Post Views: 1
„Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.
„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба да...
Post Views: 15
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е во работна посета на Бразил, соопшти денеска МНР во Скопје.
На оваа прва билатерална посета на министер за надворешни работи од Република Македонија,Милошоски ќе оствари средба со својот бразилски колега Антонио де Агујар Патриота.
Се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави како и за можностите за интензивирање на соработката во повеќе области, како економија,образованието, културата и туризмот.
За време на средбата со...
Post Views: 3
Разузнувачите и аналитичарите стравуваат од потенцијалното помирување на двете најсурови организации во светот. Имено, тие велат дека Ал Каеда ги користи воздушните напади на западните сили за да им пружи “маслиново гранче” на одметнатата организација Исламска држава. Ал Каеда така сака да ги стави настрана сите недоразбирања со другата терористичка организација и да ги здружи силите во борбата против западните сили, јавува AP.
Аналитичарите со загриженост ги следи сите обиди на Ал Каеда за помирување со Исламската држава, а иако тоа не се очекува во блиска иднина, постојат...
Post Views: 2
Жителите на оваа улица извесен период реагираат на комуналните проблеми со кои се соочуваат, особено на недостатокот на уличното осветлување на дел од оваа улица.
Бројни се и оштетувањата на коловозот, а дел од оваа улица нема ни тротоари од двете страни.
Повеќе информации во „Дневникот 1“ на „ТВМ Телевизија.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Уапсена криминалната група која изврши вооружени грабежи и разбојништво во златарите во Охрид, Струга и Дебар. Како што истакна директорот на македонското биро за јавна безбедност, Митко Чавков тоа пред се се должи на добрата соработка со албанското МВР. Додаде дека успешната реализација овој случај, било резултат на брза размена на информации и заеднички оперативни активности на македонската и албанската полиција .
„Се работи за кримиална групација која што има многу поширок меѓународен аспект во кримаиналните активности според заедничките информации тие се албански...
Post Views: 1
Промотивни репортажи за Охрид ќе подготвува групата новинари од НР Кина која утрово пристигна во градов. Тие велат дека се воодушевени од убавината на езерото и богатото културно-историско наследство на Охрид. Сметаат дека она што ќе го претстават во нивните медиуми кога ќе се вратат во Кина, ќе предизвика голем интерес кај граѓаните на оваа азиска земја.
Според Рен Раи, уредник на најтиражниот весник од провинцијата Чунгчинг, оваа нивна посета ќе претставува еден мост во идната соработка помеѓу двете земји.
„Целта на нашата посета е на кинеските читатели, преку медиумите...
Post Views: 0
Шпекулациите за смартфон од Facebook се повторно актуелни и најголемата социјална мрежа наводно преговара со јужнокорејскиот Samsung за можна соработка на тоа поле.
Спрема пишувањата на јужнокорејските медиуми, шефот на Facebook, Mark Zuckerberg и неговата директорка за операции Sheryl Sandberg се сретнале со потпретседателот на Samsung, Lee Jay-Yong во Сеул, за да ја разгледаат оваа можност.
Партнерството помеѓу Facebook и Samsung би можело да има смисол, со оглед на тоа дека двете компании посредно веќе соработуваат, пишува Business Insider. Имено, Facebook го купи...
Post Views: 2
Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги покажа своите афинитети кон ракометот, а и кон фудбалот. Тој промовирајќи ги двете спортски паралелки кои оваа учебна година се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ заедно со идните ракометари и фудбалери заигра на теренот. Градоначалникот не го криеше задоволството што токму нашиот град доби можност да едуцира кадри кои подоцна ќе бидат дел од македонските репрезентации кои ќе не преставуваат во светот.
–Она што е најважно за нас е што со отварањето на овие паралелки ќе го развиваме спортскиот...
Post Views: 4
АД „Галеб“ од утре стартува со две градски линии. Со тоа конечно ќе се регулира општинскиот линиски превоз во Охрид. По пауза од година и пол повторно се воспоставени двете автобуски линии, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните посебно од периферните делови на градот, кажа раководителот на патничкиот сообраќај во АД „Галеб“, Димитар Василески .
„Населба „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември ќе се вози до пресек на бул „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ до зградата Печијаре, ќе се вози по Туристичка до кружниот...
Post Views: 4
Раководството на охридските социјалдемократи на работна средба во нивните австриски колеги од социјалдемократската партија. Австријците биле детално запознаени со моменталните состојби во СДСМ во услови на вонпарламентарни активности. Австриските социјалдемократи изразиле поддршка за нивните колеги во како што велат од СДСМ, нивните напори за демократизација на општеството, надминување на политичката криза и нормализација на политичките состојби. Австријците изразиле надеж дека политичките субјекти во земјава ќе постигнат одржлив политички договор. Двете делегации ја...
Post Views: 1
Првиот смартфон на Amazon, “Fire”, кој беше претставен оваа година, сега се нуди за 99 центи со двегодишен договор, пишува NewYork Times.
Иако на овој производ работеа илјадници работници, скоро 4, години и се очекуваше продажба помеѓу еден и два милиони апарати, се чини дека влезот на Amazon на пазарот на смартфони беше преголем залак.
Двете карактеристични функции на Fire се динамичката перспектива која пружа своевиден 3D и Firefly која овозможува скенирање на производите за полесно купување на Amazon.
Иако цената падна на 99 центи, Fire и понатаму доаѓа со едногодишен...
Post Views: 0
Од следната студентска година, 2011/2012 сите студенти од Западен Балкан плус Албанија ќе можат да студираат бесплатно на сите државни универзитети во Словенија, изјави за Макфакс, Алан Бергант, Амбасадорот на Словенија во Македонија.
„Сега сме во фаза на потпишување на спогодби помеѓу двете министерства, со вашиот министер Тодоров, и се залагаме за мобилност како на студентите така и на професорите,“ рече Бергант и додаде дека се надева дека ваквите олеснителни околности ќе овозможат подобра и подлабока соработка меѓу факултетите во двете земји.
„Се надевам дека ќе...