Како љубовта влијае врз нашето тело?

Доколку ви се случило пред личноста која ви се допаѓа да чувствувате како да не можете да го контролирате своето однесување и не можете да се контролирате себеси, не сте единствени.

скен
scan

Доколку ви се случило пред личноста која ви се допаѓа да чувствувате како да не можете да го контролирате своето однесување и не можете да се контролирате себеси, не сте единствени.

mazИстражувањата покажале дека колку една личност е позаљубена, толку има полоши резултати на когнитивните тестови, има помала самоконтрола, а и способноста за концентрација е послаба.

Причината за тоа е што во такви моменти мозокот е преокупиран со размислување за потенцијалниот партнер или партнерка, поради што настанува проблем при одредувањето на приоритети.

Но, тоа не е единствен начин на која љубовта влијае врз вашето тело.

Кога се наоѓате во близина на личноста која ви се допаѓа, често се чувствувате необично смирено – освен доколку немате некоја конкретна причина да бидете вознемирени. Причината за ваквата смиреност е тоа што вашиот крвен притисок во друштво на оваа личност е низок. Ова чувство нема врска со тоа дали сте неодамна или подолго време во врска.

efektiВо моментите кога љубовта цвета и сте заљубени до уши, вие сте склони кон расправии со истиот пол. Љубовта го ослободува хормонот завопресин, кој прави луѓето од ист пол да ги доживуваме како некоја закана, без оглед на тоа како тие се однесуваат. Причината за тоа е што инстинктивно се обидуваме да го „одбраниме“ она што го сметаме за свое.

Можеби не сте забележале, но кога шетате со партнерот/ката, одите побавно. Истражувањата покажуваат дека во романтичните прошетки со партнерот го забавуваме одот за 7%, а причината за тоа е едноставна – полесно се одржува блискоста и интимноста кога не брзате. Впрочем, го забавуваме темпото за подолго да уживаме во друштво на саканата личност.

Кога поминуваме време со партнерот, дефинитивно го менуваме нашето однесување, макар и несвесно. Во друштво на личноста во која сме заљубени го менуваме дури и ритамот на дишење, така што го синхорнизираме со него/неа. Иако истражувачите немаат објаснување за ова однесување, сметаат дека најверојатно несвесно се обидуваме да го имитираме партнерот.

И на крај, пеперутките кои ги чувствуваме во стомакот навистина постојат. Истражувањата покажуваат дека во состојбата на заљубеност може да се препознаат четири различни активности во мозокот. Три мозочни активности предизвикуваат чувство на емоционално возбудување, додека четвртата делува врз вашиот стомак, правејќи да ја чувствувате онаа слатка напнатост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top