Британско Италијанска компанија ќе го решава проблемот со колекторот во Охрид

Британско Италијанска компанија специјализирана за третман на отпадни води и третман на цврст отпад, заинтересирана за инвестиции во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
MJP kolektor
МЈП колектор

Стручен тим од оваа компанија од 15 до 17 ноември престојуваше во Охрид во МЈП Проаква, а  се сретна и со првите луѓе на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. „Во Охрид дојдоа со цела стручна екипа. Овде останаа три дена и ги видоа сите наши предности и недостатоци. Ни беше кажано дека според анализите кои ги направиле заклучиле дека на ниво на Македнија Проаква е одбрана како најиинтересна и најпогодна за инвестирање“, вели директорот на МЈП Проаква Златко Стакоски.   

„Беа многу задоволни од состојбата која ја видоа и кај нас има една специфичност која е погодна за нашиов Zlatko Starkoski дел. Тие нас ни нудат решавање на проблемот со пречистување на вода. т.е колекторскиот систем со помали инвестициски зафати. Не одат на нашто многу скапо, туку на економично и помали пречистителни станици. Ние му доставивме комплетна документација за моменталната состојба на колекторскиот систем и проблемите или надградбата која треба да ја направиме на колекторскиот ситем за подобро фукционирање на истиот“, вели директор на МЈП Проаква, Златко Старкоски.

Старкоски признава дека проблемот со отпадните води мора под итно да се реши. Само во летниов период во два наврати при интензивни дождови се покажа дека колекторскиот систем физички таа вода не можеше да ја прими.  Ова е јасен показател дека итно треба да се одвои фекалната од атмосверската канализација.  
„Врз база на нашите документации кои им ги доставивме тие ќе направат стручна анализа и ќе ни достават најекономични решенија, а после тоа спремни се и за нивно инвестирање. Тука гледаме реална шанса и можност овој проект навистина да биде реализиран бидејќи с еработи з апомали инвестиции но посигурни“, вели директорот Старкоски.

„ Ако направам споредба со јапонската делегација која исто летово беше дојдена и изврши стручна анализа atmosverska kanalizacija на целиот колекторски ситем и предложи решение, но тоа решение е премногу скапо. Се работи за над 50 милиони евра, ова не само за Охрид, туку и за цела држава е премногу. Во овој случај иамем и поефикасно решавање на проблемот, поекономично и поприфатливо  и економски и технолошки за нашиве потреби“, додава Старкоски.

Гостите од Британско Италијанската компанија со Петрески и Мерко разговарале и за третманот на цврстиот отпад, при што понудиле решавање и на овој проблем.
 
Старкоски не откри по кој модел ќе се направи инвесицијата во Охрид, затоа како што кажа  многу малку разговарале на таа тема Тој додава дека најпрво треба да се види  колкава е инвестицијата и кое е најдоброто решение, колку истото ќе е прифатливо, за на крај да се одлучи кој модел ќе се прифатиме.

Дознаваме дека до Нова Година преставици од оваа фирма повторно ќе дојдат во Охрид, а многу веројатно е и дека делегација од Охрид ќе отпатува за Италија и ќе се посети фирмата со која најверојатно ќе се започне долга соработка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top