Ознака: крст

Зегин подари телевизор на Црвен Крст

Post Views: 1 Големата Фармацевстка компанија Зегин подари плазма телевизор на охридскиот Црвен Крст. Телевизорот веднаш си го најде своето место. Тој ќе служи за децата со посебни потреби коишто секој петок ја посетуваат музико терапијата во просториите на Црвениот Крст. Секретарот на Црвениот Крст Мимоза Ставрева изрази голема благодарност кон компанијата Зегин, истакнувајќи дека телевизорот е уште една успешна приказна на соработката на Црвениот Крст со корпоративниот сектор. „Јас само ќе кажам кратко дека децата тука се чуствуваат одлично имаат пријатна атмосфера, со нив работат...

Continue reading

Vodici

Ристе Талески по трет пат го фати крстот во Струга

Post Views: 14 Ристе Талески го фати чесниот крст во Струга. Тој по трет пат го доживува овој настан, како главен носител на традиционалниот христијански ритуал. Младиот Талески, со помешани чуства на радост и возбуда, изјави дека чест му е што крстот се падна во негови раце. Тој вети дека заедно со неговата тајфа, со крстот ќе ја прошета цела Струга. Златното ланче со крст, подарок од црквата Св. Ѓоргија од Струга, на вратот на Талески го стави митрополитот дебарско – кичевски, г-дин Тимотеј. Годинава оваа црква комплетно го поддржа фрлањето на крстот и осветувањето на водите во...

Continue reading

Хуманитарна акција на Општина Охрид и Црвен Крст Охрид, во пресрет на празникот Богојавление – Водици

Post Views: 1 Уште еден хуман потег на Опшина Охрид и Општинската организација на црвениот крст. Во пресрет на големиот христијански празник, Богојавление- Водици, беа поделени 50 хуманитарни пакети, составени според стандардите на Меѓународната федерација на Црениот Крст, со намирници потребни за едно четиричлено семејство. Инаку, ова е само една од низата вакви активност, за помош на ранливите категории граѓани, изјави Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид „Една во низата на повеже хуманитарни акции кои што предвидуваат извесна помош на семејствата во социјален...

Continue reading

Црвениот крст со препораки за празникот Богојавление-Водици

Post Views: 5 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст...

Continue reading

Во тек е пријавувањето на фаќачите на чесниот крст за Водици

Post Views: 1   Тече пријавувањето на граѓаните кои на Водици, за здравје но и да си ја пробаат среќата, ќе скокаат во студените езерски води по чесниот крст. Од Дебарско – кичевската епархија информираа дека испечатени биле околу 600 маици од кои 300 биле донација на фармацевската компанија „Зегин“, а останатите од општина Охрид како и брошури кои веќе се делат на оние кои доаѓаат да се пријават. По повод одбележувањето на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“ прецизирана е и програмата на сите настани кои се предвидени за време на трите дена додека трае одбележувањето....

Continue reading

До општинскиот црвен крст се повеќе охриѓани бараат помош да се прехранат

Post Views: 1 Општинската организација на Црвен крст со својата мрежа на волонтери и организираност успева да им помогне на многу охриѓани  во социјален ризик. Органзирани се многу собирни акции и хуманитарни активности за да помогнат и спасат  животи. Охриѓани се обраќаат за различни видови помош, информира Претседателот  на ЦК Охрид Сашо Точков.  „Најголем број е да се прехранат. Имаат потреба и од здравствени проблеми. Им  требаат лекови, за здравствени интервенции и голем број на луѓе кои немаат основни услови за живот, како што се дом, куќа, струја, вода“, набројува Точков.  Во ...

Continue reading

ОО Црвен крст успешно ја заврши годината на заминување

Post Views: 5 Охридскиот црвен крст успешно ја заврши 2016 година. Реализацијата на бројни проекти е благодарение на мрежата од над 1000 волонтери во ЦК, вработените, медиумите и граѓаните , подвлекува претседателот  Сашо Точков. „Бројни хуманитарни активности, собирни акции со кои граѓаните  и туристите ја покажаа својата хуманост и придонесоа да се спасат голем број животи. Апелирам секој од нас да го пронајде волонтерот во себе и хуманоста која лежи во секого и секој да  најде начин како да помогне. Ние сме само една од организациите кои помагаат на оние на кои им треба помош“,...

Continue reading

volonteri

Поддршка на ранливите заедници

Post Views: 4 Детекција на проблемите меѓу ромското население во Струга. Волонтерите на Црвениот крст на оваа општина, изготвија програма за Заеднички развој на заедницата. Координаторот на програмата Ангела Неделкоска Нелоска вели дека нивните активности се насочени за подршка на ранливите заедници, која овозможува со партиципативен пристап да биде инволвирано населението од ранливите заедници во одлучувањето на нивните потреби.Волонтерите веќе се излезени на терен со цел да соберат информации, користејќи различни технички методи, кои пак ќе користат за понатамошните анализи, вели...

Continue reading

krstovden

Православните христијани денес го слават Воздвижението на Чесниот Крст – Крстовден

Post Views: 0 Денешниов празник е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18-ти јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос....

Continue reading

Црвен Крст Охрид нуди нова можност за подготовка за полагање на TOEFL тестот

Post Views: 9 Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид продолжува со циклусот на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 година, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. Во тек се уписите за новиот циклус. Првиот циклус подготовки беше спроведен од месец февруари до крај на мај и резултираше со успешни резултати,...

Continue reading

УСПЕШЕН НАСТАП НА АМАТЕРСКАТА ТЕАТАРСКА ГРУПА ОД ОХРИДСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ВО ТРЕБИЊЕ

Post Views: 2 Делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид моментално е во четиридневна посета на Црвениот крст од Требиње. Синоќа тие во Домот на млади во Требиње, имаа успешен настап пред публиката со изведбата на театарската претстава „Фортуна“ во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст Требиње на Аматерскиот младински...

Continue reading

Црвен крст доби локација за оперативниот центар за безбедност на вода

Post Views: 0   Во близина на каналот Студенчишта ќе биде сместен оперативниот центар на вода од охридскиот црвен крст, информира претседателот на организацијата Сашо Точков.  Долго време ЦК бараше соодветна локација каде што нивните едници  ќе бидат стационирани и ќе делуваат во ризични ситуации. Сега тој долгогодишен  проблем од скоро една деценија  станува реалност со помош на Локалната  самоуправа. „Ќе имаме привремен центар за безбедност на вода кој ќе може поефикасно да интервенира и ќе се наоѓа на самиот брег“, вели Точков.  Центарот за безбедност на вода располга со човечки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top