Паѓа превезот на урбаната мафија во Охрид

На повидок тежок криминал. Се расплеткува клопчето на зделките на урбаната мафија во Охрид. Досега осомничени 5 лица од Охрид.

 |  Билјана Николовска  | 
основен суд
Основен суд Охрид

ZgradaИспливаа на површина матни зделки од урбаната сфера. Службени лица, добро познати во охриската јавност, заработија кривични пријави. Станува збор за Војне Голабоски, Љ. Василеска, Н. Николоски, В. Каневчев и Ј. Лотески. На првите тројца пријавени одредена им е мерка куќен притвор во траење од 30 дена од страна на истражен судија при Основниот Суд во Охрид. Овие лица се теретат поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според извештајот на СВР Охрид, првопријавениот Голабоски во својство на службено лице советник за правни и катастарски работи во Одделението за катастар и недвижности Охрид, со искористување на службената положба и со свесно неизвршување на службените должности, на 19.03.2009 година, донел решение со кое дозволил промена и упис на недвижен имот во катастар на земјиште на име на петто пријавениот Ј. Лотески во површина од 613 м2, иако истиот не приложил соодветни правни акти за доказ на сопственоста на имотот ниту доказ за пренесени права врз недвижноста. В.Г. на 24.04.2009 година, издал потврда за поединачно запишување на правата на недвижностите на станбен објект на ул.с „Богомилска„ од вкупно 55 станови, иако според одобрението за градба, била предвидена изградба на колективен стамбен објект со 47 станови. Со тоа, тој свесно допуштил противправен упис на 8 стана со вкупна површина од 335 м.2 овозможувајки му на 5-то пријавениот Ј.Л. противправна имотна корист од 167.5оо евра. Со цел, на Ј.Л. да му овозможи противправна корист, второ пријавената на 23.03.2009 година, искористувајки ја службената положба (виш Советник во Секторот за Урбанизам при општина Охрид), спротивно на Законот за градење, донела решение за промена на градител, и без да обезбеди доказ во управна постапка и нотарски солемнизирани договори, извршила промена на поранешниот градител „Бетон“ со физичкото лице Ј.Л. Со тоа, тој  се здобил со имотни листови и право на отуѓување на 55-те станови меѓу кои и на спорните осум станови. Третопријавениот како геометар во агенцијата за катастар за недвижности-Охрид, без писмено овластување од Агенцијата за катастар-Скопје, го заверил геодетскиот елаборат  и пописните листи изготвени од 4-то пријавениот В.К. и  овозможил поединечни уписи на правата врз 55-те станови од истата колективна стамбена зграда во корист на 5-то пријавениот.

Инаку, името на Војне Голабоски пред нецели две години беше многу споменувано во случајот со стакларот Јовче Спиркоски. Како што и е добро познато на охридската јавност Спиркоски тврдеше дека со лажна пријава и тужење Голабоски му ја зел куќата и го исфрлил на улица заедно со неговото семејство. Како што стои во тогашните изјавите на Спиркоски тој се обраќал до сите институци, но добивал третман на изманик и криминалец. Имал впечаток дека сите инситуции работат за Голабоски кој е на функција во катастарот, а него никој не го приметувал бидејќи бил обичен стаклар. Случајот на Спиркоски сеуште е без епилог и се наоѓа низ судските лавиринти. Спиркоски моментално живее во трошна куќа која се наоѓа во атарот на црквата „Св Богородица Перивлепта“ и која му е отстапена на користење колку да не е на улица.
Кривичните пријави против петмината инволвирани во најновиот случај не ги иницираа политичките партии да реагираат како што тоа вообичаено го прават кога има некој проблем, посебно од урбаната свера која и тоа како ја засега јавноста. Дејан Паноски кој е поборник против урбаната мафија во градов и често апелира да се прекине со бетонските ѕидови кои сериозно го нарушуваат природниот баланс, овој пат остана без коментар. Паноски кратко кажа дека овој случај има подлабоки корени и додека не дојде до негова разрешница не е пожелно да се коментира.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top