Tag: друштво

Летните жеги победете ги во друштво на книгите

Понудата ја сочинуваат осум нови наслови сите во издание на Топер. На топ листата ако така може да се рече се дури три книги од авторката Ајше Кулин. „Надеж 1 и 2“ и романот „Живот“. Не помалку интересни приказни кријат во себе и двата романи од Хана Филдинг: „Љубов под маски“ и „Солзите на Афродита“. Во новата понуда се вклучени и романите: „Ајла“ и „Среќни засекогаш“ од Стефани Перкинс и „Бисерот што ја скрши школката“ од Надија Хашами. Овој преглед на нови наслови го заокружуваме со романот „Потемно“ од Е.Л.Џејмс. И ова лето до 1 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со читатели...

Continue reading

Одбележан јубилејот на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“

Со пригоден коктел одбележан 50годишниот јубилеј од континуираната адвокатска работа, на провото охридско адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“.  На 13 октомври далечната 1967 година познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата. Таткото на адвокатот Ристе Новаковски, Фидан пак повеќе од дваесет години работел како јавен правобранител. Така впрочем и започнува...

Continue reading

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

Охрид, град на врвна адвокатура и имиња од оваа бранша кои ќе се паметат. 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Во портфолиото на ова Адвокатско друштво стојат многу решени случаи во и надвор од државава. Секој од адвокатите си има своја специјалност на која работи, но секогаш се добредојдени советите од колегите. 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати...

Continue reading

Македонија, во друштво на најтоксичните земји

Македонија е на 17 место најзагадени земји, според извештајот на светската органзиација Еко – експертс,во однос на загаденоста на воздухот во светски рамки. Македонија е на 17 место најзагадени земји, според извештајот на светската органзиација Еко – експертс,во однос на загаденоста на воздухот во светски рамки. Мапата на британските еколози е изработена врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го бројот на смртни случаеви од аерозагадувањето и емисијата на јаглеород диоксид. Истражувањето опфатило 135 држави, а според британските еколози, најзагаден е воздухот во Саудиска Арабија, а следуваат...

Continue reading

Шеесет години во друштво на гајдите и на тапаните

Слободан Димоски е еден од малкумината изработувачи на овие народни инструменти кој грижливо ги чува македонскиот фолклор и уникатноста на македонската изворна музика. Слободан Димоски повеќе од шест децении е чувар на уникатноста на македонската изворна музика. Заедно со неговиот син Зоран Димоски, кому му го препуштил занаетот и двајцата изработуваат тапани и гајди. Слободан ќе каже дека неговиот син дури и го надминал во занаетот. Користејќи само природни материјали, и користејќи алати кои исто така самиот ги изработил, Слободан ќе рече дека иако сега не е активно вклучен во изработката на...

Continue reading

hidrobioloski

Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи

Концесионерот на езерото „Пастрмка 2012“ од хидробиолошкиот институт доби амин да лови поголемо количество белвица од претходно. Од риболовното друштво „Св. Апостол Петар“ реагираат дека состојбата со белвицата не е така розова за да се превземе ваков чекор. Зголемувањето на риболовните основи не ја загрозува белвицата, тврдат од Хидробиолошкиот институт. Научните сознанија покажуваат дека состојбата со оваа автохртона риба во езерото е стабилна, додаваат од таму.   Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум  кој се воведе од 2012та година кога...

Continue reading

риболовци

Нова туристичка понуда во градов

Риболов со кајак по Јадранскиот слив. Се е подготвено за реализација на оваа авантура во која се вклучени четири држави.Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за  риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа авантура ќе започне од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Првата пробна тура ќе се организира кон крајот на април а во месец мај планирано е да се направи промотивна тура....

Continue reading

stanovi

Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени

Грозданов денеска беше на средба со охриѓани на која беа отворени многу теми меѓу кои и решавањето на проблемите на граѓаните кои имаат станови од акционерското друштво по однос на Законот за домување. Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели,...

Continue reading

stanovi

Отворени денови на АДСДП

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката Ве известува дека започнува со проектот „Отворен ден со граѓаните“. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката Ве известува дека започнува со проектот „Отворен ден со граѓаните“. Се покануваат граѓаните на Република Македонија да присутвуваат на средбите и да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по однос откуп на општествени станови согласно „ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ“,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad