Ознака: крст

zdrava hrana

Живеј здраво, живеј безбедно

Post Views: 2 Продолжуваат активностите за одбележувањето на светскиот ден на здравјето. Под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“, денес на градскиот плоштад, сите основци од Охрид  со низа активности се приклучија кон одбележувањето на светскиот ден. „Ова се дел од активностите кои овде не завршуваат тие се постојани најмалку еднаш до два пати во неделата од отсекот за превенција од Црвениот крст и од Локалната самоуправа заедно со Советот на родителите со директорите и родитлите во ОУ има постојани едукативни работилници и предавања во насока на безбедно и сигурно училиште од една...

Continue reading

akademija Crven krst

Со свечена академија, Црвениот крст-Охрид го заокружи одбележувањето на својот јубилеј

Post Views: 1 70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст. „Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои навистина...

Continue reading

crven krst

70 години хуманост и посветена работа на Црвен крст-Охрид

Post Views: 26   Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид, вели...

Continue reading

Хуманоста не старее, 70 години Црвен крст Охрид

Post Views: 3 На денешен ден, пред 70 години, Црвен крст Охрид организирано ја започна својата хуманитарна мисија. Во создавањето и развојот на Црвен крст Охрид биле вклучени безброј имени и безимени активисти кои оставиле свои траги во делувањето и растежот на организацијата. Овој седумдесет годишен период на грижа за човекот и достоинството на човечкиот живот, бележи голем број активности од социјално-хуманитарната програма, здравственото воспитување и превенцијата на болести на срцето и крвните садови, превенција на туберкулозата, ХИВ-СИДА, превенција на ракот, превенција на болестите...

Continue reading

plaketi

Охридскиот Црвен крст го одбележа 17ти март, денот на крводарителството во Македонија

Post Views: 1 Петре Трајчески од Охрид 100 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Со тоа тој спасил многу човечки животи или им помогнал на луѓето во моментите кога им било најтешко. Уште како мал почнав да дарувам крв и во секое време кога можев одев и тоа го правев. Посакувам и другите кои можат да даруваат крв , вели Трајчески. Трајчески вели дека ќе продолжи да дарува крв се додека може да помага и да ја дарува драгоцената течност што живот значи. За ова негово хумано дело денес на пригодна свеченост која се одржа во охридскиот Црвен крст на која беше одбележан 17 март, Денот...

Continue reading

brejnobrejn

Грст награди и признанија за охридските Бреинобреин генијалци

Post Views: 4 На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7 март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од  Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од  интернационалната  Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат,танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот...

Continue reading

brejn

Охридските мозочиња едни од најдобрите во Македонија

Post Views: 11 Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма. Овој тим на интернационални тренери  и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и...

Continue reading

voda

Да помогнеме!

Post Views: 1 Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија. Моментално потребна е помош во флаширана вода и средства за хигиена, кои можете да ги доставите во магацинските простории на Црвениот крст од Охрид. Својата донација претходно треба да ја најавите на телефонскиот број 046 261 909 или на  телефонскиот број 070 315-309. Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош: -Жиросметка на Фонд на солидарност 300000001327966...

Continue reading

lice v lice

„Лице в лице“

Post Views: 0   Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци.  Љупчо  е лице со  делумна интелектуална попреченост кој живее со  1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат...

Continue reading

vodici

Одбележувањето на Водици мина во најдобар ред

Post Views: 6 Сашо Точко, претседателот на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид информира дека нивните спасувачи, во координација со нуркачките тимови кои денес беа ангажирани, од водите на езерото извлекле 15 лица кои не можеле да се справат со ладната вода и им било потребно извлекување на езерскиот брег. Со брза интервенција на спасителите извлечено е и едно малолетно лице кое паднало во езерските води, и истото е без повреди. Регистрирани се 4 медицински интервенции, од кои една посериозна посекотина и 3 благи облици на хипотермичен шок. На тимот од Црвен крст голема...

Continue reading

fakac na krst

33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава

Post Views: 3 33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош. Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила. „Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е прекрасно,...

Continue reading

водици

Дали ќе го зачуваме духовното или ќе надвладее материјалното

Post Views: 5 Богојавление -Водици, празник кој им пркосел на сите општествени турбуленции и си го задржал автентичното одбележување со фрлањето на крстот и осветувањето на водите. Иако во некои периоди како на пример за време на поранешна СФРЈ поради забраната од тогашните власти, била прекината традицијата крстот да се фрла во езерото, сепак се изнаоѓале форми и начини како да се направи и зачува таа традиција. Никогаш во Охрид не престанало фрлањето на крстот па тоа се правело во црквата Св.Никола-Ѓеракомија, каде што крстот бил фрлан во голем казан. Од 1973 год. овој настан повторно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top