Tag: компанијата

Компанијата „Slice“ овозможи радост на неколку семејства од ранливата категорија

Компанијата „Slice“ овозможи радост на неколку семејства од ранливата категорија. Успехот на компаниите не се мери само преку деловните резултати, туку мерило за успех е и општествената одговорност, велата од оваа компанија. Ова не е нивна прва хумана акција, ги имало во изминатиот период а ќе ги има и во иднина на секои 3 или 6 месеци најавуваат од „Slice“. Компанијата „Slice“ израдува 35 семејства од ранливата категорија. Во соработка со ОО на Црвен крст Охрид, денес се делеа пакети со прехранбени продукти како и средства за лична хигиена од страна на вработените во компанијата. „Slice“. Kомпанијата...

Continue reading

Никнува најголемиот воден парк на Јадранот

Туристичка атракција која ќе се простира на 42.000 квадратни метри Градоначалникот на Будва, Лазар Раѓеновиќ, извршниот директор на компанијата Aquaterra Solutions, Денис Иполитов и членот на Управата Сахрет Ајдарпашиќ положија камен темелник и со тоа ја означија изградбата на најголемиот забавен воден парк на Јадранот, на брдото Топлиш над Будва, пишува црногорскиот весник Vijesti. Првата фаза на водениот парк ќе биде завршена до 15 јули. Компанијата Aquaterra Solutions кон крајот на 2014 година склучи договор со општина Будва за закуп на 41.889 квадратни метри земјиште на 30 години, со годишно...

Continue reading

Драматичен викенд за најголемиот производител на автомобили

Со отказот на претседателот на компанијата VW падна во рацете на синдикатот Драматичниот викенд во Волксваген ја означи оставката на претседателот на компанијата Ferdinand Piech со што заврши една ера за компанијата. Иако кон крајот на неделата во германските медиуми Piech тврдеше дека има помирување со извршниот директор Martin Winterkorn и дека постигнал договор за понатамошна соработка, за време на викендот до Надзорниот одбор дошле информации дека Piech со шефот на Порше, Matthias Muller договорил тој да го превземе лидерското место на Волксваген. Членовите на Надзорниот одбор од редовите...

Continue reading

Nokia се враќа на пазарот на паметни телефони?

Станува збор за оперативен систем од “третиот свет” Откако Nokia го продаде својот оддел за паметни телефони на Microsoft, беше сосема јасно дека компанијата засекогаш се откажа од својата ориентација спрема пазарот на паметни телефони, но најверојатно не е така. Компанијата неодамна го претстави својот N1 таблет во Кина, а спрема пишувањето на Recode, наводно во компанијата работат и на новата серија на паметни телефони која би требало да биде отворена следната година. Моментално може само да се нагаѓа за каков оперативен систем се работи, но веројатно станува збор за оперативен систем од “третиот...

Continue reading

Apple купи големо пространство на шума

Зошто Apple купи 36.000 хектари шума? Најверојатно Apple одлучил да му покаже на светот дека е свесен за проблемот со загадување на човековата околина. Имено, компанијата во соработка со Conservation Fund, организација за заштита на човековата околина, купи шума која се простира на дури 36.000 хектари, пишува bgr.com. Спрема пишувањето на официјалниот блог на организацијата, Apple купил шума за да ја зачува за идните генерации, но и за користење за свои потреби. Шумата се наоѓа во американските сојузни држави Северна Каролина и Мејн, а дел од вкупниот појас на приватните шуми кои се простираат...

Continue reading

Јавен конфликт на најмоќните луѓе во Волксваген

Прашањето за нов лидер во Волксваген доведе до ескалација на конфликтот Прашањето за нов лидер на Волксваген доведе до ескалација на конфликтот помеѓу двајцата најмоќни луѓе на најголемиот европски производител на автомобили. Невобичаен јавен конфликт за компанијата Волксваген изби откако претседателот на компанијата, Ferdinand Piech, во германските медиуми јавно се дистанцирал од извршниот директор Martin Winterkorn. Piech е еден од патријарсите во компанијата од Волфсбург и во нејзиниот врв е веќе 22 години, од што 9 како главен извршен директор. На Winterkorn договорот му истекува кон крајот...

Continue reading

Големите компании вложуваат во образование на своите вработени

Најголемиот ланец на кафетерии во светот на своите вработени им нуди бесплатно образование Американскиот ланец на кафетерии Starbucks на своите вработени ќе им овозможи бесплатно образование на Универзитетот Аризона, давајќи им така прилика да се стекнат со диплома. Ваква пракса Starbucks веќе спроведува кај некои свои вработени а сега таа прилика ја шират на поголем број лица кои работат во најголемиот ланец на кафетерии во светот. Од компанијата соопштиле дека понудата е за 140.000 вработени или 75% од вкупниот број на вработени. “Ваква програма првенствено е усмерена спрема нашите помлади...

Continue reading

Microsoft го прослави својот 40-ти роденден

Една од најуспешните IT компании прослави 40 години постоење Компанијата на 4 април 1975 година ја основаа Bill Gates и Paul Allen, а од мал софтверски производител за Altair компјутерите и подоцна за IBM-компатибилните PC уреди, од осумдесетите години на минатиот век па сѐ до денес, прерасна во најдоминантната компанија на светот. Во овој период компанијата изроди три милијардери (од кои Bill Gates е најбогатиот жив човек) и 12.000 милионери, кои работеле во Microsoft. Денес Microsoft вработува преку 125.000 луѓе ширум светот и е трета највредна компанија на светот – пред неа се само Exxon...

Continue reading

Volvo претстави невидлив спреј кој ги штити велосипедистите

Подобрување на безбедноста на велосипедистите Компанијата Volvo пронашла решение за подобрување на безбедноста на велосипедистите во вечерните часови. LifePaint e ново, иновативно решение кое велосипедистите ќе ги направи повидливи на улиците и на тој начин ќе ги спречи сообраќајните несреќи на кои велосипедистите се често изложени. Спрејот, во соработка со агенцијата Gray London го лансираше Volvo и на велосипедистите во Лондон им поделил 2.000 шишиња од овој спреј, а од компанијата порачале дека ќе го зголемат производството ако во тестниот период производот се покаже како делотворен. Од Volvo...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top