• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На културно – забавното лето „На зајдисонце“ гостуваа Фолклорен ансамбл и оркестар од Модра – Чешка

На културно – забавното лето „На зајдисонце“ гостуваа Фолклорен ансамбл и оркестар од Модра – Чешка

Беше тоа една исклучително интересна вечер во која публиката уживаше во фолклорот од Моравија, носиите и уникатните инструменти кои се обележје на регионот Модра. Гостите од Чешка претходниот ден настапија во Охрид, во детското одморалиште „Славејче“.

 |   | 

Беше тоа една исклучително интересна вечер во која публиката уживаше во фолклорот од Моравија, носиите и уникатните инструменти кои се обележје на регионот Модра. Гостите од Чешка претходниот ден настапија во Охрид, во детското одморалиште „Славејче“. Тие беа гости на Здружението „За Трпејца со љубов“. Синоќа на сцената кај Бунарот како што ја викаат трпејчани гостуваше куклениот театар „Си беше еднаш“ од Охрид. Децата и возрасните уживаа во изведбите на брачната двојка Снежана и Тони Попови. „На зајдисонцето“ тие премиерно ја изведоа куклената претстава „Трите најверни другари и страшниот змеј“ а потоа и „Деца во шумата“ која на репертоарот на театарчето е од неговото основање од лани во октомври.

Трет ден во просториите на Подрачното основно училиште „Св. Наум Охридски“ во Трпејца под раководство на актерката Марија Новак се одвива театарска работилница со деца од Трпејца, Охрид и летувалци .

– Ова е втора година како соработувам со зајдисонцето во Трпејца. задоволство е да се работи во овој амбиент и и со овие деца ќелни за илузијата наречена театар. „Некој да ми кажуваше, нема да му верував“ е насловот на драматизацијата на народна приказна која ја подготвувавме за утре навечер, вели Марија Новак. Вечерва – четврток од 20 и 30 гостува актерот Јован Цветкоски од НАТГ „Аматер“ од Охрид со стенд-ап комедија а заедно со неговиот другар – гитарист Младен Јулоски ќе изведат хумористични сонгови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top