвена од известувачот за Македонија, холандскиот пратеник Ерик Мејер, ќе се расправа попладнево на пленарна седница во Европскиот парламент (ЕП), пренесува Макфакс.Гласањето е в четврток. Известувачот Мејер минатата недела во Скопје изјави дека е оптимист и очекува ЕП да поддржи отворање преговори со Македонија за членство во Унијата и без решавање на прашањето за разликите околу...

Continue reading

Mirek Topolanek

Мирек Тополанек во Македонија

Post Views: 2 Актуелниот претседавач со Европската унија (ЕУ), чешкиот премиер Мирек Тополанек денеска треба да престојува во официјална посета на Македонија. Според агендата, Тополанек ќе биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски и ќе има средба со премиерот Никола Груевски. Главни теми на разговорите во Скопје ќе бидат „проширувањето на ЕУ, реформските процеси на земјата во рамки на приближувањето кон Унијата и визната либерализација“, соопшти кабинетот на Тополанек. Неговата посета е на десетина дена од претседателските и локалните избори, кои Унијата ги оцени...

Continue reading

baner

Македонската ИКТ технологија 65-та во светот

Post Views: 3 Македонија, според развиеноста на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) се наоѓа на 65-то место во светот. На листата на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) за развојот на ИКТ во периодот 2002-2007 година Македонија паднала за 12 места. Листата покажува дека индексот на развој на ИКТ се зголемил од 2,65 на 3,42, што значи дека другите земји многу побрзо ги развивале информатичко – комуникациските технологии од Македонија. Според извештајот Македонија во 2002 година имала 27,2 фиксни телефонски приклучоци на 100 жители, а во 2007 година тој број...

Continue reading

Ervan Fuere

Состанок на заедничкиот консултативен комитет на ЕУ и Македонија

Post Views: 2 Заедничкиот консултативен комитет на Европската унија(ЕУ) и на Република Македонија одржасостанок денеска во Охрид. Состанокот е во организација на Комитетот на региони на ЕУ и на македонското Министерството за локална самоуправа. Главни теми, се „Релацијата ЕУ-Република Македонија – влијанието на локалните власти“ и „Користење и имплементација на ЕУ фондови и проекти на локално и на регионално ниво“. На состанокот  учествуваат министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, а свое обраќање имаа и копретседавачите на Комитетот, Димитар Бузлевски-градоначалник на Ресен...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Во Охрид средба на министрите за одбрана на Македонија и на Албанија

Post Views: 1 Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка. На средбата, како што е најавено, министрите Коњановски и Окета ќе разменат мислења за актуелните случувања во регионот, но и ќе продискутираат на теми од взаемен интерес. Се очекува на средбата да учествува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменик – началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар...

Continue reading

znaminja

Конференција „Македонија кон ЕУ и НАТО”

Post Views: 1 Конференција „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО”, започнува денеска во Охрид, со учество на владини претставници и видни личности од општествено политичкиот живот на Балканот. Оваа 11-та меѓународна конференција на Балканскиот политички клуб, претпладнево ќе ја отвори македонскиот премиер Никола Груевски. Меѓу учесниците се и поранешните претседатели на Македонија, Турција и Романија, Киро Глигоров, Сулејман Демирел и Емил Константинеску. Цел на тридневната конференција е поддршка и афирмација на надворешната политика на Македонија кон остварување на стратешката цел,...

Continue reading

Официјално од денес сме Република Северна Македонија

Post Views: 1 Преспанскиот договор од вчера и официјално е на сила и почнува остварувањето на неговите одредби, со што и Македонија го смени своето име во Северна Македонија. Владата исто така го промени нејзиното име во Влада на Република Северна Македонија. Како што објасни Владата, вчера во „Службен весник“ е објавен Преспанскиот договор, а на сила се и уставните амандмани, од 33. до 36. како и Уставниот закон за нивното спроведувaње. Уставните амандмани беa изгласани пред повеќе од еден месец, на 11 јануари. Една од првите работи што ќе се направат е поставување табла со името...

Continue reading

Danilo Tirk

Данило Тирк во посета на Македонија

Post Views: 6 Претседателот на Република Словенија Данило Тирк, придружуван од првата дама Барбара Миклиќ – Тирк и од бизнис делегација, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава на покана на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски. По пречекот со највисоки државни и воени почести пред платото на Собранието, претседателите Црвенковски и Тирк ќе имаат тет-а-тет средба. Како што соопшти Кабинетот на Црвенковски, на средбата ќе се разговара за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес....

Continue reading

Јана Бурческа вечер на „Евросонг“ ќе ги брани боите на Македонија

Post Views: 2 „Dance Alone“ е насловот на Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина. Изборот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржува од 9 до 13 мај, при што двете полуфиналиња ќе бидат на 9, односно 11 мај, а финаланта вечер е на 13 мај. Песната „Dance Alone“ е оригинално авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Разговори Македонија – НАТО

Post Views: 4 Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел каде што ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и со амбасадори на повеќе земји членки на Алијансата. Во текот на денешниот ден министерот Коњановски ќе има средба со помошникот на генералниот секретар на НАТО за операции, Лоренс Росин, како и со амбасадорите на Романија, Сорин Думитру Дураку, на Шведска и на Норвешка, Вероника Ванд – Даниелсон и Ким Траавик и со канадскиот амбасадор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top