Post Views: 5
Австралијански водител Карл Стефанович на крајот на интервјуто со Далај Лама, решил дека ќе биде штосно на тибетанскиот духовен лидер да му раскаже еден виц.“Влегол Далај Лама во пицерија и рекол: Можете ли да ми направите една пица со се’ ?“, гласел вицот што Карл Стефанович го раскажал во емисијата “Тудеј“.
Далај Лама, кој седел спроти водителот, останал збунет.
Сепак, откако Стефанович рекол: “Знаев дека нема да успее“, двајцата почнале да се смеат.
Погледнете како изгледало тоа.{hwdvideoshare}id=1393|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
Остатокот од вицот гласи...
Post Views: 10
Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.
Но оние кои немаат комплетна еколошка документација имаат се уште време до крајот на месецот да ја завршат процедурата, ако не сакаат да се соочат со законските санкции.
Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за големите...
Post Views: 0
Учениците од ОСУ,,Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец. Охридските ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ.Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа ,но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции...
Post Views: 3
Кон крајот на месец јануари, беше затворен ресторанот кој функционира во рамките на ЈП „Градски гробишта“.
Првиот човек на ЈП „Градски гробишта“ Зоран Симоноски за некои од медиумите наведе дека причината за неговото затварање е истекувањето на договорот за закуп кој го склучила фирмата која до сега го стопанисуваше овој објект. Тој додаде дека станува збор за објект кој е во незавидна состојба, објект кој има потреба од реновирање, па така се разгледува можноста идниот закупувач во договорот да се обврзе да го реновира објектот.
Повеќе информации за овој проблем, проследете...
Post Views: 11
Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение.
„Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа година...
Post Views: 2
Лесковчани добиваат фекална канализација до крајот на годинава. Локалната самоуправа најави конечно решавање на овој горлив проблем со кој лесковчани се соочуваат долги години наназад. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека веќе е завршена првата фаза од проектот за изградба на канализацијата која се однесувала на трасирање на канализационата мрежа и решавање на имотно-правните односи, а Министерството за транспорт и врски веќе го објавило тендерот за спроведување на клучните втора и трета фаза, односно самата изградба на мрежата.
„Се надеваме дека по...
Post Views: 1
Некои луѓе не можат воопшто да се вработат или мака мачат за да почнат некаков бизнис, а некои пак ќе почнат потполна глупост и луѓето им фрлаат пари пред нозе.
Zack Brown (31) од Ohio почнал со Kikcstarter кампања каде барал средства од корисниците на интернет за да прави компир салата. Да, добро прочитавте, компир салата. “Работам на компир салата. Во основа едноставно правам компир салата. Сеуште не сум одлучил каков вид”, појаснил во својата кампања тој шегаџија.
Негова цел била да собере 10 долари, но во меѓувреме му се насобрале неверојатни 35.369 долари! До крајот...
Post Views: 2
Финскиот премиер Alexander Stubb изјавил дека основачот на Apple, Steve Jobs, многу наштетил на вработувањата во таа нордиска земја со иновациите со кои ги изненадиле финските компании.
“Се потпиравме на две работи и тоа на високата технологија со Nokia и индустријата за хартија” рекол Stubb за шведскиот економски весник Dagens Industri.
“Да, Steve Jobs ги превзеде нашите бизниси. Но тоа сега се менува. Нашата дрвна индустрија полека ама сигурно се врти од хартиена маса кон зелена енергија, а индустријата на висока технологија према игрите”, додава премиерот.
Steve...
Post Views: 39
Се подготвува терен за изградба на новата индустриска зона кај Мауцкер. Како што открива градоначалникот Никола Бакрачески во завршна фаза е планската документација за оваа развојна зона, и смета дека до крајот на оваа календарска година истата треба целокупно да се заврши.
„До крајот на годинава и така се зададени рокови до Секторот за урбанизам и Секторот за комунален развј и сообраќај, имаат обврска до крајот на годината да ја завршат целокупната планска документација и веднаш после тоа да се спроведе постапка за поделба на таа индустриска зона на парцели и да се...
Post Views: 5
Французинот Аксел Рејмонд и италијанката Мартина Грималди се годинешните победници на Охридскиот пливачки маратон. Рејмонд воедно го подобри ланското остварување на легендарниот Петар Стојчев за цели девет минути, препливувајќи ја патеката „Климе Савин“ за рекордно време од 5 часа, девет минути и 54 стотинки.
За изненадувачки добриот резултат се погрижија и струите на Охридското езеро кое беше доста немирно во последните десет километри.
„Ова ми е прв пат на Охридскиот маратон, но сакам само да испливам 30 километри.“-вели победникот во Охридскиот маратон, Аксел Рајмонд.
Веднаш...
Post Views: 0
Градоначалникот Никола Бакрачески на крајот од школската година оствари посета на ОУ „Христо Узунов“. Ова школо е едно од најголемите во Охрид во кое учат околу 1300 ученици. В.д. директорот Тони Симоноски го информираше градоначалникот за постигнатите успеси на нивните ученици на локално, регионално и републичко ниво, но и за проблемите и потребите на училиштето.
„ Најгорлив проблем се вратите и прозорците кои прават дополнителни трошоци на школото во грејната сезона. За да се зголеми енергетската ефикасност треба нивна замена. Покривот е од азбест табли и исто...
Post Views: 2
Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села. 50 -тината жители од село Свиништа, претежно постари луѓе, како и повеќето жители од охридските села, имаат потреба од подобрување на инфраструктурата во селата во кои живеат. Претседателот на Месната заедница, Благоја Крстаноски, вели секоја година во Локалната самоупорава поднесуваат барања со кои сакаат да се подобри животот на свиништани.
„Најприоритетни се санција и асфалтирање на патот од магистарлниот пат до селото во должина од 2,5 км, еден крак од селото до црквата Св. Богородица, како...