Педијатрите предупредуваат-децата се премногу чувствителни на алергии

Иако во пролет најактуелни се алергиските реакции на поленот и зеленилото,  ни малку не заостануваат ни реакциите на храна, домашни миленичиња, инсекти.

 |  Мишел Наумоски  | 
alergii deca
алергии деца

Пролетните месеци се познати како месеци на алергии и алергиски реакции. Веројатно најпознати се реакциите на поленот и зеленилото, но тука се и храната, домашните миленичиња, инсектите. Според последните истражувања, статистиките говорат дека околу 30 % од децата имаат алергиски манифестации, што според педијатрите е загрижувачка бројка.

d-r Filev Дел од оваа статистика во последниве години е и нашиот град. За жал, најподложни на алергиите се децата.

„Имунолошкиот систем е еден важен фактор кој е одговорен за настанување на овие имуни реакции. Затоа што алергијата е една имуна реакција, практично одбранбен систем кој не ги препознава или им создава антитела кон надворешните фактори кои го напаѓаат организмот кој се брани на некој начин. Малите деца се посебна структура. Имунолошкиот систем не им е доизграден и многу важно е во овие рани години на возраст, да се избегнуваат сите можни надворешни иритации и агенси кои би го сензибилизирале организмот за да не дојде во понатамошниот живот до посилни реакции, хронични заболувања.“-рече педијатарот д-р Никола Филев.

Д-р Филев вели дека алергиите можат да се манифестираат на повеќе начини, на очите, кожата, на дишните органи и стомачно.

alegii polenОд црвенило, отоци до посериозни реакции и шокови, алергиите во никој случај не смеат да бидат сфатени несериозно. Дел од причините за алергиските реакции, педијатрите ги бараат и во современиот начин на живеење.

„Денеска имаме за жал пречувствителност, јас би го дефинирал во кратки црти, на храна, на полен, домашните животни се многу причинители, кај децата поготово мачката и кучето. Понатака инсектите, нивните убоди се исто така можнност за алергиска манифестација од најразличен тип до шокантна состојба која може да биде и животно загрозувачка во некои моменти. Понатака атописките дерматити кај најмалата возраст кај децата се среќаваат многу често за жал и за тоа обвинуваме многу фактори, да не почнам од тие модерни пелени, разни марамици со разни хемиски агенси кои постојат на нив.“-вели д-р Филев.

Тој додава дека употребата на ваквите продукти знае многу лесно да доведе до сензибилизација на кревкиот детски организам и тоа да има сериозни последици во иднина. Филев препорача чести консултации со педијатрите дури и за храната која ја внесуваат децата, бидејќи голем дел, дури и од најздравата храна може да биде потенцијален алергенс. Најдобар начин на превенција според д-р Филев е раната дијагноза на алергиите. Доколку тоа се направи, тој вели дека понатака полесно ќе може да се контролира ова често иритирачко, но и опасно нарушување на здравјето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top