Ознака: кои

energetska efikasnost

Преку енергетска ефикасност, до заштеди во општинските буџети

Post Views: 1 Како до енергетска ефикасност во општините низ државава? Прифаќањето на овој концепт во функционирањето на општините, за резултат треба да  има огромни заштеди во општинските буџети. Овие средства понатаму би можеле да се искористат за финансирање на други сектори кои се од значење за граѓаните, од изградба на канализации, до водоводи и локални патишта. Министерството за локална самоуправа, преку Комисијата за меѓуопштинска соработка и Директорите на осумте центри за развој, ќе ги насочува општините до најповолните начини за финансирање на проекти кои се енергетски ефикасни. „Ние...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Каде се парите за јавна чистота?

Post Views: 3   Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за  јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна програма...

Continue reading

racni izrabotki web strana

Охрид доби електронска продавница за продажба на рачни изработки

Post Views: 1 Изработки од дрво, резби, икони, орнаменти, декорации, охридски бисери, накит, филиграни. Ова се само дел од прекрасните рачни изработки кои охридските занаетчии можат да им ги понудат на туристите, биле домашни или странски. Од денес, и официјално ваквите рачни изработки се достапни насекаде низ светот со само еден клик на вашето глувче. www.macеdonian-handicrafts.mk e веб страната на првата интернет продавница за рачни изработки во Охрид, а втора во државава. „Идејата е да се промовира занаетчиството како гранка која што е во изумирање, односно е слабо застапена во...

Continue reading

deca

Инцидентите во училиштата опаѓаат-мирот го чуваат агенциите за обезбедување

Post Views: 1 Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво. Оваа година биле регистрирани само 3 помали инциденти, 2 во средните и еден во  основните училишта.  Советодавната група граѓани составена од психолози, педагози од средните и основните училишта, полицијата, невладини органзаиции и центарот за социјални работи се задоволни од безбедносната состојба во охридските училишта. Ситуацијата е резултат на преземените превентивни мерки, укажува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.  „ Улогата на агенциите за обезбедување е крајно поволна Очекувано е оваа мерка...

Continue reading

lidem

ЛИДЕМ со нов претседател

Post Views: 10 Елена Смилеска Сметеноска е новиот претседател на подмладокот на охридските либерали, ЛИДЕМ. Таа беше  единствениот предложен кандидат за оваа позиција, која на вчерашниот состанок ја доби довербата од 42 делегати. Сметеноска потсети кои се нивните главни заложби. „Чест е да се биде дел од либерално демократскито тим. Како такви ние сме биле во првите редови на кампањи за добивање возачка дозвола на младите на 16 години -вели Сметеноска. Сметеноска потенцира дека во тек е формирање на нова кадровска поставеност во ЛИДЕМ, кои ќе ја заменат досегашната и ќе внесат освежување...

Continue reading

crven krst Ohrid

Низа активности на Црвениот крст по повод неделата за грижа на стари лица

Post Views: 0 Црвен крст Охрид како хуманитарна организација својата дејност во областа на социјалната заштита ја базира и на грижа за старите лица. Во таа насока и оваа  есен, традиционално, во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица од 17-24 ноември, Црвен крст Охрид под мотото „НИЕ сакаме-ВИЕ знете-ЗАЕДНО можеме” организира активности посветени на наШите повозрасни сограЃани. Денеска во просториите на ОО на Црвениот крст се мереше шеќер во крвта, крвен притисок, а се посетија и згрижените лица во во Геријатриското одделение при ОпШтата болница во Охрид  и лицата...

Continue reading

MJP kolektor

Британско Италијанска компанија ќе го решава проблемот со колекторот во Охрид

Post Views: 11 Стручен тим од оваа компанија од 15 до 17 ноември престојуваше во Охрид во МЈП Проаква, а  се сретна и со првите луѓе на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. „Во Охрид дојдоа со цела стручна екипа. Овде останаа три дена и ги видоа сите наши предности и недостатоци. Ни беше кажано дека според анализите кои ги направиле заклучиле дека на ниво на Македнија Проаква е одбрана како најиинтересна и најпогодна за инвестирање“, вели директорот на МЈП Проаква Златко Стакоски.    „Беа многу задоволни од состојбата која ја видоа и кај нас има една специфичност која...

Continue reading

rezija

Ќе се ревидира тарифникот за јавно емитување на македонска музика на ММИ

Post Views: 6 Владата ќе го ревидира тарифникот ММИ за јавно емитување на македонска музика. Овој контроверзен правилник кој го предложи новоформираното здружение Организација на македонска музичка индустрија или скратено ММИ, од неговото донесување па наваму сериозно оспоруван. По многубројните и бурни реакции од страна на локални и национални медиуми, како и од страна на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија и други субјекти, Владата на Република Македонија одлучи да изврши негова ревизија. За таа цел тие одредиле дека Министерството за култура...

Continue reading

Живот без пари

Post Views: 9 Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска. „Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели Димоска. Димоска...

Continue reading

strajk lekari Ohrid

И охридските лекари штрајкуваат

Post Views: 10   Поддршка на самостојниот синдикат на клиничкиот центар денес  му дадоа и докторите од општата болница од Охрид. Лекарите кои штрајкуваат интервенираат само на итни случаи, а на сите останати пациенти на кои состојбата не им е итна прегледите им се презакажуваат за други денови. Д-р Никола Симоновски, претседателот на синдикат на Општата болница Охрид вели дека прекинот на работата се одвива без никакви последици по пациентите бидејќи на сите оние кои им е неопходна здравствена помош истата им се пружа. Инаку, лекарите специјалисти бараат под итно укинување на проектот...

Continue reading

mozaici

Амамот Воска нов галериски простор во градов

Post Views: 10   18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор...

Continue reading

aerodrom na voda

Екологистите против идејата за аеродром на вода во Охридското езеро

Post Views: 4 Идејата за изградба на аеродром во водите на Охридското езеро, наиде на остра осуда кај еколозите.  Тие сметаат дека наместо вакви проекти, треба повеќе да се размислува за редуцирање на пловните објекти во Охридското езеро кои користат течно гориво. Ѓоко Зороски од Здружението на еколози „Грашница“ вели дека за ваков тип на проекти треба да се праша и другата страна, односно соседите од Албанија со кои го делиме езерото. Зороски вели дека според ЕСПО конвенцијата за прекугранични влијанија, секој проект кој може да предизвика штетни последици од евентуална хаварија,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top