Ознака: Македонија

Duhovden

Духовден- ден за симболична средба со починатите

Post Views: 3 Духовден или дуовден е државен празник во Македонија. Овој христијански празник е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. Духовден оваа година се слави во понеделник, на 4 Јуни. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во Македонија и во остантите земји со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на  Св. Троица. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите...

Continue reading

svetski den protiv pusenjeto

„Остави цигаре, земи јаболко“, порачаа младите

Post Views: 0 Формалдехид состојка која се користи за зачувување на лешевите од распаѓање, Ацетон, Амоњак, средства за разредување на боја, се само мал дел од супстанциите од кои е составено секое цигаре. Возрасните иако знаат колку се штени цигарите, сепак некои од нив не се откажуваат од нив, но за среќа има и такви кои откако ги почувствувале негативните последици се откажале од овој порок. Мате Гогоски претседателот од НВО „Енхалон“ е еден од оние кои цигарите ги гледа како најлошиот порок кој може да го има човекот во себе. „Пушев од мали нозе, сега не пушам. Почувствував големи...

Continue reading

tribina

Четри во едно – „За демократска Македонија“.

Post Views: 1 „За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото...

Continue reading

poseta

Интензивни активности на Македoнско-турското здружение од Охрид

Post Views: 20 Надежите за соработка помеѓу Македонија и Република Турција одат во позитивна насока. Неодамнешните посети на Макеоднско-турското здружение од Охрид, веќе дадоа резултати, вели Кујтим Хусеини од здржението. Тој додава дека интересот од другата страна било да е од сферата на бизнисот, образованието или културата е навистина за поздрав. „Можам да кажам да кажам дека задоволен сум од тоа што досега го имаме направено, нормално дека тие работи не одат набрзина, треба да се почека, треба серизоно. Интересот за Македонија е многу голем, но за Охрид да не испадне како фалење,...

Continue reading

Balwois konferencija

Недостигот на вода-светски проблем

Post Views: 0 Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми. Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција...

Continue reading

megjunarodna konferencija bezbednost

Безбедноста-императив за Западен Балкан

Post Views: 0 Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност. „Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба...

Continue reading

kostoski i blazeski

Соработка помеѓу ВМРО-Нарoдна и ЛДП на локално ниво

Post Views: 2 Веќе 2-3 месеци наназад во завршна фаза се напорите за формирање на трет блок, составен од  ВМРО-Нардона и Либерално демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинство, објасни претседателот на ОК на ВМРО-Народна Ванчо Костоски. „Соработката помеѓу овие четири политички партии е во завршна фаза и една од активностите која беше соопштена на прес конференција на државно ниво ќе биде одржувањето на трибината во Охрид на 29.мај“ вели Костоски. Претседателот на О.О на ЛДП од Охрид, Дејан Блажески информира дека  жално е што треба да се става акцент на тоа дали партија...

Continue reading

nato samit cikago

Македонија останува на својата определба за членство во НАТО и ЕУ

Post Views: 1 Р Македонија останува на својата определба за членство во НАТО, затоа што на овој начин ќе генерираме стабилност, безбедност и развој во државава, во регионот, како и на светско ниво, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими. Тој додава дека  тоа го правиме преку имплементација и реформи во стандардите во одбраната, а во исто време и преку учество на Македонија во меѓународните мировни мисии. Според министерот, по самитот на НАТО во Чикаго, се потврдија позициите дека Р.Македонија ги исполнува критериумите и дава свој придонес за меѓународните мисии на НАТО. „Мислам...

Continue reading

ekspert

Соработка меѓу Македонија и Израел во сферата на иновациите

Post Views: 0 Светот денес се менува на таков начин и со таква брзина, што и Македонија ќе мора да се адаптира и да изнаоѓа начини да се вклучи во тие текови. На денешните предавања во Универзитетот за информатички технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид, експертите од Израел ги споделија искуствата кои ги имаат од вакви слични соработки низ целиот свет. Данчо Давчев, Ректор на Универзитетот истакна дека плодна соработка е особено можна на полето на иновациите со користење на европските фондови. „Заедничко учество на проектите финансирани од ЕУ, посебно од програмата за исни технологии....

Continue reading

LDP kongres

ЛИДЕМ утре во Охрид бира ново раководство

Post Views: 0 Претседателот на Либералната Интернационала,  членот на Европскиот парламент, г-динот Ханс Ван Бален и Претседателот на Либерално демократската партија на Р. Македонија, г-динот Андреј Жерновски почесни гости на конгресот на партиски подмладок на ЛИДЕМ. Единствен кандидат за претседател на либерално демократската младина до денска е екс претседателот на кого минатиот месец му истече мандатот, Бојан Јанкоски. Тој најавува дека Конгресот кој се одржува во Охрид  ќе изобилува со доста креативни и нови идеи кои младината на ЛДП ќе ги промовира во јавноста до локалните избори....

Continue reading

brod

Бродарите изненадени од смената на Настовски

Post Views: 5 Охридските бродари изненадени од разрешувањето на капетанот Љупчо Настовски од функцијата раководител на капетанија на пристаништата на Македонија.  Велат дека веста за разрешувањето на Настовски ја дознале од медиумите. И покрај тоа што во минатото бродарите реагираа на лошата комуникација со капетанот и на неговото непознавање на работите, сепак денес тие велат дека во последно време работите видно се променале. „После она што беше пред две години односите се подобруваа и станаа навистина добри во последно време во било кој план. Претпоставуваме дека увидоа дека во...

Continue reading

opstina

Локална: Неаргументираните прес конференции на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја заморуваат јавноста

Post Views: 1   ОК на ВМРО- ДПМНЕ , со секојдневните неаргументирани прес конференции, не само што интензивно ја замајува, туку почна и да ја заморува охридската и пошироката јавност.Наместо да седат на работните места и да сработат нешто, за што земаат плата во државните институции, водството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, во работно време, конструира измислици и секојдневно ги пласира преку прес конференции.Се прашуваме дали вината за катастрофалната социјална состојба на македонските граѓани е во локалната власт и градоначалникот Александар Петрески или во Владата на премиерот и лидер на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top