Ознака: кои

paragvaj

Парагвајките покажуваа, Бразилците промашуваа

Post Views: 10 Навивачките на Парагвај предводени од Лариса Рикелме продолжуваат да ги воодушевуваат љубителите на фудбалот, па и оние кои не се заинтересирани баш за фудбал.Тие на вечерашниот натпревар против Бразил имаа можност да се радуваат по триумфот, но не испуштија ниту да покажат дел од раскошните атрибути, па дури и повеќе од тоа што светот очекуваше да го види. Парагвај стигна само до полуфиналето засега, а Парагвајките веќе почнаа да се соблекуваат. Можеме само да замислиме што би се случило дококолку триумфираат на Копа Америка.  {loadposition content9}

Continue reading

sednica

Струга ќе назначи комунални редари

Post Views: 0 Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга  даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот. „Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во...

Continue reading

sednica

Други зборуваат за програмите за 2013

Post Views: 1   Струшките советници не попуштаат. Ниту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив  се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го...

Continue reading

Hristovo raspetie

Некои македонски цркви чуваат дел од крстот на кој бил распнат Исус

Post Views: 17 Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево. Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец. Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два...

Continue reading

vodici

Димитрија Ашталкоски го фати крстот во Струга

Post Views: 0 Димитрија Ашталкоски го фати светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга. Здравје среќа и бериќет ќе го следат годинава 26 годишниот стружанец, според верувањата на постарите. Преголемата возбуда на Ашталкоски, кој за прв пат скока на Богојавление и тоа не случајно, беше очигледна. „Многу сум горд, чест е да се фати крстот во Струга. Годинава одлучив да скокам по светиот крст бидејќе пред две недели сонував сон“-вели Ашталкоски. Одбележувањето на Богојавление во Струга не може да се замени со ниту едно друго место, велат стружани. Додаваат дека денес се слави најубавиот...

Continue reading

Grcija pomen

Вевчански карневал-традиција која не замира

Post Views: 3 Вевчанскиот хумор бесмртен како и карневалот. Цели 14 векови традиција, од година во година се помасовен, се попосетен, се поенергичен. Вевчанскиот василичарски карневал уште еднаш успеа на едно место, во держава Вевчани, да собере илјадници луѓе, од целата држава, па и од целиот свет. Со право ви треба посебен пасош за да влезете во ова историско место каде магијата оживува пред вашите очи. Ѓаволи, вештерки, султани, комити, зетот од Горна маала, Златниот човек… На Вевчанскиот карневал, се е возможно и остварливо. Од традиционални маски, па се до иронични претстави...

Continue reading

logo

Лекарите кои оствариле право на пензија може да работат со фондот

Post Views: 1 Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите лекари – носители на здравствена дејност, вработени на неопределено време со полно работно време, во приватни здравствени установи кои не се корисници на простор под закуп и кои оствариле право на пензија, дека со можат да продолжат да работат со Фондот. Како што е соопштено во вторникот, ваква одлука донел Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа можност лекарите може да ја остварат под услов пензијата да ја имаат ставено во мирување и да имаат валидна дозвола за...

Continue reading

crkva

Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии

Post Views: 9 Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии. Струшките локални власти удоволија на барањето на Македонската православна црква и исламската верска заедница, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација, да бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски прецизно појаснува за каква одлука станува збор. „Значи сите верски објекти кои што се изградени без одобрение а за кои што се доставени барања за легализација се ослободуваат од надоместок за уредување на градежно...

Continue reading

Пет работи кои не ги прават успешните луѓе

Post Views: 3 Успешните луѓе веруваат дека успехот доаѓа со намера и акција, а спрема пишувањето на Business Insider овие се петте работи кои тие никогаш не ги прават: –Не дозволуваат минатото да им ја диктира иднината – Сите имаме ограничувања, предизвици, но и грешки. Најважно е тие работи да не бидат пречка за напредокот, туку од грешките нешто да се научи. –Не оговараат – Тешко е да се држи дистанца од секојдневните трачеви, но треба да се знае дека личноста која оговара други лица, исто така ве оговара и вас. Наместо трач, подобро е отворено да говорите за идеите...

Continue reading

koncert Struga

Предновогодишна музичка магија во струшката чаршија

Post Views: 4 Онаму каде што допира музиката, не успева да допре ништо друго. Музика, ноти, хармонии кои ја загреваат душата и празничната атмосфера ја прават да биде токму празнична. Втора година со ред, за празничниот дух, се погрижија талентираните средношколци од државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга. „Лани овој концерт помина добро, народот дојде и не слушна, виде дека постоиме, па се одлучивме и оваа година да го направиме истиот концерт во близина на новогодишните празници и се надевам дека ова ќе ни прерасне во традиција, да создадеме еден концерт...

Continue reading

saem

Македонија атрактивна турстичка дестинација

Post Views: 0 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра. – Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...

Continue reading

sednica Struga

Усвоен буџетот за 2013 во Струга

Post Views: 69 Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар. „Намаливме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top