Ознака: крајот

tvrdina

Вложените пари во субвенциите за странски гости се исплатија

Post Views: 11 За летна сезона  2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат  60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот  биле остварени 122,3 милиони денари.  Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија,...

Continue reading

gradinka decinja

Охридските образовни институции ги следат препораките за заштита од грип

Post Views: 2 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита. „Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Сработено а неисплатено

Post Views: 1 На градските избраници во Советот на Општина Охрид веќе осум месеци не им се исплатени паушалите. На секој советник месечно треба да му се исплатат 14 000 ден. Бидејќи во советот има 23 советници ако се направи проста математика за изминативе осум месеци општината на секој од нив им должи по 96 000, а на сите вкупно околу 2 мил денари. Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски вели дека ова е крајно несериозен однос на Локалната кон нивната работа и функција. Инаку, исплатата на паушалите е регулирана со Законот за исплата на плати и други надоместоци на избрани...

Continue reading

kolektor

Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински

Post Views: 0 Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински.Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада која за таа цел издвои средства во висина од 2 мил денари.  На потегот од Св. Наум до Радожда во должина од 28 км има 11 пумпми станици. На ваков начин ќе се намалат трошоците за гориво и електрична енергија, а и ќе се избегне затајувањето на системот кој кога има пообилни врнежи од дожд треба да работи со поголем капацитет за да се постигне саканиот ефект за заштита на езерото од отпадните води, вели Златко Старкоски директорот...

Continue reading

peperutka

Занаетчиите се почесто со блокирани жиро сметки

Post Views: 5 Охридските занаетчии се потешко се справуваат со економската криза. Скоро една третина од  180-те регистрирани занаетчии работат со блокирани жиро сметки. Сепак бројот на ново регистрирани занаетчии е во пораст. Во моментов најчесто во занаетчиските дејности  се регистрираат лица кои се  без работа и користат грантови за занаетчиски дејности од УНДП и од Агенцијата  за вработување. Она што во моментов изненадува е податокот што за шест месеци само двајца регистрирани занаетчии од Охрид се пријавиле да користат субвенции за македонски уметнички творби. Средствата во висина...

Continue reading

ulica

Дали се гледа крајот на маките на жителите од улицата Мите Богоевски

Post Views: 0    Наближува есента и есенските дождови, а со тоа започнуваат маките на граѓаните кои живеат на дел од улицата Мите Богоевски. Кракот на оваа улица години наназад не е асфалтиран иако се наоѓа во центарот на градот веднаш позади општинската зграда. Жителите од овој дел на градот повеќе пати алармирале за својот проблем до Локалната самоуправа од каде им рекле дека улицата неможела да се асфалтира поради градежните зафати кои се вршеле на истата. На овој крак во изминатите години интензивно се граделе неколку стамбени објекти, а се гради и новиот дел од општинската зграда...

Continue reading

plaza

Каде на одмор?

Post Views: 7 Долго топло лето. Ама ова годинешново уште потопло. Секој бара начин како барем и на кратко да побегне од горештините, гужвите и обврските, со еден збор да оди на годишен одмор. Ги запрашавме познатите охридски фаци каде ќе летуваат. Започнавме со нашите парламентарци од ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот Александар Николовски вели дека сеуште не одлучил каде на одмор, но по се изгледа оваа година поради обврските тој ќе биде краток. Харалампие Шокароски, неговиот колега вели дека уште е рано за правење некакви подготовки за одмор. Тој додава дека го чека уште многу работа, а за...

Continue reading

sovetnici

Локалната им должи на советниците

Post Views: 2 Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден.  Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година.  Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени. Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот....

Continue reading

инфо

Во употреба ќе има два инфо пункта

Post Views: 5 Свеченото отворање, на еден од трите информативни центри ќе се случи до крајот на неделава, информираат од Локалната самоуправа. Тука туристите од прва рака треба да ги добиваат сите поважни информации за Охрид. Едниот ќе биде лоциран  на северниот, најфрекфентен влез  во градот, а последни припреми се прават и за другиот во центарот, во комплексот Летница.  На прашањето зошто се доцни со нивното отворање, портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески, појаснува дека за нивното поставување не се оставило  ништо случајно туку се испочитувале  сите  законски прописи,...

Continue reading

todorov

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 2 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Continue reading

petreski

Михаилов пред општина, Петрески пред болница

Post Views: 1 Петрески рече дека Михаилов одржал пресс пред Општинската зграда и посака цел живот да одржува пресови пред зградата, а внатре никогаш да не влезе и додаде дека тој ќе влезе во зградата на болницата за да испита каков криминал е направен таму. Петрески рече дека Михаилов изнесува во јавноста невистини и лаги затоа што е во паника зошто му се ближи крајот. Тој кажа дека Локалната има направено многу капитални инвестиции за што секогаш дава отчет пред граѓаните. Тој побара сметка од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, но и од Владата зошто граѓаните се доведени на работ на егзистенција.{loadposition...

Continue reading

Ohridski naroden teatar

Започнува новата сезона на „Охридскиот народен театар“

Post Views: 12 До месец јули остануваат уште две претстави и тоа претставата „Итар Пејо“ на Братислав Димитров, убав мјузикл за деца и млади, кој охриѓани треба да го видат кон крајот на мај и третата претстава која се подготвува „Малограѓанска свадба“ на Бертхолд Брехт, а во реЖија на Дејан Пројкоски. Стојаноски се надева дека подготовките за оваа претстава ќе започнат во месец јуни, а кон крајот на јули, истата ќе биде во склоп на фестивалот „Охридско  лето“. За периодот од септември до крајот на годината во план се премиери на уште две театарски претстави, објаснува тој. Бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top