Ознака: кои

zoran Veljanoski Letra

Изложба на фотографии од Охрид во Њу Јорк

Post Views: 1 Охридските убавини преку фотографиите на Зоран Велјаноски Летра ќе бидат претавени во центарот на фотографијата Њу Јорк. 40 фотографии од кои 24 во голем и редок фотографски формат 100 на 70, 18 во формат 50 на 70 жителите на Њу Јорк ќе имаат можност да ги видат од  20 март до 3 април. „Охрид вечниот град и бисер на Европа“ е насловот на изложбара, а носечка фотографија на ова културно збиднување ќе биде фоографијата на Заливот на коските, фатен од перспектива од пред дожд и тоа од агол каде нема ни еден современ објект.„Фотографиите ќе бидат посветени исклучиво на...

Continue reading

saem za turizam

Саемите како модус на промоција, да или не?

Post Views: 1 Некои успешни, некои помалку успешни. Но колку навистина истите помагаат за развојот на оваа комплексна стопанска гранка треба сериозно да се дискутира. Неодамна Општина Охрид и Регионалната стопанската комора преку занаетчиството и туризмот, го претставија Охрид на ВИРОЕКСПО саемот во Хрватска. Во последно време многу слушаме и гледаме за саемите. Дали сеуште саемот е единствено место каде контактите помеѓу оние кои нудат и оние кои бараат, може непосредно да се остваруваат? Сведоци сме на посети на наши делегации, организирани било на локално или централно ниво. По...

Continue reading

merenje bucava

Бучавата сериозно атакува врз здравјето на мештаните, но и врз туризмот

Post Views: 7 Останавме без здравје, се жалат граѓаните на бучавоста која доаѓа  од угостителските објекти во градот и во Пешатани. Од  година во година бучавоста  станува се посериозен проблем кој негативно се одразува  врз здравјето на мештаните. Туристите  пак кои престојуваат во  стариот дел од градот и во околните туристички места се почесто бегаат од неподносливата бучава. Оние кои се занимаваат со приватно сместување резигнирано велат ,„останавме и без здравје и без пари“. За да се надмине проблемот со бучавоста, од пред три години е донесен и Закон за заштита од бучавост во...

Continue reading

NU Ohridsko leto

Предлог програмата готова, селекторите чекаат пари

Post Views: 13 И додека министерот го  објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за  настап на фетсивалот.  Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска.  Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција...

Continue reading

Goran Stojanoski

Хепиенд за љубителите на театарот

Post Views: 3 Стрезо Стаматоски верува во „хепиенд“. Еден е од актерите ентузијасти кои веруваа во создавањето на охридскиот театар. Своите студии ги завршил во Софија, Бугарија на престижниот „Љубен Гројз“ театарски колеџ, во класата на Енчо Халачов. На почетокот на постидпломските судии љубовта кон театарската игра и тоа во својот роден град го водат назад во Охрид. Според многумина тежок пат, според Стрезо, вистинскиот избор. Стаматоски се надева дека ќе биде дел од најавената априлска премиера. „Навистина беше тешко да се убедат одредени луѓе, особено родителите, зошто одбираш...

Continue reading

Аирлија театар

Post Views: 8 Градот Охрид го доби свјот професионален театар. Денес во Охрид Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска ја соопшти веста дека Владата на РМ ја усвои информацијата доставена од страна на Министерството за култура, за формирање посебна организациона единица Театар во состав на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“. Со ова постојаната мрежа од 5 тетари кои успешно дејствуваат во состав на центрите за култура во Велес, Прилеп, Куманово, Штип и Струмица од денес ќе се надополнат со новиот потенцијал на Охридскиот театар и ќе бидат стимул и продуктивен импулс...

Continue reading

kafe

Кафулиња одбиле да послужат гости со кафе и чај

Post Views: 0 Завршија Новогодишните и бројните верски празници кои следуваа по тоа ама останаа повторно угостителските пропусти кои му задаваат сериозен удар на туризмот на охридската ривиера.  До нашата редакција стигна реакција од гости незадоволни од угостителскиот третман на дочекот на Нова година    на плоштадот во Охрид.Тие  посакале во едно од бројните кафулиња на плоштадот да се напијат чај со рум, но останале непријатно изненадени кога од кафулето каде што нарачале пијалок ги одбиле со изговор дека таа вечер не послужуваат чај и кафе. Ваквиот однос на угостителите го осудуваат...

Continue reading

deponija

Изградба на регионална депонија?

Post Views: 3 И Македонија отсега на своите депонии ќе мора да одлага само селектиран цврст отпад. Станува збор за дел од европската легислатива која ќе мора да ја испочитуваме како земја кандидат за членство во ЕУ. Без разлика дали ќе станува збор за примарна или секундарна, селекцијата ќе мора да биде интегрален дел од идниот процес на одлагање на цврстиот отпад. Владислав Жупан, менаџер за проекти за локален развој вели дека привичната идеја за одлагање на неселектиран отпад, отсега не е опција. „На ниво на општина, ќе мора да се воведе примарна селекција на отпадот. Од друга...

Continue reading

Plaoshnik

Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци

Post Views: 4 Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци. Пред извесно време ново археолошко богатство беше најдено во непосредна близина на „св. Богородица Перивлепта“.Токму на ова место при најновите археолошки ископувања  откриени се околу 8 гробови. Тие се од Македонско- Хеленистичкиот период и го опфаќаат вториот и третиот век пред нашата ера. Археолошките пронајдоци се од огромно значење за нашето културно наследство вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство на Македонија. Во непосредна близина на една од куќите, заради потребата од инфраструктурни...

Continue reading

krst

Јован Делов го фати светиот крст

Post Views: 1 Дваесет и едногодишниот Јован Делов денес беше најсреќниот Охриѓанец. Тој од водите на езерото го извади светиот крст, кој од бродот „Галеб“ го фрли владиката на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј. Делов изјави дека се чувствува неверојатно и дека му посакува на секој од оние кои скокаат во водите на езерото да го доживее истото чувство. Видно возбуден Јован кажа дека седмиот обид за да го фати светиот крст, за него бил успешен. Манифестацијата започна во 9 часот со културно – уметничка програма и незаменливата топла ракија, која бесплатно се делеше на повеќе...

Continue reading

Боцевска

Центарот за култура доби 5 милиони денари за 2011

Post Views: 6 Од колачот на Mинистерствотo за култура, 5 милиони денари одат за центарот за култура “Григор Прличев“.  Покрај пари за традиционалните манифестации кои ги покрива министерството како што се Балканскиот фестивал за народни песни и игри,  Oхридските староградски средби, ансамблот на народни песни и игри Бисери, годинава има пари и за доделувањето на наградата Григор Прличев која е во склоп на Прличевите беседи, но и за многу други нови проекти. „ Доделени се средства за музичко балетската престава Палешка, промоијата во културно информативниот центар во Софија на писателот...

Continue reading

Adkom

Годишно собрание на АДКОМ

Post Views: 0 Поднесен извештајот за работата на АДКОМ. И годинава традиционално, ден пред Водици, Здружението на даватели на комунални услуги на Р. Македонија го одржа годишното собрание. На  состанокот беше презентирана предлог програмата за работа на АДКОМ за 2011 год. Оформување на база за подобро делување на комуналните претпријатија во земјава е главна цел за која лобирање пред Централната власт истакна потпретседателот на АДКОМ, Музафер Мурати. Мурати признава дека постојат низа проблеми од комуналната сфера, пред кои мора цврсто да се застане за да се надминат. Тој остави...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top