Мирек Тополанек во Македонија

Актуелниот претседавач со Европската унија (ЕУ), чешкиот премиер Мирек Тополанек денеска треба да престојува во официјална посета на Македонија.

Mirek Topolanek
Мирек Тополанек

Актуелниот претседавач со Европската унија (ЕУ), чешкиот премиер Мирек Тополанек денеска треба да престојува во официјална посета на Македонија.

Според агендата, Тополанек ќе биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски и ќе има средба со премиерот Никола Груевски.

Главни теми на разговорите во Скопје ќе бидат „проширувањето на ЕУ, реформските процеси на земјата во рамки на приближувањето кон Унијата и визната либерализација“, соопшти кабинетот на Тополанек.

Неговата посета е на десетина дена од претседателските и локалните избори, кои Унијата ги оцени како исклучително важни за европската интеграција на Македонија.

Jansa Topolanek „Клучни ќе бидат претседателските избори во март и дијалогот со опозицијата. Чешка го поддржува членството на Македонија во евроатлантските структури, иако старите држави членки веќе одамна не се толку загреани за понатамошно проширување“, изјави неодамна актуелниот претседавач со ЕУ, чешкиот премиер Мирек Тополанек.

Се очекува Тополанек да потсети дека фер и слободни избори се клучниот, но не и единствениот услов за Европската комисија кон крајот на годината да препорача почеток на преговори за членство.

Според Тополанек, Македонија нема исполнето и некои од осумте критериуми како на пример справување со демократски дефицит, имплементација на судската реформа, борба со корупцијата.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top