Дебитантот Аксел Рајмонд победник на 27от Охридски пливачки маратон

Охрид денеска беше центар на светското маратонско пливање кој на едно место ја собра елитата во овој спорт.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohridski plivacki maraton
охридски пливачки маратон

Французинот Аксел Рејмонд и италијанката Мартина Грималди се годинешните победници на Охридскиот пливачки маратон. Рејмонд воедно го подобри ланското остварување на легендарниот Петар Стојчев за цели девет минути, препливувајќи ја патеката „Климе Савин“ за рекордно време од 5 часа, девет минути и 54 стотинки.

Axel RaymondЗа изненадувачки добриот резултат се погрижија и струите на Охридското езеро кое беше доста немирно во последните десет километри.

 „Ова ми е прв пат на Охридскиот маратон, но сакам само да испливам 30 километри.“-вели победникот во Охридскиот маратон, Аксел Рајмонд.

Веднаш зад Рејмонд, на втората позиција пристигна италијанецот Едоардо Скотино кој на само стотина метри до крајот водеше мртва трка со победникот од Франција. Трет беше Иван Афоневич од Русија, додека нашите Евгениј поп Ацев и Томи Стефановски се пласираа на четвртата и петтата позиција.

„Многу тешка трка со силно темпо, последните половина час засили и ветерот. На крајот го изгубив третото место но тоа е спортот. Јас сум сепак задоволен од својот пласман, за мене ова е добар резултат. Задоволен сум од постигнатото и од моите перформанси на оваа трка“.-рече нашиот маратонец, Евгениј поп Ацев.

Ohridski maratonЗа прв пат оваа година, наместо да ја преводи трката, бугаринот Петар Стојчев го преводеше тимот на нашиот Томи Стефановски.

„Многу подруго е чувството кога си во кајче и кога си во вода. Денес патеката ми изгледаше многу пократка од она што јас ја познавам. Добро е што трката беше многу фер и мислам дека денеска победи најдобриот. Ова дете од Франција Рајмонд Ексел гледајте го и следните години тој ќе победи скоро на сите трки, многу е добар пливач.“-изјави тренерот на Томи Стефановски, легендарниот Петар Стојчев.

Во женска конкуренција пак, покрај победничката Грималди, на втората позиција се пласираше русинката Олга Козјуб, а трета на целта пристигна хрватката Карла Ситиќ. Традиционално маратонците на самата цел ги пречека покровителот на манифестацијата, претседателот на Р.М, Ѓорѓе Иванов кој победниците ги закити со ловрови венци, а на самата цел беше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Инаку наградниот фонд за овогодинешното издание на Охридскиот Маратон ќе биде 10.000 долари, а наградите ќе бидат доделени во хотелот Инекс Горица.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top