Ознака: детски

dzamlii

Нема веќе играње „биљи“ за македонските деца

Post Views: 11 Забранета проажбата на џамлии или биљи по охридски, во земјава, бидејќи тие, според стандардите за безбедност на детски играчки, не се безбедни од проста причина што постои опасност децата да ги проголтаат. – Овие производи не го поминуваат тестот на безбедноста, бидејќи се помали од 31 мм, најмалата дозволена мерка за делче од играчка. Најголем дел од увозниците на играчки веќе знаат, па џамлии не можете да најдете во големите продавници за играчки, појаснува Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат. Инспекторот Шехи во последната координирана...

Continue reading

ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Post Views: 5 Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на пролетниот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 16.02.2017 година и ќе трае 14 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат...

Continue reading

igracka

Пазарната инспекција откри олово во детски играчки

Post Views: 10 Олово, формалдехид, амини, отровни бои, мониста од синџирчиња, ситни делчиња од белезици, јаженца со кои може да се задуши вашето дете. Не станува збор за извештај од хемиска лабараторија или хорор-филм, туку за недозволени состојки што ги има во играчките со кои секојдневно си играат децата. Од вчера Пазарниот инспекторат е на терен и во следните пет дена ќе ги проверува детските играчки што се изложени во продавниците. Во Институтот за јавно здравје велат дека годинава се направени 352 контроли, а кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи....

Continue reading

Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов

Post Views: 5 Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните заедници...

Continue reading

park

Жителите од Булевaр Туристичкa реагираат на запоставениот забавен детски парк

Post Views: 0    Запоставен е детскиот забавен  парк на Булевар Туристичка наспроти бензиската пумпа реагираат жителите. Нивна желба е децата од околниот комплекс  згради да добијат вистинско место за безбедна игра. Посакуваат и нивните деца да имаат реквизити и тие да се одржуваат како неодамна реновираниот  детски парк  кај каналот Студенчишта. Од Секторот  за  комунален развој најавуваат наскоро   реконструкција на овој  забавен  детски парк. „Во нашиот годишен план за работа на  Секторот за комунален развој е влезено и ова повеќенамнеско детски игралиште. На влезот во градот...

Continue reading

дс

Во Охрид се одржа Детски семафор општински натпревар во сообраќај

Post Views: 0 Над 60 ученици од основните охридски државни училишта, а за прв пат и шест ученици од приватнот колеџ Јахија Кемал,  на натпреварот Детски семафор ги покажаа своите теоретски знаења од сообраќајот и вештини во возење велосипед. Оваа едукативна акција ја реализира  Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот  и има за цел да се влијае врз подигање на културата кај најмладите учесници во сообраќајот. Натпреварот Детски семафор е поддржан од Локалната самоуправа. „ Локалната самоуправа секоја година обезбедува велосипед за прво наградените и заштитни велеосипедски...

Continue reading

Во тек е уписот за час за детски приказни по англиски јазик

Post Views: 0   Нов пристап кон англискиот јазик, час за детски приказни на англиски јазик. Волонтерите на Црвениот Крст, Охрид се подготвуваат за новиот пролетен циклус од оваа програма кој започнува на 28 февруари. Станува збор за програма која се реализира уште од 2009 година, како идеја на волонтерите на Црвениот крст Охрид и волонтерите на Мировниот Корпус од САД во Македонија. Како што истакна проф. Љубинка Трпеска, часовите се наменети за најмладите, односно за дечињата од 4-7 годишна возраст. Таа додаде дека оваа програма всушност не претставува класичен курс по англиски јазик,...

Continue reading

sos

Еко пораки за зачувување на Охридското Езеро преку детски фотографии

Post Views: 6 Силни еко пораки овековечени на фотографии што вредат илјада зборови. Малите основци од „Григор Прличев“ денес со силата на фотографијата и нивната несопирлива креативност испратија порака против бучавата во Охрид, симболично затворајќи ги ушите. Во рамки на интересниот проект „Спасете го Охрид, спасете ја планетата“, дечињата сериозно го сфатиле проблемот за еколошката состојба на езерото и културно-историските споменици. Детските очи уште еднаш покажаа дека гледаат нешта што возрасните не успеваат да ги забележат. Тие сигнализирале за пластичните шишиња во езерото...

Continue reading

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 1 Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг.  Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле. Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски...

Continue reading

вртелешка

Продолжува уништувањето на детските игралишта во градов

Post Views: 9 Детските игралишта каде што децата минуваат дел од времето во игра, се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, а сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите, бабите и дедовците кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат ваквиот унуштувачки однос. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во...

Continue reading

parkce

Стагнираат работите околу уредувањетона новиот детски парк

Post Views: 3 Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор  до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите. Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата за...

Continue reading

parkce

Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк

Post Views: 5 Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид. Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства  ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top