Tag: кариера

Чудесниот Меси испиша историја

Дали овој рекорд некогаш ќе биде срушен? Со два погодоци кои ги постигна со Гранада, феноменалниот Аргентинец стигна до голем јубилеј. Имено, Лионел Меси во саботата ги постигна својот 400 и 401 гол во кариерата. Од своето деби (октомври 2004) за првиот тим на Барселона овој виртуоз постигна 359 голови во сите натпреварувања (Примера, Куп на кралот, Лига на шампиони, Супер-куп на Шпанија, Супер-куп на Европа, Светско клупско првенство). На ова треба да се придодадат 42 погодоци за репрезентацијата на Аргентина и сега е на бројка од 401 погодок во кариерата, пишува El Mundo Deportivo, “нечуено...

Continue reading

Ибрахимовиќ влезе во историјата

Втор фудбалер на кого тоа му успеало во кариерата Напаѓачот на шведската репрезентација и на францускиот првак ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, стана втор фудбалер во историјата кој во текот на својата кариера постигнувал голови во секоја минута од натпреварот. Во неодамнешниот пријателски натпревар против Естонија постигна два гола за репрезентацијата, а вториот погодок го постигна во 24 минута и така го комплетира својот неверојатен статистички податок. Ибрахимовиќ за време на својата кариера постигнал 369 голови за ПСЖ, Барселона, Милан, Интер, Јувентус и Ајакс, а интересно е тоа дека најмногу погаѓал...

Continue reading

mrvica

Најголемиот кросовер пијанист на денешницата, Максим Мрвица ќе дава нова димензија на Охридско лето

Публиката ќе може да ужива во избор од најдобрите кросовер композиции на Мрвица, но ќе може да се слушне и неговата виртуозност во класиката. Големиот пијанист за прв пат доаѓа во Охрид, а себеси се доживува како класичен пијанист. Најпознатиот и најпродаваниот кросовер пијанист на светот, Максим Мрвица ќе ги спојува класичното и современото на сцената на Антички. Хрватскиот виртуоз на пијано, кој за прв пат гостува на Охридско лето и воопшто во Македонија, вели дека му е навистина мило што после подолг период конечно ќе има свој настап на нашиот реномиран фестивал. Мрвица ќе отсвири избор од...

Continue reading

Светската пливачка легенда во агонија

Завршил на интензивна нега, би можел да остане без рака Спрема наводите на австралиските медиуми, Јан Торп (31), добил инфекција по операција на рамото кој ја правел во Швајцарија. Тој се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Сиднеј, и прима терапија со која докторите прават напори да ја елиминираат инфекцијата поради која би можел да остане без левата рака. Во февруари беше објавено дека Торп се бори со депресија поради болки во левото рамо. Своите најголеми успеси во кариерата Торп ги отствари на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, на кои освои три злата и две сребра, а вкупно...

Continue reading

Ana Durlovski

Ана Дурловски ќе пее во Метрополитен операта во Њу Јорк

Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера.   Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера. Дурловски ќе настапи како Kралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта” на Моцарт, улога со која пред речиси осум години дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера. Дурловски за „Дневник” вели дека оваа улога на- Kралицата на ноќта, веќе подолго време е на нејзиниот репертоар, работена во повеќе од 15 сценски и режиски видувања и тоа секако дава сигурност. Сценските проби во Њујорк...

Continue reading

PAco de Lucia

Почина Пако де Лусија

Пако де Лусија, шпанскиот гитарист и еден од најголемите шпански музичари на 20-от век почина  на возраст од 66 години, денес во Мексико. Пако де Лусија, шпанскиот гитарист и еден од најголемите шпански музичари на 20-от век почина  на возраст од 66 години, денес во Мексико. Станува збор за првиот шпански гитарис кој доби почесен докторан на престижниот Беркли колеџ, за музика од Бостон САД, Беше синоним за фламеко гитарата и истовремено еден од најоригиналните уметници од овој жанр. Во кариерата која траеше со децении, славата на фламеко музиката ја однесе низ целиот свет. Иако за време на...

Continue reading

Ole Bjorndalen

Најуспешниот зимски олимпиец на сите времиња

Норвешкиот биатлонец Оле Ајнар Бјорндален стана најуспешниот спортист на Зимските олимписки игри на сите времиња откако го освои 13-тиот медал. Норвешкиот биатлонец Оле Ајнар Бјорндален стана најуспешниот спортист на Зимските олимписки игри на сите времиња откако го освои 13-тиот медал. Тој како член на норвешката мешана штафета го освои златниот медал во Сочи, осми во својата кариера. Четириесетгодишниот Бјорндален со тоа го собори сопствениот рекорд кој го делеше со сонародникот Бјорн Дели. Бјорндален, кој исто така во својата кариера има освоено 19 титули на светските шампионати, a походот...

Continue reading

Lamar Odom

Ламар Одом доаѓа во европската кошарка

Ветеранот, откако не успеа да пронајде ангажман во НБА лигата, оваа сезона би требал да ја доигра во дресот на Лаборал Каха. Еден од најпознатите европски кошаркарски менаџери, Мишко Ражнатовиќ, на чиј список на клиенти се наоѓа и Перо Антиќ, е најзаслужен за новиот ангажман на Ламар Одом, негов прв вон НБА лигата. Искусниот крилен центар се очекува оваа седмица да го официјализира потписот со шпанската Лаборал Каха, екипа во која тој би требал да остане најмалку до крајот на оваа сезона. Како што најавуваат некои американски медиуми, во договорот на Одом нема да има клаузула која ќе му дозволи...

Continue reading

Jay Leno

Легендарниот комичар Џеј Лено, заминува во пензија

Легендарниот американски комичар Џеј Лено вчера го објави последното вечерно шоу со што ја заврши својата кариера и заминува во пензија. Легендарниот американски комичар Џеј Лено вчера го објави последното вечерно шоу со што ја заврши својата кариера и заминува во пензија. Тој своето последно шоу го најави со зборовите: – Драга, се враќам дома По 22 години кариера Лено заминува во пензија  како популарен водител на Ноќното шоу со Џеј Лено на телевизискиот канал Ен-Би-Си. На местото на Лено, Ен-Би-Си го префрли комичарот Џими Фелон, кој досега го држеше терминот по полноќ, веднаш по шоуто...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top