Ознака: друштво

ekolozi

Тешката индустрија подалеку од населените места- еколозите на терен собираат потписи

Post Views: 3 Екологистите почнаа со  собирање потписи за дополнување на Законот за животна средина. Тие  бараат поддршка од  граѓаните за  иницијативата да не се дозволува градење на загадувачка индустрија во близина на населено место. За иницијативата  на македонските еколози да влезе во собраниска процедура треба да соберат 10.000 потписи од граѓаните, кажува Борче Стојаноски од еколошкото друштво Грашница. „Бараме ново изградената тешка индустрија да е подалеку од населеното место барем 5 км. Додека иницијативата влезе во собраниска процедура пратениците тој лимит може да го зголемат...

Continue reading

doktori

Размена на лекарски искуства меѓу Австралија и Македонија

Post Views: 7 Лекари од австралиско-македонско друштво престојуваат во земјава. Денес беа во Охрид. Целта како што изјави д-р Зоран Бечвароски е да се запознаат со колегите од Македонија, како и да разменат идеи, искуства и практики. Акцент на средбата беше ставен на неонаталниот скрининг или раното откривање на  оштетувањата на слух кај новороденчињата и каква е неговата примена во Австралија и Македонија. „Дечињата мали откако ќе се порадат што порано треба да се открие проблемот со слухот. Во спротивно тоа само по себе носи свои последици, пречки во говорот и.т.н. Во Австралија...

Continue reading

eko akcija

Еколошка акција за спас на шумата под Самоилови

Post Views: 5 Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник. „Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата,...

Continue reading

blato vlez

Водните живеалишта-богатство кое мора да се сочува

Post Views: 6 Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро. Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија ...

Continue reading

Biljanini izvori

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Post Views: 8 Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во...

Continue reading

Sv Sava

Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Post Views: 6 Имено вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија. Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија....

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Паѓаат цените на становите

Post Views: 5 Се градат стамбени згради со станови за сечиј џеб. Ова е најава на екс пратеникот на собранието на Р.М Цветко Грозданов, кој веќе цели шест месеци директорува со Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Грозданов потенцира дека целта на А.Д. кое е под капата на Владата, да не дозволи цените на пазарот драстично да порастат. Додава, дека се тежнее кон замислата, секој граѓанин да може достојно да си го реши станбеното прашање. Но фактичката состојба е сосоема поинаква. Не е иста цената на стан во Скопје и Охрид, со останатите градови од земјава....

Continue reading

Ohrid

Охрид една од 10-те топ дестинации за 2012

Post Views: 11 Според најголемиот пишан туристички водич – Лонли планет, кој е во сопственост на ББЦ, нашиот туристички бисер се најде во друштво на Њу Јорк, Бостон, Порто, Токио, Мексико. „Европјаните константно се во потрага по следната хит дестинација, а пријатната Македонија, од ден на ден добива на популарност, особено поради прекрасните планински лозја, езерата и црквите од византискиот период, а и поради причината што е место преку кое мора да поминете доколку го шетате Балканот. Далеку од бучната престолнина Скопје, духовното срце на оваа земја се наоѓа на само три часа...

Continue reading

crven krst

Македонскиот црвен крст еден од поуспешните

Post Views: 0 Од 21 до 25 октомври во посета на Црвениот Крст на Македонија,  престојува делегација од меѓународната федерација на Црвениот  Крст и Црвената Полумесечина од Женева. Посетата на гостите е во рамки на нивната мисија за сертифицирање на националните друштва за Црвен Крст и Црвена Полумесечина. „ЦК на Македонија како една од поактивните национални друштва од регионот уште од пред две години учествува во напорите на меѓународното движење на меѓународната федерација за организациска промена во рамките на движењето. Како резултата на искуставата на нашето друштво во делот...

Continue reading

Zoran Stavreski

Светска банка ќе ја финасира компанија „Европа Ре“

Post Views: 9 Владите од регионот со заеднички средства, со пари од светска банка ќе формираат осигурително друштво „Европа Ре“ кое ќе биде со седиште во Швајцарија. „Ова друштво ќе работи по најсовремените, поточно најдобрите закони во светот за осигурување, односно реосигурување на ризиците од катастрофи кои ќе ги нудат домашните друштва“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на  Првата регионална конференција на ЕВРОПА РЕ насловена како „Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност“. „ Ова ќе биде од...

Continue reading

kongres

Конгрес на фармацијата во Македонија

Post Views: 1 Во Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на...

Continue reading

parola

Ловџиите од Л.Д. „Дримкол“ Лабуништа, повторно на протести

Post Views: 28 Лабунишките ловџии повторно на протестен митинг. Овој пат, околу стотина претставници и симпатизери на Ловното друштво „Дримкол“ од Лабуништа, речиси три часа го блокираа соопраќајот на Главната раскрсница Струга-Дебар-Ќафасан. Причина за протестниот митинг,  велат од друштвото, е одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја додели коцесијата на ловно друштво од Вевчани, старо малку повеќе од една година. „Станува збор за друштво кое е формирано во 1932 –т а година. Иако во 200-та ни беше одземено правото да стопанисуваме со ловиштата,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top