Ознака: кои

kucinja

Охрид сардисан од кучиња скитници

Post Views: 3 Кучињата скитници повторно го окупираат градов.  Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани  преплашиле, нападнале па дури и касналее. Охриѓани бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа вели дека овој проблем се провлекува години наназад. ...

Continue reading

alijansa

Бучковски: „Ние немаме 2046 проекти, ние имаме три, реално остварливи проекти“

Post Views: 5 Коалицијата за позитивна Македонија со митинг пред охриѓани. Вработувања, меѓуетничка толеранција, почитување на разликите, и владеење на правото, се дел од ветувањата и заложбите на кои вчера пред граѓаните се обврза оваа партија. Носителот на листата во втората изборна единица и претседател на главниот одбор на АПМ, проф. д-р Владо Бучковски, ги презентираше трите проекти кои според него се реални и остварливи, а за кои тие ветија дека ќе се заложат во новата влада.  Тие се однесуваат на развој на аграрот, поддршка на младите кои имаат добри бизниси со кредити во висина...

Continue reading

dpmne kandidati

Целосна промена на казнената политика за стопанските субјекти, најавија од Вмро Дпмне

Post Views: 10 Промена на инспекцискиот систем и системот на казни во  РМ за стопанските субјекти, а обезбедување на низа мерки за развој на малите и средни претпријатија, најавија од Вмро Дпмне. Меѓу промовираните мерки се  намалување на високите кирии  за најмување на деловен простор со кои стопанисува Јавното претпријатие. Обезбедување на владина финасиска помош за секоја мала компанија на која ќе и е потребна помош од странски експерт. Субвенционирање на дел од имплементација на  ИСО , Хасап и Халал системите, се дел од  мерките кои на   денешната прес конференција ги презентира...

Continue reading

Четири фактори кои одредуваат колку долго ќе живеете

Post Views: 1 Спрема најновата студија објавена во часописот “Превентивна Медицина”, животниот век е можно да се продолжи ако се избегнуваат четирите лоши навики: пушењето, алкохолот, лошата исхрана и неактивноста. Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16.721 луѓе, со старост од 16 до 90 години. Целта на истражувањето била да се утврди како здравите животни навики изгледаат во бројки и потоа да се докаже дека избегнувањето на овие лоши навики можат да допринесат за продолжување на животниот век. Истражувањето покажало дека пушењето е дефинитивно најголем...

Continue reading

ftu

Отворен ден со матурантите на ФТУ-Охрид

Post Views: 2 Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите. Тие ќе имаат можност да ги посетат просториите на факултетот, да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми кои можат да ги изберат, како и со лабораториите кои ги поседува факултетот и ги користи за едукативни цели. Факултетот има обезбедено промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти, како и дополнителни информации поврзани со студирањето. На отворениот ден матурантите ќе бидат пречекани од раководителите на студиските програми,...

Continue reading

Охридско езеро

Туристичките агенции имаат нелојална конкуренција

Post Views: 4 Се почеста е појавата станоиздавачи и туристички водичи да го кршат законот за туристичка дејност, посочуваат засегнатите туристички работници. Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А се соочуваат со нелојална конкуренција, укажува Елида Битрак од агенцијата Елида турс. „Со голем број на нелојални станоиздавачи и туристички водичи, голем број од нив директно контактираат со други странски агенции надвор од државаат и прават аранжмани што не е во ред. На тоа треба да се стави крај“, смета Битрак.Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А како организатори...

Continue reading

logo

Работилница на ФЗОМ за охридските пензионери

Post Views: 7 На 22.04.2014 година,(вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување,како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите...

Continue reading

konjicki trki

Коњички трки во охридско Велгошти

Post Views: 14 Во селото Велгошти по традиција на најголемиот христијански празник – Велигден  се одржуваат  две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со јаже меѓу  мештаните  од горното и долното селски мало. Илија Крлески беше победникот во коњичките трки, при што на тројцата најдобро пласирани натпреварувачи градоначалникот Бакрачески им  ги врачи пехарите и симболичните парични награди. Во влечењето со јаже поголема среќа имаа натпреварувачите од горното мало кои како победници на трката  беа наградени со живо јагне и буренце со вино. Со намера овие две традиционални...

Continue reading

logo

ВМРО Народна: Југозападниот регион целосно да стане технолошко-индустриска развојна зона

Post Views: 3 ВМРО Народна партија како дел од својата изборна програма најави економски раст и развој на југозападниот регион на Република Македонија. Според кандидатот за пратеник од Народна, Владо Цветкоски, токму регионот во кој спаѓа и нашиот град е еден од најсиромашните региони во земјава. Цветкоски смета дека овој регион има најголема невработеност, најлоша патна инфраструктура и најмалку инвестиции во последните 8 години. Тој потенцираше дека пратениците од ВМРО Народна партија ќе се залагаат за развој на индистријата, земјоделието со сточарството и туризмот. Според Народна,...

Continue reading

Ако сакате да живеете во потполно мирна земја, изборот е слаб

Post Views: 4 Покрај кризата во Газа, растот на исламистичките милитанти во Ирак и Сирија и случувањата во Украина, понекогаш се има впечаток дека цел свет војува, пишува The Independent. Институтот за економија и мир спровел студија која покажала дека од 162 опфатени земји, само 11 не се вклучени во спор од било која природа. Уште полошо е тоа што од 2007 година во светот станува сѐ полошо на таа тема. Постојат земји кои не се вклучени во меѓународни конфликти, но ги разоруваат интерните конфликти. Од друга страна Велика Британија е пример кој релативно е слободна од внатрешни конфликти,...

Continue reading

promeni sdsm

Спас за стечајците, иднина за младите, СДСМ презентираше дел од изборната програма

Post Views: 10 Носителот на кандидатската листа за пратеници од редовите на СДСМ, во петтата изборна единица, Васко Ковачески, денес на средба со охридските кандидати за пратеници, но и средба со граѓани и бизнисмени од градов. Еве која е целта: „Ќе им ја презентираме нашата изборна програма, ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК. Програма која нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби…..Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро.Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана...

Continue reading

jajca

Контролирана исхрана после пост

Post Views: 0 По седум неделното испостување на организмот, Велигденската трпеза богата со месо, јајца, млечни производи носи одреден ризик кон здравствената состојба на граѓаните, укажуваат докторите. На некои тешко им паѓа промената во начинот на исхрана, нагласува д-р Виолета Мицкоска. Таа додава дека при преминување од пост на покалорична празнична храна, не ретко се случува да се претера. Бидејќи храната не служи само за да се засити гладот, туку и да се обезбеди функционирање на телото, како за неговите основни потреби, така и за ситуации на посебни потреби, и по завршување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top