МТЦ: Зошто локалната толерира дивоградби на брегот на езерото?

Министерството за транспорт и врски со соопштение реагира на информациите изнесени  од страна на градоначалникот Александар Петрески на прес конференција во врска со одземањето на надлежностите на локалната за случајот Ив Ире и најавената тужба против ресорното министерство на Управен суд.

 |   | 
МТЦ
МТЦ

Министерството за транспорт и врски со соопштение реагира на информациите изнесени  од страна на градоначалникот Александар Петрески на прес конференција во врска со одземањето на надлежностите на локалната за случајот Ив Ире и најавената тужба против ресорното министерство на Управен суд.

Во соопштението стои:

Во однос на информациите кои денес беа пласирани од страна на општина Охрид, во кој се наведува дека: „Одземањето на ингеренциите за случајот Трпејца од страна на Министерството за транспорт и врски се нелегални и незаконски и дека општина Охрид ќе поднесе пријава до Управниот суд против Министерството за транспорт и врски“, сакаме да појасниме дека по реакциите од страна на жителите од ова населено место од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се преземени мерки согласно законските надлежности.

Направен е увид во состојбата на терен и дадено е укажување на градоначалникот на општина Охрид, да го спроведе извршувањето на решението за отстранување на дивоградбата на брегот на езерото во Трпејца донесено од страна на овластен градежен инспектор.

Бидејќи градоначалникот Петрески не постапи по решението и укажувањето, на 22.06.2012 година за овој предмет беше донесено решение за превземање на работите од надлежност на овластен градежен инспектор при општина Охрид по конкретниот предмет за кој е утврдено неизвршување на работите.

Со донесеното решение понатамошните постапки поврзани со конкретниот предмет ги води Државниот инспекторат за градежништво и урабнизам при Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски не сака да верува дека градоначалникот Петрески штити нечии локални интереси со овој чин на непочитување на законските прописи и решенијата од страна на инспекторатот.

Неразбирливо е зошто и за каква цел општина Охрид и градоначалникот Петрески толерираат развој на дивоградби на брегот на Охридското езеро?
{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top