Жените паѓаат на ароганција а мажите на насмевка

Жените помалку ги привлекуваат мажи кои се секогаш насмеани, нив повеќе ги привлекуваат гордите, моќни, дури арогантни личности, покажало неодамна спроведеното истражување.

 |  Маја Савиќ  | 
arogancija
ароганција

arogancijaЖените помалку ги привлекуваат мажи кои се секогаш насмеани, нив повеќе ги привлекуваат гордите, моќни, дури арогантни личности, покажало неодамна спроведеното истражување.

Мажите пак, од друга страна, ги привлекуваат жени кои оставаат впечаток на среќна личност и задоволна со својот живот, а најмалку им се допаѓаат девојки кои “пукаат” од самодоверба.

Научниците од универзитетот Британска Колумбија спровеле истражување во кое се занимавале со прашање за човековата сексуалност. Помеѓу останатото, се обиделе да утврдат зошто жените неможат да одолеат на “лошите” момци.

Во студијата биле вклучени 1000 возрасни испитаници кои ја оценувале привлечноста на личности од спротивниот пол на основа на стотина фотографии кои прикажувале различни емоции од среќа до гордост и ароганција.

Резултатите од истражувањето покажале голема разлика меѓу половите: жените “паѓаат” на ароганција, а мажите на насмевка.

nasmevka“Жените ги привлекуваат мажи кои имаат помалку арогантен израз на лицето, бидејќи тоа праќа порака за добар статус во општеството, и ги прикажува како доминантни во заедницата. Мажите кои се смејат остават впечаток на аутсајдер, како да признаваат дека не се доминантни, а тоа жените не го сакаат”, вели психологот д-р Десика Трејси, која била лидер на истражувачкиот тим.

Мажите реагираат сосема поинакво, па ги привлекуваат девојки со широка насмевка на лицето.

Сепак, научниците велат дека целта на нивното истражување било испитување на сексуалната привлечност “на прв поглед”, така да од испитаниците се очекувало само да кажат кој бил нивниот прв впечаток, дали личноста на фотографијата е привлечна или не.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top