Крај на кариерата на Дејвид Бекам

Соиграчите го прегрнуваа, а солзите не можеше да ги запре.

 |  Голабовски Крсте  | 
David Beckam
Дејвид Бекам

Соиграчите го прегрнуваа, а солзите не можеше да ги запре. Доби овации на “Паркот на принцовите“, а потоа и голема “татковска“ прегратка од Анчелоти. Дејвид Бекам и официјално ја заврши фудбалската кариера.

Дејвид Бекам заврши една голема фудбалска кариера. Во 81-та мин. четвртиот судија го подигна знаменцето за извршување замена со бројот 32, тоа значеше дека после 20 години оди во заслужена пензија. Бекам беше заменет од Лавеци.

David BeckamВо богатата кариера ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед во 1999-та година, а потоа и титулата во првенството со клубот од Олд Трафорд, настапуваше за Реал Мадрид, Милан и Лос Анџелес Галакси.

Во 719 клупски настапи постигна 129 гола. За Англија имаше 115 настапи и реализираше 17 гола.
Дејвид Бекам сигурно ќе остане запаметен во светската фудбалска историја, светот му се заблагодарува за се што стори во фудбалот, со неговите одлични игри, придонеси…Секоја чест за Дејвид Бекам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top