• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локална: Неаргументираните прес конференции на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја заморуваат јавноста

Локална: Неаргументираните прес конференции на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја заморуваат јавноста

ОК на ВМРО- ДПМНЕ , со секојдневните неаргументирани прес конференции, не само што интензивно ја замајува, туку почна и да ја заморува охридската и пошироката јавност- стои во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

 |   | 
opstina
општина

 

ОК на ВМРО- ДПМНЕ , со секојдневните неаргументирани прес конференции, не само што интензивно ја замајува, туку почна и да ја заморува охридската и пошироката јавност.Наместо да седат на работните места и да сработат нешто, за што земаат плата во државните институции, водството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, во работно време, конструира измислици и секојдневно ги пласира преку прес конференции.
Се прашуваме дали вината за катастрофалната социјална состојба на македонските граѓани е во локалната власт и градоначалникот Александар Петрески или во Владата на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груески.
Граѓаните  знаат кој е одговорен за поскапувањето на храната, бензинот, електричната енергија и другите основни животни потреби. Тоа го знаат во ОК на ВМРО- ДПМНЕ , но наместо да си ја признаат вината за нивното владеење, сакаат да го дефокусираат вниманието на граѓаните, кои сериозно се загрижени за иднината на Македонија. – стои во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мораме да потсетиме, дека мора да престане заложувањето и задолжувањето на Република Македонија со стотици милиони евра. Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ, треба да знаат, дека во периодот од 2013 до 2017 година, кога ќе достасаат за плаќање најголемиот дел од долговите што сега ги прави Груески, Македонија може да биде во полоша финансиска ситуација , отколку што сега е Грција.“- додаваат од Локалната самоуправа, и на крај од реакцијата потсетуваат дека „ само општествено одговорни и мудри политичари, можат да го запрат актуелното катастрофално практицирање на власта во Македонија, но очигледно е дека такви политичари нема во ВМРО- ДПМНЕ“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top