Рафа повторно помеѓу најдобрите пет на АTP листата

Рафаел Надал по освојувањето на Мастерсот во Рим напредуваше една позиција на АТП листата и повторно е во друштво на најдобри четири тенисери.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал

Рафаел Надал по освојувањето на Мастерсот во Рим напредуваше една позиција на АТП листата и повторно е во друштво на најдобри четири тенисери.

Тој на оваа позиција го замени неговиот сонародник Давид Ферер кој сега е петти. Убедливо прв и понатаму е Новак Ѓоковиќ кој има 12.310 поени, а на втората и третата позиција се Енди Мари и Рожер Федерер.
Втората половина од топ 10 тенисери ја комплетираат Томас Бердих, Хуан Мартин Дел Потро, Жо Вифред Цонга, Ришард Гаске и Јанко Типсаревиќ.

federer i nadalНајголем скок на најновата АТП листа забележа Дуди Села кој напредуваше 22 позиции и сега е 88. Изненадувањето пак на Мастерсот во Рим, полуфиналистот Беноа Пер забележа скок од 10 места и сега е 26 тенисер во светот.

АТП Топ 10 листа:
1.Новак Ѓоковиќ 12310
2. Енди Мари  8670
3. Рожер Федерер 8000
4.Рафаел Надал 6895
5.Давид Ферер 6740

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top