Ознака: дека

Lagadin

Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

Post Views: 1 На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“,...

Continue reading

sovetnici

Безбедносната состојба во градов пред советниците

Post Views: 0 Иако изминатиот период во неколку наврати беше нарушен јавниот ред и мир во Охрид, сепак градоначалникот Александар Петрески не успеа да го свика советот за превенција, тело кое требаше одамна да изнајде начин за подобрување на безбедносната состојба. „Советот покрај мене е составен и од првиот човек на СВР, првиот човек на судот и многу други видни личности од локална и централна власт во Охрид“, вели градоначалникот. „ Јас не го поставив првиот човек на судот, на полицијата и другите први луѓе во советот и мислам дека се е голема фарса пред ЕУ да прикажеме дека некеко...

Continue reading

bilbord

Или прескокни го или заобиколи го

Post Views: 2 Еден месец како остатоците од стакло и метал и оголените кабли за електрична енергија зјапаат на тротоарот пред Мекдоналдс. Рекламното пано на фирмата ЛАЗОВ ГРУП, во близина на градскиот плоштад, веднаш до сендвичарата на Мекдоналдс, стои срушено, а никој од надлежните, не најде за сходно досега да интервенира. Во интерес на граѓаните, ТВМ Телевизија повторно се обиде да стапи во контакт со претставници од фирмата ЛАЗОВ Груп, кои овој пат не ни одговорија на повиците. Тие пред еден месец не информираа дека грижата за рекламните сити лајт паноа е нивна одгвороност и дека...

Continue reading

Ohrid

Бебедноста, нераскинлив дел од гостопримството

Post Views: 3 Експертите децидни, само со организациски пристап на сите релевантни институции, може да има ефикасно решавање на проблемите од сферата на безбедноста во туризмот. Луѓето го прават туризмот, без нив тој не би постоел. Со овие зборови денес беа отворени Охридските денови на гостопримство и туризам. Една од темите на која ќе се осврнат експертите на оваа конференција е и безбедноста во туризмот и нејзината важност за развој на туризмот како дејност. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN,  Драган Глигоријевиќ потенцира дека безбедноста...

Continue reading

doktor

„Лажни доктори“ хараат во Охрид

Post Views: 6 Во Охрид деновиве се појавија „лажни доктори“ чии жртви се повозрасни лица. Дознавaмe дека нуделе  медицински услуги, влегувајќи во домовите на охриѓани. „Најверојтно прават списоци на пациенти кои биле оперирани во Скопје во Филип II и одат по домовите се легитимираат со лажни легитимации се преправаат дека се лекари и за тоа им земаат големи суми на пари. Пацинтите веруваат, а средствата кои ги даваат за прегледи се помеѓу 3 и 6000 денари“, вели портпарол на општа болница д-р Сашо Василески. Василески апелира до граѓаните да не им веруваат на таканаречените „Лажни...

Continue reading

основен суд

Паѓа превезот на урбаната мафија во Охрид

Post Views: 1 Испливаа на површина матни зделки од урбаната сфера. Службени лица, добро познати во охриската јавност, заработија кривични пријави. Станува збор за Војне Голабоски, Љ. Василеска, Н. Николоски, В. Каневчев и Ј. Лотески. На првите тројца пријавени одредена им е мерка куќен притвор во траење од 30 дена од страна на истражен судија при Основниот Суд во Охрид. Овие лица се теретат поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Според извештајот на СВР Охрид, првопријавениот Голабоски во својство на службено...

Continue reading

kamen temelnik

Поставен камен темелник на „Светиклиментов универзитет“ на Плаошник

Post Views: 5 Со свечена литургија со која чиноначалствуваше Aрхиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, денеска беше означен почетокот на изградбата на  комплексот „Свети Климентов универзитет“, на Плаошник во Охрид. Камен темелникот го постави премиерот на Р Македонија Никола Груевски, кој изрази задоволство што активностите за овој универзитет започнуваат точно на одбележувањето на 19-годишнината од независноста на Република Македонија.„Целиот комплекс е предвидено да биде изграден до крајот на 2014 година. Финансиските средства за неговата изградба ќе бидат обезбедени во...

Continue reading

brod

Бродот амбуланта…наскоро…

Post Views: 0 Бродот амбуланта кој требаше да биде ставен во употреба за празников, сеуште вон функција. Пловилото за чија санација беа потребни поголеми поправки и оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба.  Средства за техничко и логистичко опремување на бродот, обезбеди Локалната самоуправа од Охрид. Отаму велат дека ова амбулантно возило треба да биде спуштено во водите на Охридското езеро до крај на месец септември. Охриѓани ќе почекаат уште малку за бродот амбуланта. Пуштањето во употреба на амбулантното пловно возило кое би требало да  патролира во водите на езерото...

Continue reading

maraton

Рекордот е соборен

Post Views: 4 Одржан 25-тиот атлетски маратон во Охрид. Годинава тој беше во знакот на јубилејно издание, 25 години. Годинава жените се покажаа поуспешни од мажите со тоа што беше соборен рекордот во женска конкуренција, што мажите не успеаа во тоа само за 30 сек. Директорот на трката Влатко Димитриески рече дека оваа година атлетскиот маратон бил најмасовен. Тој кажа дека на првиот маратон кој се одржал во 1976 година стартувале само 4 атлетичари а годинава тој број е над стотина. Димитриески рече дека 30 километарската патека која не е лесна за истрчување воглавно поминала добро,...

Continue reading

evra

20 000 евра останаа во општинската каса

Post Views: 6 Поништен тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид. ТВМ за овој тендер информираше пред еден месец кога беше завршена постапката за прибирање  на понудите. Во врска со овој случај до нашата редакција стигна и интригантен допис од страна на наш граѓанин кој се осмели јавно да обелодени дека е отворена тендерска постапка под сомнителни околности и со нејасна техничка спецификација, со кој се врши обид за рекет на Локалната. ТВМ трагајќи по вистината дозна дека раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоновски воопшто не беше информиран за распишувањето...

Continue reading

soobrakaj

Експертите со различни оценки за сообраќајниот режим

Post Views: 7 Завршувањето на  примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат  различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен  режим на терен. Неодамна  раководителот на одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, за ТВМ изјави дека е задоволен од годинешното решение на летниот режим на сообраќај. Шикалоски потенцираше дека како резултат на годинешното решение на  клучните раскрсници, кај Oпштината и Домот на АРМ, годинава сообраќајот поминал  без инциденти. Експертот по сообраќај и советник,...

Continue reading

poster

Драмата „Среќни денови“ од Бекет премиерно пред охриѓани

Post Views: 1 На сцената од Центарoт за култура на 14 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Среќни денови“ на Семјуел Бекет. Станува збор за копродукциски проект, каде носители на улогите се охридските актери Јасмина Билаловиќ  и Горан Стојаноски. „Среќни денови“ е култна Бекетова драма во која се зборува за изместената хармонија на човештвото во 20 и 21 век.Во Македонија претставата „ Среќни денови“ за прв пат е поставена во  далечната  1976 година на Драмскиот театар во Скопје.  Претставата која охриѓани ќе имаат можност да ја видат е во режија на  Градимир Гојар. Познатиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top