Ознака: кои

stop sop

Стоп Шоп со уште една продавница

Post Views: 4 Стоп – Шоп отвара нова продавница 5 та по ред во градов.  Тајната на успехот на семејниот бизнис на Јованоски е во добрата понуда на производи по поволни цени како што кажа менаџерот на продавниците Горан Јованоски. Со отварањето на оваа продавница се воведува еден нов иновативен концепт на уредување на продажниот простор, по примерот на светските трендови кој ќе има свое влијание кај потрошувачите, додава Јованоски. „Тоа е еден голем успех кој што го доживеавме благодарение на ематијата која што ја имаме со нашите купувачи се движиме во чекор со нив ги препознаваме...

Continue reading

sdsm

Кузески: ВМРО- ДПМНЕ да даде отчет за 7 те милиони евра за изградба на болницата

Post Views: 4 СДСМ на денешната прес конференција, од ВМРО – ДПМНЕ побара отчет за потрошените 7 милиони евра, народнни пари за реконструкција на општа болница Охрид. Гласноговорникот на СДСМ Александар Кузески нагласи дека охриѓани не можат да заборават на три годишната голгота, без секундарната здравствена заштита, кога се мачеле да добијат здравствени услуги од другите градови, посебно од областа на гинекологијата, анестезија, урологија и др. Тој запраша: До кога лекарите и останатиот медицински персонал, кои стручно и совесно си ја вршат својата работа ќе бидат маргинализирани...

Continue reading

улица

Се асфалтираат улици низ Охрид

Post Views: 0 Градоначалникот Бакрачески деновиве заедно со дел од најблиските соработници, изврши обиколка на улиците на кои се вршат инфраструктурни зафати. Градежни активности се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петров“ и „Железничка“. Во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтираат повеќе краци и тоа : Прв крак со површина од 220 м2,Втор крак со површина од 410 м2,Трет крак со површина од 300 м2,Четврт крак со површина од 220 м2,Пети крак со површина од 460 м2,Шести крак со површина од 95 м2,Седми крак со површина од 590 м2,Осми крак со површина од...

Continue reading

снег

Снежно априлско утро во Охрид

Post Views: 3 И Охрид утрово не беше поштеден од врнежите од снег кои го зафатија поголемиот дел од нашата држава. Врнежите во нашиот град за среќа се од помал интензитет и не предизвикуваат проблеми во одвивањето на градскиот сообраќај. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно, претпладне со обилни врнежи од дожд, на повисоките места...

Continue reading

Признавањето за еболата стигна во јавноста

Post Views: 4 Луѓето од светската здравствена организација (WHO), кои се борат против епидемијата  на ебола во западна Африка, имаат докази дека известувањата за бројките на заразени и починати го потценуваат размерот на епидемијата, рекла WHO на својата интернет страница. Бројот на починати во најголемата светска епидемија на ебола во средата била 1069 од 1975 потврдени, веројатно и сомнителни случаеви, рекла WHO. Признавањето на организацијата дека состојбата е полоша од тоа што се мислеше би можело да ги поттикне владите и хуманитарните организации да превземат посилни мерки во...

Continue reading

sud

Илјадниците тужби против ЕВН, пресудни за лошата оценка на охридскиот суд

Post Views: 3   Основните судови од Охрид и Штип, како и Вишиот Управен суд се трите судски инстанци кои потфрлиле во својата работа, според генералната оценка на Врховниот суд за изминатата година. Според извештајот за работата на судовите за 2013 година Охридскиот суд не го совладал приливот на предмети. Лавината од тужби кои паднаа врз охридскиот суд 9242 на број, пристигнати само во 2013 до толку го зголеми обемот на работа што судот не успеа во целост да се справи. Илјадниците тужби на граѓаните против ЕВН за стекнување без основ, односно за незаконски наплатените 6 ден за манипулативни...

Continue reading

arogancija

Жените паѓаат на ароганција а мажите на насмевка

Post Views: 7 Жените помалку ги привлекуваат мажи кои се секогаш насмеани, нив повеќе ги привлекуваат гордите, моќни, дури арогантни личности, покажало неодамна спроведеното истражување. Мажите пак, од друга страна, ги привлекуваат жени кои оставаат впечаток на среќна личност и задоволна со својот живот, а најмалку им се допаѓаат девојки кои “пукаат” од самодоверба. Научниците од универзитетот Британска Колумбија спровеле истражување во кое се занимавале со прашање за човековата сексуалност. Помеѓу останатото, се обиделе да утврдат зошто жените неможат да одолеат на “лошите”...

Continue reading

sdsm

Танасоски: „Богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“

Post Views: 1 Платформата на која се темели политичката програма на СДСМ, поаѓа од предизвиците со кои се соочува државата, и нуди реални, остварливи концепти кои можат да донесат позитивни промени за нов почеток, рече кандидатот за пратеник од СДСМ, Ѓоко Танасоски. Тој наброја дел од мерките содржани во програмата на СДСМ кои ќе ги реализирааат доколку ја добијат довербата на народот. 0% персонален данок за земјоделците, враќање на 15% од ДДВ на секој граѓанин,намалување на персоналниот данок од 10% на 9%, за 40% повисока социјална помош, намалување на глоби/казни  за најмалку 50%,...

Continue reading

nikola gruevski

Многу проекти и подобра иднина за Охрид, вети Груевски

Post Views: 10 Вие ништо не му должите на ВМРО ДПМНЕ. Наша обврска е да создадеме подобри услови за живот, им се обрати синоќа  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на сите присутни на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ каде ВМРО ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува митингот за предвремените парламентарни избори.  Тој рече дека народот знае да направи разлика па затоа во првиот круг на претседателските избори со толкава предност водел нивниот кандидат за претседател, Ѓорѓе Иванов. –Уште еднаш се казнети оние кои во својата политичка кариера...

Continue reading

bolnica

Вмро Дпмне : Реконструкција на охридските здравствени установи

Post Views: 0  Проекти со кои ќе се реконструираат охридските здравствени установи најавија  кандидатите за пратеници од Вмро Дпмне. Никола Бакрачески член на Извршниот комитет на Вмро Дпмне се осврна и на можноста за едукација на медицинскиот кадар во европските  земји и Америка.  65 милиони евра ќе бидат иневстирани во обнова на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охридски со рок на реализација  до 2017 година. Проектот ќе биде спроведуван во неколку фази.„ Прва фаза е реновирање на централната, стара болничка зграда за ортопедија и трауматологија. Реорганизација...

Continue reading

genetika

„Генетика на кучињата“ утре пред охриѓани

Post Views: 8 Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.  Овој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација на истата. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на подготовка...

Continue reading

Пет работи кои морате да ги знаете за Facebook Messenger

Post Views: 1 Facebook Messenger апликацијата се појави пред три години, а околу неа се појавија и многу контроверзи кои денес се актуелни. Како што пренесува ajc.com, Facebook во последните неколку недели ги предупреди корисниците на Android и Apple дека апликацијата е задолжителна за да се задржи функционалноста на праќање и примање пораки. Сепак, незадоволните корисници не сакаат да ја превземат апликацијата, а за да им помогне и да ги објасни својствата на апликацијата, Facebook направи страница за поддршка на корисниците. Што е Facebook Messenger? – Станува збор за бесплатна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top