Каде на одмор?

Каде ќе летуваат нашите политичари и јавни личности. Твм ви ги открива нивните летни планови.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaza
плажа

Долго топло лето. Ама ова годинешново уште потопло. Секој бара начин како барем и на кратко да побегне од горештините, гужвите и обврските, со еден збор да оди на годишен одмор. Ги запрашавме познатите охридски фаци каде ќе летуваат. Започнавме со нашите парламентарци од ВМРО ДПМНЕ.

Пратеникот Александар Николовски вели дека сеуште не одлучил каде на одмор, но по се изгледа оваа година поради обврските тој ќе биде краток.

Харалампие Шокароски, неговиот колега вели дека уште е рано за правење некакви подготовки за одмор. Тој додава дека го чека уште многу работа, а за одмор ќе размислува некаде кон крајот на август.ohridska plaza

Го побаравме и народниот избраник од редовите на СДСМ, Митре Велјаноски. Ни кажа дека за него одмор ќе биде доаѓањето во Охрид бидејќи поголемиот дел од годината поради ангажманот како пратеник го поминал во Скопје. Велјаноски вели:
„Веќе 15 години никаде не летувам. За мене Охрид е најубав и незаменлив“,

А каде ќе летуваат советниците?
Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ вели дека ова лето ќе биде работно, но и олимписко. Тој планира да ја следи Олимпијадата, а ако успее барем еден викенд да се покапи во морската вода во Албанија ќе биде повеќе од задоволен.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов сеуште не крои планови за одмор. Можеби ќе оди во Валона или Саранда во Албанија, но се звиси од обврските како професионални така и партиски.

las vegasГо побаравме и претседателот на Општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски за да дознаеме каде тој ќе се одмара. Нема одмор вели првиот човек на охридските социјалдемократи. Партиските обврски не ми го дозволуваат тоа, додава Јованоски.

И Директорите на Јавните претпријатија и Националните установи време за одмор немаат. Сашо Алчев, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ вели дека не ни помислува на одмор. Сезоната  е во полн ек, а градот треба да биде чист. Тие работат со полна пареа.   Слична беше изјавата и на директорката на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцевска. Таа вели дека можеби на одмор ќе замине на крајот на август, ама никако во Грција поради патриотски побуди. Сега во центарот се случуваат многу настани па нема можност за одмор.

И за крај, каде ќе летува таткото на градот. Градоначалникот вели дека не планира никаков класичен одмор. Можеби ќе издвои неколку дена за да се посонча и покапи на плажата во Градиште и толку.

По се изгледа нашите јавни личности немаат многу време за одмор. Обичните граѓани пак имаат време ама немаат пари за таков луксуз. Но, нам и не ни е толку лошо. Си го имаме нашето море т.е. Охридското езеро па ќе си се разладуваме во него и ќе си замислуваме дека е солено.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top