Утре стартува градскиот превоз во Охрид

Стартуваат двете градски автобуски линии. Превозот на патници ќе го врши  АД „Галеб“ Охрид.  Раководителот  Димитар Василески не очекува економска оправданост од овој превоз. Како што истакна, линиите се пуштаат поради општествена одговорност, со цел да им се излезе во пресрет на охриѓани. Билетот во еден правец чини 20 денари, а месечен билет е 600 денари.

 |  Николоска Биљана  | 
liniski prevoz
линиски превоз

liniski prevozАД „Галеб“ од утре стартува со две градски линии. Со тоа конечно ќе се регулира општинскиот линиски превоз во Охрид. По пауза од година и пол повторно се воспоставени двете автобуски линии, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните посебно од периферните делови на градот, кажа раководителот на патничкиот сообраќај во АД „Галеб“, Димитар Василески .

„Населба „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември ќе се вози до пресек на бул „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ до зградата Печијаре, ќе се вози по Туристичка до кружниот тек кај спортската сала, до улица АСНОМ кај социјалните згради до комплекс болници и назад кај споменатите населби. Линија 2 ќе сообраќа по „Железничка“ по „Туристичка“ кај плаво бели до гимназија до пресекот на „Јане Сандански“ „Туристичка“ комплекс болници, „Питу Гули“ до автобуска“.

liniski prevozКако што најави Василески, двете градски линии се специфични бидејќи ќе се возат по 37 тури дневно, по симболични суми. Неговите очекувања за економската оправданост на еден ваков потег од страна на неговата компанија се песимистички.

„Очекувам дека нема да се економски оправдани и во една рака направени се од една општествена одговорност, на нашата фирма која е најголема фирма во градов и регионов, линииве се направени само да им излеземе во пресрет на граѓаните. Цената ќе е симболична 20 денари еден возен билет, 600 денари ќе изнесува еден месечен билет“ – потенцира Василески.

Василески нагласува дека градскиот превоз ќе можат да го користат и учениците како надополнување на посебниот ученички превоз и оваа линија за нив ќе биде бесплатна.
Градски превоз нема да има само во ден недела, но според Василески и тоа е променливо во зависност од потребите на граѓаните. Возниот ред веќе е утврден, започнува од 5 и 30 наутро и превоз ќе има на секој половина час, до 23:00 часот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top