Ознака: законот

Законот за дивоградби повторно се враќа во Собрание

Post Views: 8 Законот за бесправно изградени објекти на 8 јуни треба да се најде на собраниска седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најавува дека веќе на наредната седница овој закон повторно ќе се најде пред пратениците, бидејќи негова деловничка обврска е да го врати на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување. „На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред“, вели Џафери. Законот нема да се враќа во Комисијата за транспорт и врски, туку ќе оди директно на пленарна седница. Според...

Continue reading

protest

Станоиздавачите денес протестираа изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност

Post Views: 1 Дел од приватните станоиздавачи денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност. Меѓу другото со нив се предлага на физичките лица да не им се дозволува  издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. Образложението на предлагачот на законските измени, ХОТАМ е дека на овој начин ќе се намали сивата економија кај лицата кои вршат туристичка дејност. Станоиздавачите бурно реагираа на овие забелешки со образложение дека тие се регистрирани и легално ја вршат оваа дејност а при тоа ги подмируваат...

Continue reading

zabraneto pusenje

Кој сака да го занемари Законот за заштита од пушење

Post Views: 7 Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму  ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите единици...

Continue reading

Вака се казнуваат коцкари по шеријатскиот закон

Post Views: 8 Во комплексоот на една џамија во Индонезија, осуммина мажи брутално се удирани со стап пред повеќе од илјада луѓе. Причината е дека го прекршиле законот со коцкање. Државниот обвинител прво на глас им го прочитал законот а потоа излегол маскиран маж во кафена  облека кој ја спровел казната. Секој од нив осуммина добил по пет брутални  удари со стап по грбот. Мажите биле уапсени поради коцкање а кај нив биле пронајдени пари во вкупна вредност од 105 евра, јавува DailyMail. Претходно казната за ваков прекршок била осум удари со стап но подоцна била намалена. Ова било седмо...

Continue reading

ezerska

Езерската полиција со мерки против незаконитиот риболов и несовесните скутерџии

Post Views: 10 Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени...

Continue reading

ljubanista

Жителите од Љубаништа се огласија за земјиштето кое треба да им се одземе

Post Views: 5 Жителите од Љубаништа се огласија за  земјиштето кое треба да им биде  одземено. На собирот побарале  средба со владини претставници, вели Наум Ристески, претседател на Коордитивното тело од Љубаништа. Досега никој не  побарал да се сретне со нас, ни од државата, ни од Локалната власт,  за да  ни каже што ќе се случува со земјиштето, кажува револтирано Ристеки. Мештаните  се тука и постојат, некој треба да им каже , кој ќе ја одземе и за што земјата во Љубаништа, вели Ристески. „ Ова е крик на народот дека постојат овие луѓе, никој не не прашува што  ќе се направи. Дали...

Continue reading

Охрид

Три угостителски објекти добиле казни за пуштање гласна музика

Post Views: 1 Три угостителски објекти казнети за пуштање прегласна музика. Од 30- те исконтролирани објекти  инспекторите во овие објекти регистрирале дека ја надминале дозволената бучавост и го прекршиле  законот за заштита од бучавата. Николче Милески од општинскиот инспекторат кажува дека контролите покажале  дека на терен има подобрување, но дека сепак граѓаните пријавуваат и понатака бучава. „ Најголем број на прекршувања за кои се жалат граѓаните се од плажите во ноќните часови, а тука се и бродовите. Се организираат забави на брод. И  тие ќе бидат исконтролирани дали ги исполнуваат...

Continue reading

gradinka

Во државава има недостаток од претшколски установи

Post Views: 6 Преполните градинки со стутканите креветчиња и недоволен број негувателки и воспитувачки им создаваат проблем на родителите, кои мака мачат да ги сместат децата во овие претшколски установи. Во поголемиот дел од градинките во земјава или нема слободни места или, пак, има недостаток на персонал, а проблемот е најсериозен во главниот град, каде што има само 18 градинки, со капацитет за 9.800 деца. – Годинава не успеав да ја запишам тригодишната ќерка во градинка, ми кажаа дека нема место. Не знам како е можно да има недостаток од градинки, ни велат да раѓаме повеќе...

Continue reading

Ohrid

Општина Охрид ги ревреднува имотите на граѓаните и фирмите

Post Views: 0     Голем број охриѓани реагираат на повисоки сметки за годишен данок на имот. Граѓаните се чудат на што се должи зголемувањето на давачката.  Ставката на данок на имот е непроменета и изнесува 0,3 посто од вкупната вредност на имотот. Одговор побаравме од  одделението за даноци при Локалната самоуправа.  И покрај нашето инсистирање на директна средба со надлежен од одделението кој би ги објаснил причините за зголемувањето на сумите на данокот на имот, не добивме можност, како што рекоа, заради презафатеност. Добивме штуро писмено објаснение во кое се наведува дека Локалната...

Continue reading

otpadoci

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 11   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин. -Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг. –Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира,...

Continue reading

rabotnici

За некого празник, за некого делник

Post Views: 3 Работодавачите задолжително да им исплатат паричен надомест на работниците кои ќе бидат ангажирани за време на денот на независноста и на верскиот празник Бајрам, побара Министертсвото за труд и социјална политика. Им порача да внимаваат да не ги надминат дозволените прекувремени работни часови и најави засилен надзор по фирмите. Онаму каде ќе утврдат непочитување на Законот ќе следат парични казни од 7 и 15 илјади евра.Нема санкции за оние кои ќе ги спојат празниците со викендот. Личен избор на работодавачот е дали и петокот ќе го прагласи за неработен ден, велат од...

Continue reading

Сан Франциско ќе забрани продажба на домашни миленици

Post Views: 5 Градските власти ја разгледуваат можноста за криминализација на продажбата на домашни миленици, бидејќи истите без потреба страдаат и најчесто се купуваат импулсивно од родители, на чии деца брзо им досадува од животното за кое не се грижат соодветно. Продавниците за миленици се противат и велат дека покрај тоа што ќе останат без работа, евентуалниот закон нема да ги спречи жителите на Сан Франциско да купат милениче од друго место. Оние кои го подржуваат законот сакаат да се стави крај на непотребното размножување на животните за профит, кое резултира со чување на милениците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top