Post Views: 2
Љубителите на пишаниот збор се потсетија на делата на ирскиот поет, писател, драматург, преведувач и нобеловец за литература – Шејмас Хили, кој почина годинава во месец август на 74 годишна воздраст.Денешниот ден градската библиотека го посвети токму на овој великан, во рамките на културните активности кои редовно ги организира, а се подржани од министерството за култура.
„Истиот поет значаен великан, еден од 100 те гении на нашето време. Тоа е светска ранг листа и тој се наоѓа на 30 тото место. Тоа беше еден од повеќето поводи во 2001 го доби златниот венец...
Post Views: 4
Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки немаат капацитет, вели Костеска....
Post Views: 2
Песнички за сливата, јаболкото, калинката и другите овошки кои виреат во земјава се дел од најновото издание „Македонски овошни приказни во стих“, наменети за најмладите читатели. Весна Пирузева Петровска е автор на аудиовизуелниот проект, песни за деца и боенка пропратени со аудиозапис на стиховите. Идејата на авторката првично била да напише книга со детски песнички за секое овошје, но подоцна добила поинаков тек.
„ Пишувајќи ги песничките се внесов во детскиот свет, па идејата сама по себе се наметна и произлезе друга целина. Помислив зошто стиховите да не се пропратени...
Post Views: 6
Децата од 7-12 години најзаинтересирани за надворешниот изглед. За тоа зборуваат резултатите од психолошкиот осврт, кој беше направен во рамките на акцијата „За посреќно детство“. Иако пред младите охриѓанчиња беа претставени повеќе занаети, книговез, резбарство, автомеханичарство, изработка на свеќи, сепак младите заинтересирани за маникир, педикир, фризура и шминка, открива психологот Александра Џуклеска.
„Загрижувачки е тој факт што децата многу малечки, значи сеуште не се влезени во пубертет, а пројавуваат толку голем интерес за надворешниот изглед. Тоа е многу...
Post Views: 3
Хуманитарната спортско-рекреативна и едукативна манифестација, „За посреќно детство“, вистински празник за малите охриѓанчиња. Собрани во огромен број на градскиот плоштад, но и во делот пред Охридско лето, децата другаруваа, спортуваа, учеа, слушаа приказни, песни и имаа безброј други активности.
Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст од Охрид, кои се јавуваат како организатори на оваа интересна манифестација вели дека децата има и што да видат, и што научат на секој еден од поставените штандови на градскиот плоштад.
„ Голем број на луѓе можат да се забавуваат...
Post Views: 6
Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ за прв пат од своето постоење ќе ги отвори вратите за најмалите охриѓанчиња од сите детски градинки. В.д . директорите, Иван Цветкоски, на СРЦ „Билјани извори“ и Роза Костоска, на ЈДУ „Јасна Ристеска“, потпишаа меморандум за соработка. Децата од сите 5 објекти на градинката по еден час дневно во текот на неделата ќе може да спортуваат на терените во центарот.
„ Ова е од големо значење за децата, за нивниот физички развој, да ги отргнеме од компјутерите и ТВ приемниците. На тој начин ќе допринесеме за нивно поголемо...
Post Views: 2
Децата имаат право да живеат во безбедна и заштитничка околина, бидејќи од тоа зависи нивниот понатамошен развој и социјализација. Се поголемиот број на случаи на педофилија во Македонија ја издигнаа на површина оваа девијантна појава која сигурно постоела и во минато, само што не се зборувало за неа, бидејќи била третирана како срамна, табу тема за споделување со јавноста. Претставниците на НВО велат дека сега, кога се бара педофилите да се осудуваат со најголеми затворски казни и јавно да се обелоденуваат нивните имиња на интернет сајтовите, сме чекор напред во борбата...
Post Views: 9
Во Охрид за прв пат се одржа летниот кошаркарски турнир на деца до 14 год. Турнитот е во заедничка организација на ЈП „Билјанини извори“ и КК Колибри од Охрид. На овој натпревар зедоа учество 7екипи и тоа од Струга, Кичево Кавадарци и Охрид. Децата многу задоволни од ваквата средба посакаа да има уште многу вакви натпревари.
Тренерот на КК Колибри, Весна Балазоска вели дека овој клуб постои 10 год а во него тренираат околу 200 дечиња. Балазоска додава дека и покрај мислењето дека во Охрид нема интерес кај децата за спорт, овај клуб егзистира и од година во година расте....
Post Views: 2
Алармантна состојбата со деформитетите на мускулно скелетниот систем кај основците во училиштата во Охрид. Од 805 деца кои се прегледани дури кај 605 се најдени полесни или потешки проблеми на мускулно скелетниот систем, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем. Дел од децата кои имаат проблем се упатуваат...
Post Views: 0
Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството.
Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството.
„Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...
Post Views: 10
Дојде и моментот кој малите охриѓанчиња со нетрпение го очекуваа. Денес започна нивниот омилен детски музички фестивал, „Распеано рибарче“. Многу играње, многу музика, песна и забава. Денес ја одржаа првата претстава наменета за дечињата од приградските населби. Уловивме две од дечињата кои се подготвуваа за настап. Андреј и Јана беа видно возбудени, но сепак не можеа да дочекаат да излезат на сцена и да покажат што знаат.
„Немам трема, а песната е убава. Се вика „Јас сум Андреј.“
„Мојата песна ја напиша Драган Мијалкоски, а аранжманот го направи Даниел Јованоски и...
Post Views: 0
Осмоодделенките од турските паралеки во ОУ „Братство и Единство“, Селда Бајромска и Ебру Реџеп, учествуваат во проект поветен на Денот на детето. Тие ќе симулираат седница на градски совет. На дневен ред ќе имаат точка од областа на екологијата, насловена како „ Животната средина, проблемите и предлог решенија“. 23-ца основци со задоволство ја прифатиле оваа тема и учество на јавен настап по примерот на работата на Советот на општина Охрид. Во детскиот совет, основците избрале свој градоначалник, претседател и потпретседател, а имаат и позиција и опозиција. „Сејда Бајрамоска...