Post Views: 1
Од 1-ви мај во земјава на сила е продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци. Ваквото продажно време на алкохолните пијалаци ќе важи се до крајот на септември.Наместо до 19 часот, според „новото правило“ во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат од 6 до 21 часот.
Иако се продолжува продажбата на алкохолните пијалоци, сепак и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетниците. Законските одредби предвидуваат за оние кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“...
Post Views: 8
Согласно законските прописи Општина Охрид покрај дезинсекцијата која ја спроведе во три наврати во летниот период, од денеска започнува и со дератизација на канализационата мрежа. Локалната за акциите за запрашување, три за дезинсекција и една за дератизација има издвоено вкупно 1 милион и шестотитини илјади денари.
„Согласно законските обврски што ни ги налага државниот санитарен и здравствен инспекторат и според усвоената програма во неколку наврати од 15 до 17 јуни од 11 до 12 јули и од 22 до 23 август имаше запрашување за десинсекција, а согласно усвоената програма...
Post Views: 0
Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај.
Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120 учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива е...
Post Views: 6
Д-р Гордана Коњаноска е новиот претседател на Советот на општина Охрид. Со 15 гласа за, 6 воздржани и без ниту еден против оваа одлука беше донесена на денешното продолжение на конститутивната седница на Советот на општина Охрид. Новиот претседател на Советот истакна дека одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе работи во интерес на граѓаните. Коњаноска подвлече дека сите заедно ќе трба да се справуваат со предизвиците кои ќе доаѓаат во наредниот период. Таа рече дека доследно ќе ги почитува законските прописи.
Коњаноска посака одлуките кои ќе се носат во иднина...
Post Views: 1
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министретвото за транспорт и врски започна со уривање на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца. Само десеттина дена одкако ресорното министерство и ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа за овој објект, механизацијата претпладнево излезе на терен и ја започна акцијата. Се уриваше објектот кој е комплетно е дивоградба, а што се однесува до објектот кој е делумно дивоградба најверојатно ќе се урива утре.
Жителите од Трпејца задоволни што конечно во Македонија започнаа да се спроведуваат законските прописи и она...
Post Views: 5
Министерството за транспорт и врски со соопштение реагира на информациите изнесени од страна на градоначалникот Александар Петрески на прес конференција во врска со одземањето на надлежностите на локалната за случајот Ив Ире и најавената тужба против ресорното министерство на Управен суд.
Во соопштението стои:
Во однос на информациите кои денес беа пласирани од страна на општина Охрид, во кој се наведува дека: „Одземањето на ингеренциите за случајот Трпејца од страна на Министерството за транспорт и врски се нелегални и незаконски и дека општина Охрид ќе поднесе пријава...
Post Views: 4
Дали приватно – сместувачкиот капацитет „ИВИРЕ“, изграден на крајбрежјето во Трпејца ќе се легализира или не и до каде е постапката? За ова прашање деновиве се погласно се дискутура, но никој од надлежните не излегува со конкретен одговор. Само Трпејчани се категорични и бараат од општината и државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решенито и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ, донесени во јули 2011 год.
Во меѓувреме, сопственикот на спорните објекти, го искористил правото што му го дава Законот за тотално нелегален, а другиот е делумно...
Post Views: 7
Од МЈП Проаква ги известуваат корисниците дека согласно законските прописи започнаа со постапката за наплата на надоместот за потрошена вода преку нотарите и извршителите и апелираат до корисниците доброволно да ги подмират своите долгови, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци за повторно вклучување во водоводната мрежа. Исклучени ќе бидат и оние корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на заостанатиот долг на рати.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува рибниот фонд од понатамошно нелегално ловење. Со одлуката е предвидено електронското лицитирање за концесијата да го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество. Почетната цена на лицитацијата за првата година ќе биде 10 посто од вредноста на дозволената количина за риболов или околу 1 милион денари. Според Законските прописи,...
Post Views: 1
Локалната самоуправа сеуште мака мачи со дивогрдбите. Наследените 1200 диви градби од 2005 год. не само што останаа, туку и се намножија. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вината за ова ја гледа во законските прописи кои постојано се менуваат. „Министерството за транспорт и врски уште пред три години објави дека ќе донеси закон за дивоградби и ние го чекаме“, истакнува Танасоски.
„ Се донесе закон за градба. Дојде и дотаму на оние кои го имаа прекршено да им се одземи и земјиштето. Потоа се донесе законот за легализација, со кој од прекршок премина...
Post Views: 3
Од ЕВН Македонија доследни во почитувањето на законските регулативи, но само кога на нив им одговара. Посебно се експедитивни и децидни кога станува збор за наплата на каматите од сметките за електрична енергија кои тие ги доставуваат на своите потрошувачи. Но, кога треба да се наплати камата за нивното ненавремено плаќање кон други фирми, е тогаш приказната е малку поинаква.
Едно правно лице од Охрид, кое се обиде да го оствари своето право и да наплати извесна сума од ЕВН по основ камата, се соочи со вистинското лице на оваа компанија. Имено, иако по доставената пресметка...