Ознака: кои

kanal sverc, radozda

Уште една успешна акција на МВР

Post Views: 0 Во исклучително успешна и координирана акција предводена од граничната полиција  на МВР  во соработка на полициската станица од Струга, синоќа во Радожда во близина на караулата пронајдени се  26 килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица. „Синоќешната акција беше координирана со нашите служби и како резултат на оваа координација  беше реализирано приведувањето на двете лица од македонска страна кои што  се директни учесници во криумчерењето на риби и на опојна дрога марихуана. Исто така пронајдени се и одземени значителна количина риби околу 25 килограми...

Continue reading

sokaroski

Шокароски меѓу трпејчени

Post Views: 2 Дволичното и коруптивно владеење на СДСМ, најизразено во Трпејца, обвинува пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Харалампие Шокароски. Тој денес повторно меѓу трпејчани. Од таму порача, високиот партиски врв на СДСМ да дојде и да отседне во прекрасната Трпејца, па да им објасни на мештаните за непринцииелното и волунтаристичко однесување на староновиот кандидат за градоначалник Александар Петрески. „Да им објаснат на трпејчани зошто господинот Петрески дволично од една страна издава решенија за рушење на нелегални објкти а од друга страна не сака да ги спроведе што самиот ги донел...

Continue reading

Artur Barton

Дваесет години пеш по светот

Post Views: 15 Артур Богомил Бартон, минал пеш низ шест континенти, а вели дека километри броел се додека поминал 30.000. Патот од Европа, преку Црното море,  Босфорот, Истанбул, Грција, Света гора и Солун го довел во Охрид. Објаснува дека љубезните охриѓани кога го здогледале како пешачи, веднаш му понудиле храна и покрив над главата. Артур е воодушевен од убавините на Охрид и од односот на луѓето кои тука му понудиле храна и можност да преспие. Оваа илјадагодишна убавина и богатство на култура, не смее да се зема здраво за готово, вели тој. „Бидејќи сум бугарин по потекло, јас знам...

Continue reading

letuvanje

Лептокарија и Неа Пори летна шема на охриѓани

Post Views: 20 Поголем број охриѓани имаат традиција својот годишен одмор да го поминат на некоја странска туристичка дестинација. Најчесто избираат да летуваат на море. Ова лето сепак поголем број од нашите сограѓани ќе останат дома од разни причини. Нашите сограѓани, пак кои сакаат и можат да си дозволат промена ги избираат поблиските и поефтините туристички дестинации во соседните земји, нагласува Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Едно просечно  4-рo  члено семејство, за апартманско сместување покрај плажа, за 7 дена во Грција со организиран превоз, ќе го чини...

Continue reading

Katerina Poposka

Поради ДСГ методологијата и Охридската болница на ѕидот на срамот од ФЗУ

Post Views: 2 Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив  се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности  при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени...

Continue reading

konjsko

Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Post Views: 3 Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак,...

Continue reading

Dejan Panoski

Повторната кандидатура на Петрески, понижувачки однос кон Охрид

Post Views: 1 Продолжува политиката на неработење за доброто на Охрид, вели Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Паноски потенцира дека одлуката кандидатурата да се даде на истиот градоначалник и на истиот тим кој веќе осум години го раководи Охрид, е ништо друго освен понижувачки однос кон градот. Овој тим не покажа речиси ништо со кое што може да го одбележи своето досегашно раководење со градот Охрид, додава Паноски. „Затоа при претстојните посети, спиења во СДСМ ќе треба да одговорат зошто подржуваат една политика на неработење за доброто...

Continue reading

tate petreski

Петрески за противкандидат го посакува екс пратеникот Цветко Грозданов

Post Views: 6 СДСМ одлучи и повторно довербата му ја даде на актуелниот градоначалник Александар Петрески, со што го избра за кандидат за градоначалник од редовите на оваа партија.Имено,делегатите на СДСМ, на конференцијата која се одржа во саботата во Охрид, за Петрески гласаа едногласно и со акламација го избраа за кандидат за градоначалник. Петрески пак задоволен од довербата која му ја дадоа неговите сопартијци. Тој смета дека овие избори можеби ќе бидат натешки, но е и убеден дека на овие избори најуеверено ќе победи, и тоа не само тој како градоначалник, туку и најуверена победа...

Continue reading

nikoloski

Приватните станoиздавачи лути на општината

Post Views: 7 Охридските станоиздавачи го подигнаа својот глас. Тие денес пред претставниците на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, како и пред јавноста, се пожалија дека во екот на туристичката сезона, останале со бадијала подготвени соби за туристи и празни раце. За тоа вината ја гледаат во пренагласената урбанизација, како и несредената сообраќајна  состојба во градот посебно во делот на паркирањето. Во името на станоиздавачите на Охрид зборуваше Зоран Зафироски, кој истакна дека ова што му се случува на туризмот во градов не е коректно. „Самата урбанизација која дојде во Охрид од сопственици...

Continue reading

Arhelaos

„Архелаос“ и „Секспресија“

Post Views: 1 Владо Цветаноски, режисерот на драмата „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“, која саботата вечерта се одржа на просторот кај Заливот на коските, а во изведба на Драмскиот театар од Скопје,  истакна дека се чувствува како промотор на ова чудесно место, на кое веќе еднаш настапувал. „Заљубен сум во просторов. Исто така со „Крпен живот“ со народниот театар од Прилеп гостувавме овде, но тогаш не беше ова гледалиште направено. Господинот Кузман рече дека беше инспириран од претставата и дека поради неа го направил тоа гледалиште. Некако претставата со самиот свој...

Continue reading

izlozba Raunik

Графиките од „Светлина на Цар Самоил 46“-во куќата на Робевци

Post Views: 3 Куќата на Робевци понуди одличен амбиент за првата и веројатно најзначајната охридска изложба во творештвото на магистер Маја Рауник Кирков. Графиките се изработени во две техники и тоа техника на висок печат кој се карактеризира со линиски третман и техника на дигитални графики кои авторката вели се посебна провокација и инспирација за неа. „Оваа изложба ја подготвував скоро цел живот затоа што инспирација за оваа изложба е сликата која што ја видовме „Пенџерето на мојата куќа“, а тоа е мајка ми осветлена од една преубава светлина и таа слика нема само историско туку...

Continue reading

atleticar

На Олимпијада само четворица македонци

Post Views: 1 На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top