Ознака: крст

fakac na krst

Црвен крст: Скокачите по крстот да бидат внимателни, температурната разлика на воздухот и водата во езерото голема

Post Views: 19   8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни. „Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се здравствено...

Continue reading

bogojavlenie

Во Охрид се очекуваат 30 000 гости за богојавленските празници

Post Views: 3   Петдневно славење по повод празникот Богојавление-Водици. Чествувањето за овој голем христијански празник започнува на 16ти јануари со настап на културно уметнички друштва од Охрид. На 17ти во сабота на градскиот плоштад ќе има концерт познатата македонска ѕвезда Каролина Гочева, во недела бидејќи е Водопост нема да има некои музички настапи, но вечерта во 19 часот во куќата на Уранија ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе сликаат дела со мотиви од празничната атмосфера...

Continue reading

ikona

Велика Сабота-свештен трепет пред Христовото воскресение

Post Views: 1 Христијаните денеска ја одбележуваат Велика Сабота, вториот ден на христијанската жалост, по Велики Петок – денот на распнувањето на крст и смртта на Исус Христос. Овој ден е свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и воскликот  „Христос воскресе“. Вечерва верниците одат  во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат. Празникот...

Continue reading

Isus Hristos ikona

Велики петок-Ден на страдањата и смртта на Исус Христос

Post Views: 130 Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста...

Continue reading

цк

Охридскиот Црвен крст дотура лекови, храна и евакуира загрозени жители во Дебрца

Post Views: 3 Екипите на Црвен крст интервенираат  во Горна Дебрца на повик од жители кои бараат помош. Н а располагање имаат 15 волонетри и од денес на распоалгање е ставен  теренски џип од скопскиот црвен крст. Нивните екипи се организирани и во координација со ЦУК , помагаат каде што е најпотребно и најприоритетно, кажува Сашо Точков , претседател на ЦК. Помош укажуваат и на стари и изнемоштени лица кои живеат сами  во стариот дел на  градот. Неколку дена волонтерите на Црвен крст евакуираат болни и граѓани кои останале заробени во планинските села во  Дебрца, кажува Сашо Точков...

Continue reading

rucek

Локалната и Црвен Крст повторно организираат новогодишен ручек

Post Views: 5 По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен  Новогодишен ручек во  Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид, на 25.12.2014 г. (четврток) со почеток во 14:00 ч. Предвидено е Градоначалникот на Охрид во 14:20 ч. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Недела за борба против сидата во Охрид

Post Views: 4 Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности: 01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни...

Continue reading

bezbednost vodi

Можни измени на правилникот за безбедност на капалиштата-ќе се применуваат од наредната сезона?

Post Views: 5 Бројот на спасители и медицински екипи на плажите ќе се одредува според должината на ефективно користената површина од плажата, соодветно обележување на капалиштето односно одредување на зоните на безбедно капење според актуелните европски стандарди. Ова се дел од предлог измените на правилникот за видот и обележување на капалиштата. Релевантни институции, претставници од Министерството за транспорт и врски, и претставници од повеќе локални самоуправи три дена дискутираа за можните измени на правилникот со кој би се подобрила законската регулатива за безбедност на капалиштата. „Вродија...

Continue reading

majki

Продолжува проектот „МАЈКИ“ на Црвениот Крст од Охрид

Post Views: 2 Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период. Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна...

Continue reading

stres

Вештини за ослободување од стресот

Post Views: 1 Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The Art of living (Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност. Ги покануваме нашите сограѓани, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Art of living  учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин...

Continue reading

Gordana Konjanoska

Поделени хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид

Post Views: 5 Финализираа активностите на кампањата за Денот на храната и Неделата за борба против гладта, кои во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври. Партнерот и подржувач на кампањата за денот на гладта и неделата за борба против гладта, Општина Охрид и годинава помогна во прибирање на помош за  најзагрозени семејства од Охрид и Дебарца. Со сопствена донација реализирана од сопствени средства, а во сорботка со Црвениот крст од Охрид беа обезбедени 50 пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена, истакна...

Continue reading

mozocen

Отворен ден за прашања поврзани со мозочен удар

Post Views: 2 Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за  третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања,  поврзани со мозочниот удар. Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела)...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top