Tag: зајдисонце“

Заврши јубилејното „На зајдисонце“ во Трпејца

Синоќа со настапот на пејачката група и оркестарот од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид во Трпејца успешно беше заокружено десеттото јубилејно издание од Културно – забавното лето „На зајдисонце“. Под уметничко раководство на Татјана Тренеска младите изведувачи и инструменталисти уште еднаш преку својата маестрална изведба ги потсетија присутните на македонските музички и песнопојни бисери. Ретко доживување, особено за младата публика и странците беа народните инструменти, кавал, тапан и тамбура.Оркестарот беше засилен во инструменталниот дел со проф. по музика Љупчо Аслимоски и музичкиот...

Continue reading

ЗАПОЧНА ДЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА

На отворањето пригодно обраќање имаше заменик – градоначалникот на Охрид, Ристо Николески. -Почитувани вљубеници во трпејчките зајдисонца, добровечер и добредојдовте на уште едно издание „На зајдисонце“ во преубавата Трпејца. Вечерва по десетти пат се собираме да го означиме почетокот на една од најавтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. Дополнително радоста е поголема оваа година бидејќи се слави еден мал јубилеј 10 успешни изданија и само по себе „На зајдисонце“ прераснува во една традиционална манифестација. Групата ентузијасти која е најзаслужна...

Continue reading

Уште едно зајдисонце во Охрид

Давид Велкоски ни испрати слика со уште едно зајдисонце во Охрид. Сликата е во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната Телевизија ТВМ. Бидете и вие дел од #ТиСиТвојотГрад. Покажете ни што ве интересира, што ви пречи, што ви се допаѓа, што сакате да се смени, а што да се пофали… Пратете ни слика или снимка и добијте подарок или ваучер. Вашите слики може да ни ги пратите на нашата меил адреса tisitvojotgrad@tvm.mk или пак во порака на страниците на ТВМ на социјалните мрежи.

Continue reading

10-то јубилејно издание „На зајдисонце” во Трпејца

Летото се очекува да го прогласи за отворено Ристе Николески, заменик градоначалник на Општина Охрид која е покровител на манифестацијата сите овие години. Манифестацијата по втор пат е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десет годишнината ќе биде прикажан и видео материјал под наслов „Ние на зајдисонце“. Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“. Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах проф. д- р Теон...

Continue reading

Зајдисонце во Охрид

Еден од најубавите моменти во Охрид е зајдисонцето, особено ако го гледаме од Охридското крајбрежје.  Во проектот „Ти си твојот град“, наши сограѓани веќе започнаа да ни испраќаат слики и да ги лоцираат лошите практики и однесувања во секој дел од градот, но и да ги покажат убавините со кои изобилува Охридскиот регион. Секако дека во овој проект можат да учествуваат и лица од Струга, Вевчани и Дебрца. Денес ни пристигна оваа прекрасна фотографија од зајдисонце, прикажано од брегот на Охридското езеро.

Continue reading

Во понеделник започнува деветтото „На зајдисонце“ во Трпејца

На 20 јули, од 20 и 30 часот, токму на зајдисонце во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе започне новото издание на Културно – забавното лето во Трпејца. Честа да ја отвори манифестацијата со изложба на свои ракотворби – филигран со срма ќе и’ припадне на Дијана Велјаноска од Охрид, која по мајка е од Трпејца. На отворањето, во музичкиот дел со свои хитови ќе настапи познатата македонска естрадна ѕвезда Верица Пандиловска. Следниот ден во вечерниот термин ќе биде промовирана новата книга на Академик Миле Миќуновиќ под наслов „Метафора“ во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“...

Continue reading

Заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца

Со впечатливиот настап на групата „Сарај“ од Охрид во кој доминираше староградската песна и доделување на благодарници и признанија на помагателите на културно – забавното лето вчеравечер заврши осмото „На  зајдисонце“ во Трпејца. Со впечатливиот настап на групата „Сарај“ од Охрид во кој доминираше староградската песна и доделување на благодарници и признанија на помагателите на културно – забавното лето вчеравечер заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца. Вчера се одржа и традиционалната прошетка низ Националниот парк Галичица по патеката Чоколско. Во неделата вечерта беше заокружена првата...

Continue reading

На културно – забавното лето „На зајдисонце“ гостуваа Фолклорен ансамбл и оркестар од Модра – Чешка

Беше тоа една исклучително интересна вечер во која публиката уживаше во фолклорот од Моравија, носиите и уникатните инструменти кои се обележје на регионот Модра. Гостите од Чешка претходниот ден настапија во Охрид, во детското одморалиште „Славејче“. Беше тоа една исклучително интересна вечер во која публиката уживаше во фолклорот од Моравија, носиите и уникатните инструменти кои се обележје на регионот Модра. Гостите од Чешка претходниот ден настапија во Охрид, во детското одморалиште „Славејче“. Тие беа гости на Здружението „За Трпејца со љубов“. Синоќа на сцената кај Бунарот како што ја...

Continue reading

СТАРТУВАШЕ КУЛТУРНО-ЗАБАВНОТО ЛЕТО „НА ЗАЈДИСОНЦЕ” ВО ТРПЕЈЦА

Со настап на  Фолклорниот ансамбл „Бисери“ и Ликовна изложба, викендов во Трпејца започна годинешното издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“. Со настап на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ и Ликовна изложба, викендов во Трпејца започна годинешното издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“. На свченото отворање на манифестацијата која се одржува по 8-ми пат, во името на Локалната самоуправа се обрати Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска. – Секое доаѓање тука, во овој уникетен предел на брегот на нашето Охридско Езеро, значи едно ново доживување, една...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top