Tag: долари

Хакери вратија 260 милиони долари во криптовалути кои ги украле

Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од третина од украдените речиси 600 милиони американски долари, пренесува Ројтерс. Поли нетворк, децентрализирана финансиска платформа која посредува во „пиер ту пиер“ трансакции, објави вест дека е хакирана на Твитер, наведувајќи детали за дигиталните пари во кои биле испратени токените. Вредноста на имотот во пари била нешто над 600 милиони американски долари во времето на објавувањето. Поли нетворк подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, наведувајќи...

Continue reading

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Собрани 50.000 долари за малиот Јаков

Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела. Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста. Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа Фејсбук, за нивното ангажирање...

Continue reading

500 милиони долари за отштета на семејства на загинати патници издвои Боинг

Авиокомпанијата Боинг создаде фонд од 500 милиони долари за да ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите на Боинг 737 Макс, пренесува Гласот на Америка. Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД. Во јануари, Боинг вети дека ќе им исплати надомест на семејствата на загинатите во несреќата на Лајон Ера 2018 и Етиопијан Ерлајнс во 2019 година. Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе биде завршено документирањето, соопшти Боинг. Фондот е само дел од зделката што Боинг ја склучи 2,5 милијарди американски долари со...

Continue reading

Volkswagen ќе плати 1,2 милијарди долари оштета

Компанијата ќе плати 4 милијарди долари доколку регулаторот не дозволи преправки Компанијата Volkswagen се согласи да плати најмалку 1,2 милијарди долари за откуп на автомобилите во САД и оштета на сопствениците на околу 80.000 возила опфатени со аферата со издувните гасови на дизел моторите. Компанијата би била принудена да плати оштета од преку 4 милијарди долари доколку регулаторот не одобри преправки на сите возила, се наведува во судските документи кои се пренесени доцна синоќа. Volkswagen во декември се согласи да откупи 20.000 автомобили со тролитарски дизел мотори, а се очекува дека...

Continue reading

Google објави натпреварување со награден фонд од 350.000 долари

Пробивањето на Android носи огромна заработка Google овие денови отвори посебно натпреварување за безбедносните експерти и хакери кои би требало да пронајдат ранливост и решение за мобилната платформа Android – пред таа дупка да ја искористат напаѓачи. Како што пишува tportal, наптреварувањето е наречено “Project Zero” и во својот награден фонд има 350 илјади долари. Првата награда носи 200.000, втората 100.000 и 50.000 долари за дополнителни победнички трудови.

Continue reading

Официјален Пекинг нуди една милијарда долари за Ливерпул

Претседателот на клубот признал дека FSG е отворен за продажба на уделот Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул сака да го купи кинеската компанија China Everbright зад која стои кинеската влада, пренесува Business Insider. Кинезите наводно понудиле 800 милиони фунти, односно една милијарда долари. Како што пишува Sunday Times, разговорите помеѓу кинескиот инвеститор и сопственикот на клубот, американската компанија FSG, се одвиваат веќе извесно време. FSG го купи Ливерпул во 2010 година за 300 милиони фунти. Претседателот на клубот Tom Werner признал за агенцијата AFP дека FSG е “отворен за...

Continue reading

Apple вложува една милијарда долари во кинеска компанија

Tim Cock наведува дека на ваков потег се одлучиле… Apple вложува една милијарда долари во кинескиот Didi Chuxing, апликација за такси услуги, која во Кина има поголем пазарен удел од американскиот Uber, соопшти Apple. Извршниот директор на Apple, Tim Cock наведува дека на ваков потег се одлучиле и поради подобро разбирање на конескиот пазар. За Didi Chuxing, во минатото познат како Didi Kuaidi, ова е најголемата инвестиција во историјата. Didi Chuxing има повеќе од 11 милиони возења дневно, а тоа значи дека пазарниот удел му достигнува 87%. Од друга страна, американскиот Uber тешко се...

Continue reading

10-годишно дете пронашло пропуст на Instagram и е наградено со 10.000 долари

“Можев да избришам кого сакам, дури и Justin Bieber” Jani e дете од Финска кое има само 10 години и спрема правилата на Facebook сеуште е премлад за користење на Facebook и Instagram, но него компанијата неодамна го наградила бидејќи пронашол пропуст со кој можел да ги брише сите коменатри на Instagram. Тој со промената на кодот на серверите на Instagram можел да ги брише коментарите на сите корисници на оваа мрежа и за медиумите во Финска изјавил: “Можев да избришам било кого, дури и Justin Bieber”. Со оглед дека Facebook, како и бројни други компании ги наградуваат безбедносните истражувачи...

Continue reading

Volkswagen на секој измамен купувач ќе му исплати 5.000 долари

Направен е таен договор кој не ги решава сите прашања Volkswagen ќе исплати по 5.000 долари на секој измамен купувач во САД, пренесува германскиот дневник Die Welt кој вели дека тоа е суштината на договорот што го постигнала компанијата со американските власти за да се избегне судење поради лажирањето на резултатите на своите дизел возила на еко-тестот. Судијата Charles Breyer во Сан Франциско на германскиот производител му одредил рок до четврток со американското правосудство и агенцијата за заштита на околината да постигнат договор, под закана дека спорот ќе се проследи на суд, пишува германскиот...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top