Ознака: кои

kino

Старото кино станува руина

Post Views: 2 Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на другата...

Continue reading

oko

Очните болести веќе не се болест на постарите

Post Views: 0 Дијабетичната ретинопатија, глаукомот и сенилната дегенерација се трите најчести причини за појава на слепило во Република Македонија. Но ако некогаш очните болести биле сметани за најчесто старечки болести, сега таа граница скоро и да не постои. Кај младата генерација намалувањето на видот е најчесто како последица на вродени рефракциски аномалии односно кратковидост, далекувидост и кривење на очите. Зголемените сончеви и космички зрачења, седењето во зачадени, климатизирани простории како и минување многу време пред компјутер или телевизор се само дел од мноштвото...

Continue reading

JP Komunalno strajk struga

Вработените од ЈП Комунално сеуште без плата

Post Views: 9 Ова не е политичка борба, туку борба за нашите социјални права, велат од штрајкувачкиот одбор. Својот револт штрајкувачите денеска го изразија пред дирекцијата на ЈП во градскиот пазар и истиот не само новинарите туку го слушна и директотот лично, кој додека вработените штрајкува на само пет шест метри од нив, мирно пиеше кафе. 60 % од вработени штајкот во кој си ги бараат своите плати го отпочнаа на 03.мај.  Од штрајкувачкиот одбор тврдат дека и покрај притисокот и мобингот кон вработените од страна на раководството на ЈП со цел да се откажат од своите синдикални права...

Continue reading

болница

Aнемија ги напаѓа децата

Post Views: 2 Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска. „Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...

Continue reading

месец

Месечината во перигеј фотографирана над Охрид

Post Views: 0  Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски  избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј. „Времето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се убави,...

Continue reading

strelastvo penzioneri

Пензионерите од Охрид и Дебрца се размрдаа

Post Views: 4 Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла. Овие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари. „Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до...

Continue reading

pantomima ck

Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид

Post Views: 3 Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред. „Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам...

Continue reading

opstina Struga

Во Струга мирно

Post Views: 6 Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност. Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите...

Continue reading

orav-petreski

Охриѓани прашуваа, евроамбасадорот одговараше

Post Views: 1 Aмбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав денеска меѓу охриѓани. Причина за тоа беше панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“ која се одржа во општина Охрид. Трибината беша организирана во рамките на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Орав рече дека овој ден се прославува не само во Европа туку и ширум светот и е потсетник на тоа што се случи во далечната 1962 год кога Европа беше ослободена од конфликти. Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во...

Continue reading

stopanska komora

Со арбитража до пократки правни спорови

Post Views: 0 Што е тоа арбитража? Ова е поим кој навистина е малку познат помеѓу граѓаните. Ако ве асоцираше на фудбалски меч, па и не сте премногу далеку од вистината. Арбитражата или арбитражното решавање на споровите е всушност еден алтернативен начин на решавање на споровите каде двете странки си бираат по еден арбитар, а еден арбитар назначува и претседателот на арбитражата. Арбитражната постапка се поведува се со цел да се избегнат некогаш и бесконечните судски постапки кои ви го трошат и вашето време и вашите пари. За жал овој начин на решавање на споровите сеуште не е доволно...

Continue reading

decinja so maski

„Здрава храна за детство без мана“

Post Views: 27 Јаболка, јаготки, цреши, моркови, патлиџани и многу други овошја и зеленчуци никнаа во дворот на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од петте објекти на оваа градинка на возраст од 4 до 6 години преку своите маски упатија порака до сите деца, но и возрасни дека треба здраво да се храниме. Секое од децата си има свое омилено овошје и зеленчук: „Јас сум јаболко зошто многу сакам да го јадам ова овошје“„Јас сум цреша, таа е најслатка“„Јас сум јаготка“ „Јас сум патлиџан, едвај чекам да дојде лето за да можам да јадам патлиџани, ама охридски“„Јас сум морков, го јадам како...

Continue reading

selo

Повеќе да го цениме богатството што го имаме

Post Views: 1 Македонија е една од ретките земји во кои има услови за занимавање со традиционално земјоделство и сточарство. Движењето на е екологистите на Македонија преку патувачка изложба низ целата држава, го претставува проектот со кој ќе се промовираат овие видови на стопански дејности.Низ четирите пилот региони во Македонија, Река, Мариово, Лакавица и Раткова скала кај Пробиштип, кој веќе и е заштитен како споменик на природата, експерти од областа на ботаниката и сточарството вршеа испитувања и идентификуваа семејства кои ги практикуваа земјоделството и сточарството со високи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top