Ознака: децата

Crvenkapa

Охриѓанчињата „ гладни“ за детски претстави

Post Views: 7 Во понеделник, во Центарот за култура, најмладите може да ја проследат детската претстава „Црвенкапа и Иванка“. Членовите на аматерското драмско студио „Мулти Култи“ два месеци работеле на подготовката на најновата претстава за деца.  Режисерот на претставата Ташко Лаброски е задоволен  од приемот на охриѓанчињата на претставите за деца. Како  доказ за тоа ја наведува  претходната  претстава „ Децата на Дедо Мраз“. Децата ги сакаат претставите иако живееме во ера на компјутерите, тие доаѓаат на претставите и се радуваат на ликовите од бајките, вели  Лаброски.„ Решивме...

Continue reading

gradinki

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Post Views: 0 Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа,...

Continue reading

aprilijada

Охриѓанчињата го одбележаа Денот на шегата

Post Views: 2 Космонаути, принцези, самовили, вештерки, Бетмени беа само дел од најразличните костими со кои најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата. Првиот ден од пролетниот месец  април најмалите на само нивен начин  го направија порадосен  и пораспеан. Заради променливото време  изостана традиционалната прошетка на градскиот плоштад , па манифестацијата се одржа во кругот на 5-те  градинки.  Со најразличните шарени костими  децата покажаа дека  нивната фантазија е неисцрпна. Целта на Априлијадата е сите деца да уживаат во добра забава и смеа. Во подготвување на програмата,...

Continue reading

kole petkukeski

Распеано рибарче по 14ти пат

Post Views: 0 Детскиот фестивал Распеано рибарче ќе се одржи по 14ти пат. Се е подготвено за новото издание на кое ќе запеат 18 учесници. Песните се со најразлични содржини, а детските гласови и хорот веќе се снимени. Останува уште да се доуреди уметничкиот дел. Интензивно се работи и на кореографијата. Директорот на фестивалот, Колчо Петкуќески вели дека се се прави за да се понуди нешто ново и поквалитетно од минатите изданија на Распеано рибарче. Во организацијата на фестивалот работат луѓе со долгогодишно искуство. Се работи со голема сериозност и професионализам за на крај да...

Continue reading

училиште

Основците оптоварени со обемна настава, зачинета со стрес од екестерното оценување

Post Views: 6 Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците. Основците се оптоварени со обемна наставна содржина, без пракса зачинета со стрес од екестерното оценување. Ова се дел од размислувањта на сите директно засегнати субјекти од  наставните програми во образовниот процес.  Учениците во трето оделение по предметот Запознавање на општеството учат за градскиот совет, функцијата на градиначалникот или претседателот на Совет, а никогаш не биле во посета на овие...

Continue reading

alergii deca

Педијатрите предупредуваат-децата се премногу чувствителни на алергии

Post Views: 4 Пролетните месеци се познати како месеци на алергии и алергиски реакции. Веројатно најпознати се реакциите на поленот и зеленилото, но тука се и храната, домашните миленичиња, инсектите. Според последните истражувања, статистиките говорат дека околу 30 % од децата имаат алергиски манифестации, што според педијатрите е загрижувачка бројка. Дел од оваа статистика во последниве години е и нашиот град. За жал, најподложни на алергиите се децата. „Имунолошкиот систем е еден важен фактор кој е одговорен за настанување на овие имуни реакции. Затоа што алергијата е една имуна...

Continue reading

gradinka

Дечињата и се радуваа на пролетта

Post Views: 1 Весело, разиграно, распеано. Дечињата од детската градинка Јасна Ристеска маскирани во пеперутки, цвеќиња, бумбари, пчели, штурчиња и се радуваа на пролетта.   Директорката на градинките Марина Петроска Тодороска вели дека секоја година во оваа образовна институција на 21 март има програма со која го одбележуваат денот на пролетта. Таа додава дека овој настан е составен дел од воспитно образовната програма. „На 21 март ја поздравуваме пролетта со соодветна содржина, соодветна програма заедно со децата маскирани во предвесници на пролетта ја прославуваат пролетта. Самите...

Continue reading

kombe

Децата со посебни потреби веќе имаат сопствен превоз

Post Views: 6 Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше  оваа хумана акција и како истата се реализира. „Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би требало...

Continue reading

rakomet

Ракометот во Охрид има светла иднина

Post Views: 1 Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. Вчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за натпреварувачката...

Continue reading

gradinka

Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат

Post Views: 6   Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат, вели директорката Марина Петровска Тодороска. Храната ги задоволува сите стандарди и нормативи пропишани за храна за деца од предучилишна возраст. Оброците се свежи и квалитетни, а не се користат никакви месни преработки како паштети, виршли, салами и др., додава таа. Со оглед на тоа дека во последно време квалитетот на млекото во голема мера ја разбранува јавноста, од градинката смируваат дека млечните производи кои се конзумираат таму се со највисок квалитет. Директорката вели дека нема причина...

Continue reading

ishrana skoli

Како се хранат вашите деца додека се на училиште?

Post Views: 1 Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште. Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот. Директорката...

Continue reading

smart tabli

Интерактивни табли и во Охрид

Post Views: 11 Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации.  Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и  ученици. Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според кои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top