Секс и брза храна, тајната на успехот на Болт

Најбрзиот човек на денешницата, светскиот рекордер Усаин Болт издаде своја автобиографија, за досегашните случувања во неговата богата атлетска кариера, откривајќи и делови од приватниот живот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Usein Bolt
Усеин Болт

Најбрзиот човек на денешницата, светскиот рекордер Усаин Болт издаде своја автобиографија, за досегашните случувања во неговата богата атлетска кариера, откривајќи и делови од приватниот живот.
 
Usein BoltТој не сакал да се откаже од сексот ниту во пресрет на Олимписките Игри во Пекинг, иако тоа било стриктна наредба од неговиот тренер, а прекрасно си поминал на вечера со Хајди Клум и со Сандра Булок.

„Имав 22 години, а тренерот ми вели дека треба да апстинирам од сексот. Нормално дека не го послушав, иако сакав да бидам најбрз. Но, тоа го постигнав и без да се откажам од сите задоволства“, пишува Болт во својата автобиографија.

Ќе го памети дружењето со Хајди Клум и со Сандра Булок.

„Танцувавме, пиевме шампањ, си поминавме одлично. Но, ништо друго не се случи, како што пишуваа некои медиуми. Иако, секако не би ги одбил ниту Хајди, ниту Сандра“, истакнува спринтерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top